Челзи во Абу Даби го освои единствениот трофеј што му недостасуваше, убиен навивач на Палмеирас


Челзи ја продолжи победничката серија на европските екипи во финалињата на Светското клупско првенство и со саботниот триумф над бразилски Палмеирас 2-1 (1-1,0-0) го освои единствениот трофеј што му недостасуваше во клупските витрини. До својот дебитантски трофеј во натпреварувањето во организација на ФИФА, фудбалерите на Челзи дојдоа по продолжение во финалето во Абу Даби, во […]

ЗОИ: Трето злато за Норвежанката Ројселанд, драма за бронзата на 10 километри


Норвешката биатлонка Марте Олсбу Ројселанд во својот четврти настап на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг го освои денеска четвртото одличје, а трето злато, убедливо триумфирајќи во трката на 10 километри. До својот вкупно шести олимписки медал во кариерата најдобрата светска биатлонка дојде со предност од 1:36.5 минути пред Швеѓанката Елвира Оеберг, која го освои среброто. Трката […]

Бесими: Развојот на пазарот на капитал дел од планот за постигнување стапки на економски раст од 5 отсто на среден рок


Придобивките за стопанството и економијата од либерализацијата на финансиските пазари и мобилизирање на средствата се огромни. Преку мобилизирање на капиталот и негово алоцирање кон попродуктивни позиции: нови проекти, стартапи, извозни компании, мали и средни претпријатија, се поддржува економската активност и поттикнува растот. Оттаму, развојот на пазарот на капитал ќе одигра многу важна улога во забрзувањето […]

Во Украина има стотина македонски државјани, Османи апелира да се вратат дома


Околу сто македонски државјани има во Украина во моментов, а Министерството за надворешни работи има неколку планови за различни активности и за различни сценарија кои би можело да се одвиваат во наредниот период во таа земја, рече министерот Бујар Османи денеска на брифинг за актуелните случувања. Има четири категории наши државјани во Украина – во […]

Приведени четворица крадци, фатени на дело во круг на фабрика


Полициски службеници од Полициска станица Гази Баба вчера во 11.30 часот во круг на фабрика ги лишиле од слобода С.И.(27), А.М.(28), С.А.(32), сите од Скопско и Џ.К.(43) од Куманово кои биле затекнати при извршување кривично дело „кражба“. -Украдените предмети се пронајдени во патничкото возило „југо“, со скопски регистарски ознаки, со кое ја извршиле кражбата и се […]

Макрон во Москва сретнал друг Путин, потврд и опседнат со историја


  ПАРИЗ – Рускиот претседател Владимир Путин помина голем дел од неговите маратонски разговори со Емануел Макрон оваа недела за кризата во Украина, кажувајќи поплаки кои датираат од крајот на Студената војна, рекоа два извори од опкружувањето на францускиот лидер. Во првото детално читање на состанокот во Москва во понеделникот од француската делегација, изворите рекоа […]

ЗОИ: Русите убедливо до златото во штафетата 4×10 километри


Руската штафата го освои златото на денешната трка 4×10 километри на Зимските олимписки игри (ЗОИ), триумфирајќи во доминантен стил пред Норвешка и Франција Веќе во првата измена Алексеј Червоткин и донесе предност на Русија од 12 секунди, а Александер Болшунов, кој го освои своето второ злато во Пекинг, предноста дополнително ја зголеми. Во последната измена, […]

Деветнаесет кандидати во трката за градоначалник во шест општини во Албанија


На предвремените делумни избори за градоначалник во шест општини во Албанија во трка се 19 кандидати од три политички партии и една изборна коалиција, соопшти Централната изборна комисија(ЦИК). Според комисија во трка се кандидатите на владејачката Социјалистичка партија (ПС) на Еди Рама, опозициската Демократска(ПД) на Љуљзим Баша и партијата Ново демократско движење (ЛРЕ) на Ариан […]

Влхова предвреме го заврши учеството на ЗОИ поради повреда


Победничката во слалом Петра Влхова предвреме ги заврши настапи на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг и поради повреда нема да се појави во трките во спуст и во алпска комбинација, во која беше меѓу главните конкурентки за златното одличје. Словачката скијачка ги откажа двата настапи поради воспаление на тетивата на левиот скочен зглоб и […]

ЗОИ: Златото во велеслалом за Швајцарецот Одермат, сребро за Словенецот Жан Крањец


