ЕФН: Затворањето на РТ и Спутник во ЕУ не е најдобра стратегија против дезинформацијата


Откако Европската Унија вчера најави дека на руските медиуми поддржани од власта ќе им биде забрането да емитуваат на европско тло, Европската федерација на новинари (ЕФН) предупредува дека ова може да биде контрапродуктивно, јави дописничката на МИА од Брисел. Војната во Украина е и информациска војна, посочи шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел. За Европската […]

„Македонска глаголица. Македонска кирилица“ – изложба на Лазе Трипков и Ласко Џуровски


Во галеријата во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечер ќе биде отворена „Македонска глаголица. Македонска кирилица“ – изложба на авторите Лазе Трипков и Ласко Џуровски. Изложбата се осврнува кон најзначајните столбови на македонскиот јазик и култура – глаголицата и кирилицата. Изложбата претставува празник, чествување на глаголицата и кирилицата. Првата – запретана во нашето далечно средновековие под […]

Опожарени три контејнери во текот на викендот


Во текот на изминатиов викенд, непознати сторители опожариле три сада за одлагање отпад лоцирани на булеварот „Крсте Мисирков“, во близина на Бит Пазар. Опожарените контејнери биле со зафатнина од 3,2 м3 и сите се целосно уништени и неупотребливи, информираа од „Комунална хигиена“. Од почетокот на годинава беа опожарени вкупно девет пластични контејнери поставени на јавни […]

Пресуди за обвинетите кои признаа вина во случајот „Титаник“


Во Основниот Кривичен суд – Скопје денеска ќе бидат објавени пресудите за дел од обвинетите кои признаа вина во случајот „Титаник“. Мартин Протуѓер, Миле Јанакиески, Катерина Веловска, Гордана Јанкулоска, Мунир Пепиќ, Билјана Бришковска-Бошкоски, Кирил Тодоровски и Коста Митроски се обвинетите кои признаа вина и од судот побараа, при изрекувањето на пресудата, да ги има предвид сите […]

Атал: Исклучена е можноста Франција да испрати војници во Украина


Франција– Како што руската офанзива се интензивира во Украина, портпаролот на француската Влада, Габриел Атал, во програмата „Политички прашања“ на Франс Инфо и Франс Интер, изјави дека Франција ја исклучува можноста од испраќање француски војници во Украина, јави дописникот на МИА. Тој, меѓутоа, нагласи дека земјата веќе им дава материјална поддршка на Украинците. -Испорачавме оружје, продолжуваме […]

НБ: Не се очекуваат директни, но можни се индиректни последици од случувањата во Украина


Треба да се продолжи со внимателно следење на ситуацијата, која се менува од час во час. Со оглед на малата поврзаност на нашата економија со економиите на Русија и Украина, не се очекуваат директни последици, но можни се индиректни. Најновите случувања влијаат особено на глобалните пазари на енергенси и храна, што заедно со сè поголемата […]

Најмалку осум жртви во поплави во Австралија


Најмалку осум лица загинаа во поплавите што зафатија делови од Бризбен, третиот најнаселен град во Австралија. Поплавите во и околу Бризбејн се најлошите од 2011 година кога градот со 2,6 милиони жители беше погоден од поплава опишана како настан што се случува еднаш во векот. Во поплавата денеска загина 50-годишен маж кој се удавил додека возел автомобил јужно од Бризбен, соопшти полицијата во […]

„Нокиа“ наскоро ќе го претстави својот прв лаптоп


„Нокиа“ е позната по создавањето на некои од најиздржливите телефони, а компанијата наскоро ќе дебитира на друг пазар. Првиот лаптоп на „Нокиа“ ќе биде „PureBook Pro“, кој ќе има елегантен дизајн, процесор „Intel Core i3“ од 12-та генерација и прифатлива цена. Иако овие лаптопи ќе го носат брендот на „Нокиа“, тие ќе бидат дизајнирани од […]

Доставена хуманитарната помош од Грција за Украина


Грција секогаш на вистинската страна на историјата! Мисијата е завршена, напиша на социјалните мрежи грчкиот заменик-министер за одбрана Никос Хардаљас, откако хуманитарната помош од Грција за Украина, пристигна во Полска, јави дописничката на МИА од Атина. Хардаљас ја предводеше грчката делегација што пренесе медицински материјали и продукти за основни потреби, а хуманитарна помош со воени […]

