Маските се враќаат во Венеција


Италија– Откако италијанските власти го откажуваа поради пандемијата изминативе две години, традиционалниот Венецијански карневал се враќа на сцената, иако со одредени ограничувања. Прославата се одржува под слоганот „Запомни ја иднината“, инспириран од цитат на Салвадор Дали. Ќе има и виртуелен дел што ќе може да се следи на интернет. Овогодишниот маскенбал се организира во време кога […]

Камила на Чарлс позитивна на Ковид-19, иако е вакцинирана со три дози


Англија – Сопругата на британскиот принц Чарлс, Камила, е заболена со коронавирус. Пред неколку дена и принцот беше позитивен на Ковид-19, а моментално двајцата се наоѓаат во изолација, објави Скај њуз. Камила (74) примила три дози вакцина против Ковид-19, соопштија кралски извори. Камила и Чарлс биле во контакт со кралицата Елизабета Втора, но засега таа нема […]

Инвеститорите купуваат американски долари, јени и швајцарски франци


Глобалните инвеститори денеска побрзаа да купат американски долари, јапонски јен и швајцарски франк како сигурни средства, поради психозата дека Русија наводно се подготвува да ја нападне Украина, што доведе до зголемување на вредноста на тие валути. Тој тренд на девизните берзи дојде еден ден откако САД објавија дека Русија во секој момент може да ја […]

Цената на нафтата под 94 долари за барел по навестувањата за отстапки на Украина кон Русија


Цените на нафтата паднаа под 94 долари денеска, откако Украина навести можни отстапки за Русија, што ќе ги намали тензиите меѓу двете земји и заканите со санкции за рускиот извоз на нафта. На лондонскиот пазар цената на барелот попладне падна за 81 цент од претходното блиску до 93,63 долари, откако накратко го достигна највисокото ниво […]

Нови 21 починати од корона вирусот


Во последните 24 часа направени се 1.707 тестови, а регистрирани се 465 нови случаи со Ковид-19, 20 починати и 1.880 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од 465 новозаболени од Скопје се 341, Кавадарци – 21, Струмица – 19, Штип – 15, Куманово – 13, Охрид – 11, Прилеп – 6, Гостивар – 5, Велес, […]

Зеленски не сака да се откаже од членството на Украина во НАТО


  Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изрази очекување дека Русија ќе преземе јасни чекори кон деескалација на кризата со Украина. Шолц истакна дека Германија и нејзините западни сојузници се подготвени за сериозен дијалог со Русија за европската безбедност. -Подготвени сме за сериозен дијалог со Русија за европските безбедносни прашања, рече Шолц на прес-конференција по средбата […]

Наставнички пленум бара покачување на платите во образованието од 1 март


Наставничкиот пленум бара зголемувањето на платите за вработените во образованието од 7 отсто, кое е предвидено со годинашниот Буџет, согласно со колективниот договор и поврзано со покачувањето на минималната плата, да се пресметува и реализира од 1 март 2022. Во барање до ресорниот министер Јетон Шаќири, Пленумот наведува дека просветните работници се незадоволни и се […]

Обединетото Кралство и Франција ќе ги прифаќаат нашите ковид-сертификати, без тестирање


Со новите Ковид протоколи во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, целосно вакцинираните лица, согласно утврдените британски правила за вакцина-сертификат, повеќе нема потреба да прават тест за Ковид-19 ниту пред, ниту откако ќе пристигнат во ОК. Но, останува обврската за пополнување на формуларот за лоцирање на патници. ОК го прифаќа нашиот сертификат за […]

Секоја недела во „Спорт лајф“: акција за најмногу погодени натпревари на тикет


Во Sport Life стартуваше акцијата за најмногу погодени натпревари на тикет:  „до 50 шанси за 100 000 денари“ . Истата ќе трае од 31 јануари до 27 февруари оваа година, и ќе се одвива низ 4 неделни етапи, од понеделник до недела. Во тој период, во секоја одделна етапа, Sport Life ќе доделува вредни подароци […]

Во тек скрининг-тестирањето за Ковид-19 за проценка на имунитетот на населението


Во центарот на Скопје на улица „Македонија“ и на уште четири локации, во тек е скрининг-тестирањето по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на Ковид-19 има населението во земјава за да и помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните мерки. За серолошката ковид – анализа […]

Мицкоски се жали дека дотациите кон општините се екстремно намалени


Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се пожали дека и покрај енергетската и економската криза, дотациите кон општините се намалени во споредба со претходните години кога на чело на локалната самуправа биле градоначалници од редовите на СДСМ. „Погледајте ги трансферите и дотациите кои што оваа власт ги прави во изминативе четири години пред оваа […]