Швајцарецот Марко Одермат го освои златниот медал на денешната трка во велеслалом на 24. Зимски олимписки игри во Пекинг и со тоа ја потврди својата доминација во оваа алпска дисциплина. Сребрениот медал го освои Словенецот Жан Крањец, кој заосатна 19 стотинки зад Одермат, додека до бронзата дојде Французинот Матје Февр со заостанување од 1:34 минути […]

Бајден и и Путин зборуваат, но не се слушаат


  ВАШИНГТОН – Претседателот Џо Бајден му рекол на рускиот Владимир Путин дека инвазијата на Украина ќе предизвика „големо човечко страдање“ и дека Западот е посветен на дипломатијата за да се стави крај на кризата, но „подеднакво подготвен за други сценарија“, соопшти во саботата Белата куќа. Тоа не понуди сугестија дека едночасовниот повик ја намалува […]

Песков: Европа скапо го плаќа гасот затоа што ги одбива долгорочните договори


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Европејците се откажале од долгорочната и пазарната интеракција кога станува збор за снабдувањето со енергенси и дека сега се принудени поскапо да плаќаат за гасот. Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин кажал дека сите енергетски интеракции на Русија во областа на снабдувањето со енергенси треба да […]

Блинкен ја обвини Северна Кореја дека е во „фаза на провокација“ поради тестирањето оружје


Северна Кореја е во „фаза на провокација“ со нејзините неодамнешни тестирања на балистички ракети, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Блинкен и неговите јужнокорејски и јапонски колеги, Чунг Еуи-јогн и Хајаши Јошимаса, вчера на состанокот во Хололули, на Хаваи, го потврдија своето единство против севернокорејската закана. Пјонгјанг треба да ги „запре нелегалните активности и да […]

Над илјада повици на бројот 112 од пуштањето во употреба во петокот


Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов утрово го посети Секторот 112 во рамки на ЦУК и од  дежурниот сменоводител и примателите на итни повици бил запознат со тековната работа, како и со почетните проблеми со коишто се соочува новиот Сектор 112. ЦУК информира дека во петокот, кога бројот за итни повици 112 беше […]

Временските услови погодни за резидба на лозата и овошките


Стабилизирањето на времето, со повремена облачност и услови за повремен дожд, ќе им овозможи на земјоделците и иднава недела да проодлжат со резидба на виновата лоза и овошките. Според агрометеоролозите, времето ќе биде погодно и за подготовка на површините во пластеничкото проиводство, како и за евентуално прихранување на есенските посеви. -Нареднава седмица се очекува стабилизирање […]

Германија го губи трпението поради руското лобирање на екс-канцеларот


Блиското пријателство на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер со претседателот Владимир Путин и неговите профитабилни деловни односи со Русија со години неволно се толерираат во Германија. Но, додека заканувачките облаци се надвиснуваат над Украина, а сојузниците ја доведуваат во прашање решителноста на Германија, Шредер се повеќе се смета за потенцијален товар за новиот канцелар и […]

Изгоре куќа во Скопје, сопствениците се сомневаат дека пожарот е подметнат


Куќа на ул. „1737“ во близина на Адвокатската улица во Скопје изгоре во пожар што избувнал ноќеска. Во Пожарна бил пријавен во 3.20 часот и интервенирале 13 пожарникари со шест возила. Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, за МИА изјави дека пожарот зафатил површина од околу 350 квадратни метри и дека […]

Во затвор во Никарагва почина сандинистичкиот херој Хуго Торес


Поранешниот херој на сандинистичката герила, Хуго Торес, кој последните години се бореше против актуелниот претседател на Никарагва, Даниел Ортега, а за кого своевремено го ризикуваше својот живот, вчера почина во затвор на 73-годишна возраст. Затворен на 13 јуни минатата година во познатиот затвор „Ел Чипоте“ во Манагва, Хуго Торес Хименез беше еден од 46-те политички […]

Демонстрантите не отстапуваат, и натаму блокиран сообраќајот меѓу САД и Канада


И синоќа продолжија судирите меѓу канадската полиција и демонстрантите, кои го блокираа клучниот мост кон САД, и тоа повеќе од седум часа откако властите во воведоа вонредна состојба и одлучија да ја прекинат блокадата на овој важен трговски коридор. Демонстрантите против строгите владини ограничувања наметнати од пандемијата, го зазедоа и пет дена го држат под […]