Награди САГ- престижниот сребрен килим на холивудските актери (фото)


Кери Вашингтон

САД– Во неделата вечерта, телевизиските и филмските ѕвезди номинирани за наградите САГ за 2022, што ги доделува Здружението на филмски актери , газеа по сребрениот килим, покажувајќи ги своите гламурозни комбинации.

Хелен Мирен во Прада со награда за животно дело

Овие награди се сметаат за најпрестижни меѓу актерите бидејќи за нив гласаат 2.500 колеги од фелата, а исто така најчесто се барометар за оскаровците таа година.

Кејт Бланшет во Армани

Сребрениот килим се одржа во Санта Моника Баркер Хангар. На церемонијата присуствуваа номинираните од филмовите за кои најмногу се зборува оваа сезона на награди како „Куќата на Гучи“, „Моќта на кучето“ и „Кралот Ричард“, како и телевизиски ѕвезди како актерската екипа на „Squid Game“ на Нетфликс.

Листата на добитници тука

Ела Фанинг во Гучи
Џесика Честејн во Диор
Леди Гага во Армани
Селена Гомез со накит Булгари од еден милион долари
Синтија Ериво во Луј Витон
Салма Хајек