Лицата на жртвите во Украина
Руските трупи убија младо девојче и нејзината баба во гранатирањето на регионот околу Харков. Како што јавија украинските медиуми нивните тела биле извлечени од урнатините на куќата. Ова се само дел од лицата на жртвите во Украина, кои не се само бројки туку и човечки судбини, постигнувања, надежи, амбиции…

Меѓу тие лица, жртви на војната, е и Јулија Здановска, 21 година. Таа беше една од најдобрите европски млади математичари, победник на Европските олимписки игри по математика во 2017 година. Загина во гранатирање на Карков пред некој ден.

Две млади девојки беа заробени, мачени, силувани и убиени. Едната од нив беше доктор, другата беше научник и имаше докторат.
Во Мариупол се случува хуманитарна катастрофа, бидејќи нема струја, греење, храна и вода, а болниците се уништени. Во градот умре уште едно дете, не од бомби туку од дехидрација. Сите обиди за испорака на храна, вода и лекови беа блокирани од руската армија.

Во Буча, Анастасија Јаланска, 26,вработена во ИТ секторот, со двајца пријатели загина од снајперисти додека се враќаше од шелтер за кучиња на кои им носеле храна да преживеат.
Другите, што беа посреќни, имаат траги од бомбите на лицата, телата и во психата.
