„Знаевме дека мали се шансите Ѓоковиќ да игра во Америка“


  Тенисерот Новак Ѓоковиќ ќе пропушти два Мастерс турнири до крајот на овој месец. Пред се Мастерсот во Индијан Велс, кој почнува денеска, а потоа и оној на Флорида, во Мајами, два турнира на кои во минатото имаше многу успех. Сега нема да биде во можност да освојува голем број бодови, што ќе се одржази […]

Првиот трејлер за „Оби-Ван Кеноби“ го открива враќањето на Јуан Мекгрегор во „Војна на ѕвездите“ – и младиот Лук Скајвокер


САД– Ова е дефинитивно шоуто „Војна на ѕвездите“ што го бараме. Отворајќи ги месеците на исчекување, Лукасфилм го пушти првиот тизер за Оби-Ван Кеноби, претстојната серија на Дизни+ што го враќа Јуан Мекгрегор во далечната, далечната галаксија на Џорџ Лукас за прв пат по Одмаздата на Ситовите во 2005 година. А Мекгрегор не е единствениот […]

„Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ вечер во МНТ


Во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, а во изведба на Скопје танцовиот театар, вечер во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе се изведе претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“. Претставата се изведува пред заминувањето на танцовиот театар за Париз, Франција, каде што ќе има гостување на сцената на еден од најпрестижните светски театари, […]

Нема вакцина, нема Индијан Велс, ниту Мајами за Ѓоковиќ


Новак Ѓоковиќ изјави дека нема да може да се натпреварува на тениските турнири на тврда подлога во Индијан Велс, Калифорнија, или Мајами бидејќи е невакциниран и не може да патува во САД. 20-кратниот грен слем шампион во средата твитна дека Центрите за контрола на болести „потврдиле дека прописите нема да се менуваат, така што нема […]

Украинските власти отвараат седум хуманитарни коридори, еден од нив од градот Мариупол


Украина соопшти дека отвора седум хуманитарни коридори, од кои еден од Мариупол, во моменти кога стигнуваат информации дека руските трупи имаат воспоставено контрола врз одредени делови на градот. Информацијата за отворањето на седумте коридори ја соопшти украинскиот-заменик премиер, додека гувернерот на Суми соопштува дека три колони со бегалци се евакуираат од градот откако е прогласен […]

„Печат на времето“ – нова концертна сезона на „Танец“


Со денешниот концерт во Делчево, по подготовките во сѐ уште важечките сложени епидемиолошки услови, Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ ја најавува својата богата и динамична домашна и меѓународна концертна сезона, насловена „Печат на времето“. Како што информираат од „Танец“, новата сезона, ансамблот ќе ја започне токму во Делчево, во чест на 150 […]

Генералниот секретар на ОН: Прекинете го крвопролевањето, веднаш!


Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го осуди бомбашкиот напад на детската болница и родилиштето во Мариупол нарекувајќи го страшно. Украина ја обвини Русиј дека ја бомбардирала болницата кога требало да има прекин на огнот. Во нападот ранети се најмалку 17 луѓе. Today's attack on a hospital in Mariupol, Ukraine, where maternity & children's […]

(Видео)Два лава од Украина сместени во Белгија


 Лавовите близнаци Цар и Џамил, родени во јануари 2021 година, требаше да бидат преместени во Белгија во мај, откако украинските власти ги конфискуваа од приватни сопственици кои се однесувале лошо со нив. Но, руската инвазија на Украина значеше дека преместувањето мора да се случи веднаш, оти гранатирањето на Киев, каде што беа задржани, им предизвика […]

„Амазон“ целосно се повлече од Русија


Глобалната онлајн компанија „Амазон“ го прекина пристапот до својата видео платформа Amazon Prime во Русија и повеќе нема да испорачува нарачки на клиентите во Русија и Белорусија, соопшти компанијата. Исто така, веќе нема да може да се купи нивната неодамна објавена видео игра Нов свет во Русија. „Амазон“ на тој начин се повлече од Русија. […]

(Видео) Погледнете како Украинците со раце и шише вода деактивираат руска бомба


Деактивирање на бомбата со голи раце и шише вода? Иако звучи неверојатно, тоа го направиле двајца украински експерти за отстранување експлозиви. Видеото набрзо се прошири на социјалните мрежи, а досега е прегледано повеќе од 1,9 милиони пати. За тоа зборуваше и Чарлс Листер, висок соработник и директор на програмата за Сирија и борбата против тероризмот […]