Вкупно 57 санкционирани возачи во општина Кисела Вода


Санкционирани се 57 возачи при контрола на сообраќајот на територија на Град Скопје, поточно во општина Кисела Вода вчера од 16 до 20 часот. Како што соопшти МВР, 15 возачи биле казнети за возење повеќе од дозволената брзина , двајца возеле без возачка дозвола, еден со истечена важност на сообраќајната дозвола… -Засилените акциски сообраќајни контроли […]

Франција испрати 33 тони хуманитарна помош за Украина


 Франција испрати 33 тони хуманитарна помош во Полска за да им помогне на Украинците, рече министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан, а повеќе од 30 тони материјал, исто така, ќе заминат за Молдавија на почетокот на неделата, јави дописникот на МИА. -Веќе испративме 33 тони помош во Полска, каде што илјадници украински бегалци избегаа по […]

Централната банка на Русија повторно почнува да купува злато


Руската централна банка соопшти дека ќе почне повторно да купува злато помалку од две години по завршувањето на долгиот период на купување, пишува „Bloomberg“. Централната банка повторно ќе почне да купува злато на домашниот пазар на благородни метали, се вели во соопштението на банката, цитирано од агенцијата. Одлуката на институцијата доаѓа откако таа и неколку […]

Албанија одби да игра против Русија во Лигата на нации


Албанската министерка за надворешни работи Олта Џаџка изјави дека фудбалската репрезентацијата одбива да игра против рускиот тим во Лигата на нации на УЕФА. Ова го пренесува „РИА Новости“ повикувајќи се на Асошиетед прес. – Албанија нема да се натпреварува на спортски натпревари со учество на Руси, рече Џаџка. Противници на Русија во групата 2 во […]

Итна седница на Генералното собрание на ОН за руската инвазија врз Украина


САД – Советот за безбедност на ОН за денеска свика „итна, вонредна седница“ на Генералното собрание на ОН со цел сите членки на светската организација да се изјаснат за руската инвазија врз Украина. Резолуцијата, предложена од САД и Албанија, синоќа ја усвоија 11 земји. Русија гласаше против, Обединетите Арапски Емирати, Кина и Индија беа воздржани. Вето не е можно […]

Раст на цената на нафтата на светските берзи поради војната во Украина, околу 100 долари за барел


Англија– На лондонскиот пазар во четвртокот, веднаш по рускиот напад на Украина, цената на барел нафта скокна на над 105 долари за барел, првпат по повеќе од седум години, но во петокот падна под тоа психолошки важно ниво. По големите осцилации на крајот на неделата, цената на барелот на лондонскиот пазар забележа неделен раст од 4,7 […]

Битолскиот театар со „Бакхи“ ќе настапи во Нови Сад


Ансамблот на НУ Народен театар-Битола гостува во Нови Сад каде вечер во најстариот српски професионален театар ќе ја изведе претставата „Бакхи – краток преглед на распадот“ од Еврипид, во режија на Игор Вук Торбица. Со настапот на битолските актери, во Нови Сад и Белград, се заокружува културната манифестација „Игорови денови“, омаж  посветен на прерано починатиот млад […]

По 361 недела Ѓоковиќ симнат од врвот на АТП ранг-листата, нов лидер Медведев


Англија- Рускиот тенисер Данил Медведев е нов лидер на светската ранг-листа. Здружението на тениски професионалци (АТП) денес го објави најновиот поредок на најдобрите на кој по рекордни 361 недела првото место го загуби Србинот Новак Ѓоковиќ. Новиот прв светски рекет има 8.615 бодови, додека Ѓоковиќ 8.465 бода. Во ТОП 10 тенисери на светот уште се: […]

Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови


Најниска температура во земјава изутринава е измерена на Попова Шапка -10. Во Маврови Анови се измерени – 6, Крушево -5, Берово -3, Крива Паланка, Претор, Дебар -2 , во Охрид и  Прилеп – 1, а 0 степени во Битола, Виница и Куманово. На останатите места е секаде над нулата, а максимални 4 степени се измерени […]

Награди САГ- престижниот сребрен килим на холивудските актери (фото)


САД– Во неделата вечерта, телевизиските и филмските ѕвезди номинирани за наградите САГ за 2022, што ги доделува Здружението на филмски актери , газеа по сребрениот килим, покажувајќи ги своите гламурозни комбинации. Овие награди се сметаат за најпрестижни меѓу актерите бидејќи за нив гласаат 2.500 колеги од фелата, а исто така најчесто се барометар за оскаровците […]