Традиционално закројување на винова лоза во винарница „Стоби“


По по­вод праз­ни­кот Све­ти Три­фун, во ви­нар­ни­ца­та „Сто­би“ по 13-ти пат се одр­жаа тра­ди­ци­о­нал­но­то за­кро­ју­ва­ње и осве­ту­ва­ње на ви­но­ва­та ло­за. И оваа го­ди­на, за раз­ли­ка од прет­ход­ни­те, по­ра­ди мер­ки­те за за­шти­та од ко­вид-19, на тра­ди­ци­о­нал­но­то за­кро­ју­ва­ње на лоз­је­то изо­ста­ну­ва­ше ма­сов­но­то при­сус­тво на гра­ѓа­ни, кои со иск­лу­чи­тел­но ква­ли­тет­но ви­но, бо­га­та тр­пе­за и уба­ва му­зи­ка се тра­ди­ци­ја и бе­лег на за­кро­ју­ва­ње­то во ви­нар­ни­ца­та. Овој пат од­ме­ре­но и ди­скрет­но, но со ви­со­ка до­за на ду­хов­ност и по­све­те­ност кон ви­но­то и фи­ло­зо­фи­ја­та на „Сто­би“, за­кро­ју­ва­ње­то се одр­жа во при­сус­тво на сопс­тве­ни­кот со бли­ско­то се­мејс­тво и ра­ко­вод­ни­от тим на ви­нар­ни­ца­та.

– Овој ден за нас е посебен, 13 – та година по ред го славиме овој за нас значаен празник, воедно и роденден на Винаријата. Се надеваме на бериќетна година, и следната да го прославиме заедно со сите љубители на вино овој ден Св. Трифун, истакна сопственикот на винарија Стоби, Минчо Јорданов.

Генералниот директор на холдинг компанијата „Перминдекс“, за винарницата „Стоби, млекарницата „Галичник“, „Црвени Брегови“ и „Вардар Градско“, Никола Деребанов објаснува дека иако веќе втора година изминува откако нашата земја и светот се во пандемија, која создаде големи предизвици и проблеми во нормалното функционирање на бизнисите, сепак, тоа не влијаело на пласманот и извозот на вината произведени во винарница „Стоби“ која и понатаму работи успешно.

Воедно Деребанов посочи дека од оваа година започнува лансирањето на нова линија на вина наречена „Македон“.

– Новата линија на вина го носи името „Македон“ и дел од нив веќе можат да се дегустираат во некои од нашите поекслузивни ресторани, хотели или кафулиња. Засега „Македон“ вината ќе можат да се купуваат само во ХОРЕКА секторот, а истите во текот на оваа година ќе почнеме да ги пласираме и на сите извозни пазари каде веќе извезуваме од нашата широка палета на вина. Конкретно „Македон“ вината веќе неколку години се произведуваат, но првично беа наменети за извоз само во САД. Сега ќе го прошириме пласманот на вината и се надевам на успех и прифаќање од љубителите на вината како и досега, појаснува Деребанов.

Иа­ко оваа го­ди­на тра­ди­ци­о­нал­на­та ма­сов­ност на прос­ла­ву­ва­ње изо­ста­на, се­пак, винарница „Стоби“ со желба да ја одржи и оваа традиција, организираше разно промоции на виното низ земјата.

Винариница „Стоби“ годишно произведува 4,5 милиони литри високо квалитетно вино, од кои само 24 отсто се пласираат на домашен пазар, а дури 76 проценти се наменети за извоз на 18 пазари од регионот и светот. Најголеми извозни пазари се Кина, Сад и Русија, но значителна продажба остваруваат и во европски држави Холандија, Данска, Белгија и земјите од регионот.