ЗОИ: Русите убедливо до златото во штафетата 4×10 километри


Руската штафата го освои златото на денешната трка 4×10 километри на Зимските олимписки игри (ЗОИ), триумфирајќи во доминантен стил пред Норвешка и Франција

Веќе во првата измена Алексеј Червоткин и донесе предност на Русија од 12 секунди, а Александер Болшунов, кој го освои своето второ злато во Пекинг, предноста дополнително ја зголеми.

Во последната измена, Русинот Сергеј Устигов влезе со 50 секунди предност пред Норвежанецот Јоханес Клаебо, до крајот на трката го одби францускиот напад и мина низ целта со заостанување зад победниците од една минута и седум секунди, и дојде до своето трето одличје во Пекинг, по златото во спринтот и бронзата на 15 километри класичен стил.