Гнев на Олимпијадата по дозволата Камила Валиева да се натпреварува


  Зимските игри во Пекинг влегоа во гнев и фарса во понеделникот, откако на 15-годишната руска лизгачка Камила Валиева и беше дозволено повторно да се натпреварува и покрај позитивниот допинг тест. Во многу очекуваната пресуда, Судот за спортска арбитража рече дека има „исклучителни околности“ околу случајот на Валиева и дека забраната доколку трае „ќе ѝ […]

Традиционално закројување на винова лоза во винарница „Стоби“


По по­вод праз­ни­кот Све­ти Три­фун, во ви­нар­ни­ца­та „Сто­би“ по 13-ти пат се одр­жаа тра­ди­ци­о­нал­но­то за­кро­ју­ва­ње и осве­ту­ва­ње на ви­но­ва­та ло­за. И оваа го­ди­на, за раз­ли­ка од прет­ход­ни­те, по­ра­ди мер­ки­те за за­шти­та од ко­вид-19, на тра­ди­ци­о­нал­но­то за­кро­ју­ва­ње на лоз­је­то изо­ста­ну­ва­ше ма­сов­но­то при­сус­тво на гра­ѓа­ни, кои со иск­лу­чи­тел­но ква­ли­тет­но ви­но, бо­га­та тр­пе­за и уба­ва му­зи­ка се тра­ди­ци­ја […]

Опожарена трска кај Извидничкиот центар во Струга


Околу 400 квадратни метри трска во водите на Охридското Езеро изгореле во пожар во близина на Извидничкиот центар во Струга, соопшти денеска СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски информира дека пожарот во полиција бил пријавен 46 минути по полноќ на 13 февруари. Изгаснат е со инетрвенција на Територијалната против пожарна единица од Струга. – Во Одделението […]

Максим Димитриевски чекал да види какви се капацитетите на Ковачевски


  Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски вели дека не видел обединување во СДСМ, туку само празна реторика. Димитриевски кој сега во Куманово е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, во разговорот за „Студио 10“ на ТВ24 рече дека во неговата донеаодамнешна партија немало промени ниту во кадрите, ниту во начинот и пристапот како се работи. „Сметам […]

Лавров го советува Путин да продолжи да разговара


  Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, му предложи на претседателот Владимир Путин Москва да продолжи по дипломатскиот пат во напорите да извлече безбедносни гаранции од Запад. Лавров се сретна со Путин во понеделникот и рече дека Москва треба да го продолжи дијалогот со Западот, иако одговорите од Европската унија и воената алијанса […]

ЗОИ: Австрија победник во екипни скокови на големата скокалница


Ски-скокачите на Австрија го освоија златниот медал екипно на големата скокалница на Олипмијадата во Пекинг. Иако по првата серија во водство беше репрезентацијата на Словенија со девет бодови предност, во втората серија Австријците имаа подобри скокови и на крајот заслужено се најдоа на првото место. Златото на Австрија и го донесоа Стефан Крафт, Даниел Хубер, […]

Минималната синдикална кошничка за јануари 35.811 денари


Минималната синдикална кошничка за јануари годинава изнесува 35.811 денари и е зголемена за 770 денари во споредба со декември 2021 година, информира Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Во Синдикалната кошничка најголемо учество од 15.317,93 денари или 42,77 отсто имаат исхраната и пијалаците, со 11.447,24 денари, односно 31,97 отсто учествува домувањето, хигиената е застапена со […]

Милевски го нарече „штетник и срам за Црквата“ владиката Агатангел


Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски денеска, на манифестацијата во градот Кавадарци по повод одбележување на големиот христијански празник Св.Трифун,  го нарече вулгарен настапот на владиката Агатангел. -Жалам што оваа манифестација се претвори во партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ и што се сведе на еден вулгарен настап. Владиката Агатангел го навреди голем дел од македонското население […]

Комисии во Собранието не работат со месеци, ВМРО-ДПМНЕ не гледа кај себе вина


  Седум комисии во Собранието на Македонија со месеци не одржуваат седници и практично се нефункционални бидејќи има недоразбирање помеѓу СДСМ и коалициските партнери и од другата страна ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, денес негираше дека опозицијата сноси одговорност за тоа. „ВМРО-ДПМНЕ во ниту еден случај не ја блокира работата на Собранието. […]