Планирани три коридори за евакуација од Суми во североисточна Украина


Украинските власти планираат денеска да отворат три коридори за напуштање од регионот Суми во североисточна Украина, според шефот на регионалната администрација Дмитро Живицки. Коридорите треба да ги водат луѓето на безбедно во Полтава во централна Украина, околу 170 километри јужно од Суми, објави Живицки на Телеграм. Тој рече дека е планиран прекин на огнот во […]

Берлин ќе издвои еден милион евра за помош на украинските уметници


Германската федерална Влада и регионалните власти планираат да им помогнат на украинските уметници во услови на руска инвазија врз нивната држава, јави ДПА. – Многу интензивно разговаравме заедно со регионалните министри за култура што може да се направи веднаш, а особено да им се помогне на украинските уметници, изјави федералната министерка за култура Клаудија Рот […]

Австралија ќе потроши 38 милијарди австралиски долари до 2040 година за одбрана


 Австралија ќе потроши околу 38 милијарди австралиски долари до 2040 година за да го прошири својот активен одбранбен персонал за една третина, со цел да ја одржи земјата безбедна „во сè понеизвесната глобална средина“, објави премиерот Скот Морисон. Австралија ги зголемува своите трошоци за одбрана во изминатите неколку години додека Кина сака да го зајакне […]

На Попова Шапка -14 степени и 64 сантиметри снег


Најстудено утрово е на Попова Шапка каде што се измерени -14 степени, во Маврово е -12, Крушево – 10, Берово и Крива Паланка -7, Битола и Охрид -6, Прилеп – 5, Штип и Демир Капија -4, Струмица и Куманово – 3, Скопје и Тетово -2,  Гевгелија -1 и во Дојран нула степени. УХМР информира и […]

УНИЦЕФ: Од Украина евакуирани повеќе од милион деца


Повеќе од милион деца се евакуирани од Украина во соседните земји за помалку од две седмици од почетокот на оружениот конфликт во таа земја, изјави Кетрин Расел, извршната директорка на УНИЦЕФ. Според неа, во конфликтот се убиени најмалку 37, а повредени 50 деца. Раселсо згрозување го осуди пријавениот напад врз детската болница во Мариупол и […]

Сите граѓани на Украина ќе можат да користат оружје за време на воена состојба


Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон со кој на сите граѓани на Украина им се дозволува да користат оружје за време на воена состојба. „За време на периодот на воена состојба, граѓаните на Украина можат да учествуваат во отпорот… користејќи сопствено оружје, спортско оружје ловечки пушки и комбинирана муниција“, рече Зеленски. Текстот на законот е […]

Украина подготвува потенцијален трансфер на чувствителни податоци во друга земја


Украинската влада се подготвува за потенцијалната потреба да ги премести своите е-податоци и сервери во странство доколку руските   сили навлегуваат подлабоко во земјата, изјави   висок функционер за кибер безбедност. Виктор Жора, заменик-началникот на украинската Државна служба за специјални комуникации и заштита на информации, нагласи дека неговиот оддел планира справување со непредвидени настани, и дека Украинците […]

Расте бројот на заразени со коронавирус во Англија кај лица над 55 години


Бројот на случаи на Ковид-19 расте кај луѓето постари од 55 години во Англија, а зголемените социјални контакти, губењето на заштитата од „засилувачки“ дози и уште позаразните подваријанти на Омикрон доведуваат до зголемени хоспитализации, покажува студија објавена денеска. Премиерот Борис Џонсон во февруари ги укина неодамнешните ограничувања, вклучително и барање за самоизолација по позитивен тест […]

Нова методологија за проценка на епидемиолошкиот ризик, во училиште и понатаму со маски


Комисијата за заразни болести  предлага нова методологија за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик. Останува на ставот дека е рано да се размислува за укинување на мерката носење заштитни маски во училиштата поради, како што велат, малиот процент на целосно вакцинирано население. Продолжува намалувањето на активните ковид случаи во државата чиј број, како што информираа […]

Почнува одбележувањето 79 години од депортацијата на македонските Евреи


Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија (ФХЕМ) со повеќе комеморативни настани во Скопје, Битола и Штип, од денеска до 14 март ќе одбележат 79 години од холокаустот на 7.144 македонски Евреи, кои на 11 март 1943 година биле собрани од нивните домови и потоа депортирани во логорот на […]