Вкупно 57 санкционирани возачи во општина Кисела Вода


Фото: Б. Грданоски

Санкционирани се 57 возачи при контрола на сообраќајот на територија на Град Скопје, поточно во општина Кисела Вода вчера од 16 до 20 часот.

Како што соопшти МВР, 15 возачи биле казнети за возење повеќе од дозволената брзина , двајца возеле без возачка дозвола, еден со истечена важност на сообраќајната дозвола…

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.