ЗОИ: Австрија победник во екипни скокови на големата скокалница


Ски-скокачите на Австрија го освоија златниот медал екипно на големата скокалница на Олипмијадата во Пекинг.

Иако по првата серија во водство беше репрезентацијата на Словенија со девет бодови предност, во втората серија Австријците имаа подобри скокови и на крајот заслужено се најдоа на првото место.

Златото на Австрија и го донесоа Стефан Крафт, Даниел Хубер, Јан Херл и Мануел Фетнер.

Резултати на трите првопласирани селекции:
1. Австрија 942,7 бодови
2. Словенија 934,4
3. Германија 922,9 бода.