Мицкоски го условува изборот на уставни судии


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека Собранието е комплетно со 120 пратеници и дека собранискиот спикер треба да се охрабри и да ја свика Комисијата за избори и именувања како останатите комисии, на која треба да се изберат уставни судии. Но, порача тој, доколку власта „сака да партизира уставни судии и по партиска директива […]

Како Волфганг Ишингер организираше посета за Груевски во Берлин во 2016 година


  Врвниот германски дипломат во пензија, Влофганг Ишингер, има речиси елитен статус во европското и трансатлантското милје. Тој е претседател на Минхенската безбедносна конференција, која почна денеска, беше амбасадор на Германија во САД и Британија, повеќе години беле личен асистент  на прославениот германски шеф на дипломатијата Ханс-Дитрих Геншер, а беше и во екипата на тогашниот […]

Џеф Кунс го претвори BMW M850i ​​x Drive во поп-арт што можете да го возите


САД- Креативното изразување го зазема Градот на ангелите оваа недела за време на Фриз Лос Анџелес, меѓународниот саем на уметност – што се случува во Беверли Хилс – кој ги привлекува патроните, дилерите, кураторите и љубопитните да видат што е ново на денешниот ликовен фронт. Дебитираше 8 X Jeff Koons, модел со екстремно ограничено издание […]

Поднесено обвинение против возачот кој ја усмрти девојката кај Сити Мол


По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. -Обвинетиот, на 20 јануари, како учесник во […]

Руските трупи ќе останат во Белорусија „колку што ќе треба“


Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска пристигна во Москва на разговори со неговиот руски колега Владимир Путин, кои би можеле да одредат колку долго ќе трае руското воено присуство во поранешната советска република, која граничи со Украина на север. Руските воени вежби во Белорусија треба да траат до недела и ги продлабочија стравувањата на Западот дека […]

Лавров тврди дека во Донбас се регрутирани платеници од Балканот


Русија внимателно ги проверува информациите кои сугерираат дека платеници од Косово, како и од Албанија и Босна и Херцеговина се регрутираат за распоредување во Донбас, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за РТ, пренесува Спутник. – Германскиот канцелар Олаф Шолц и сите други луѓе од НАТО велат дека НАТО е одбранбен сојуз. […]

Милановиќ е против проширување на НАТО кон Украина


Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека НАТО не треба да се шири кон Украина. – Додека сум претседател, ќе бидам против проширување на НАТО каде било, рече Милановиќ пред новинарите во Пожега. Изјавата на хрватскиот претседател, која е спротивна на политиката на отворени врати на Алијансата, доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Русија и западните […]

Науката потврди: Љубезноста кон другите е клучот за својот внатрешен мир


Од свесноста за себе и другите и квалитетна исхрана до рутини на спиење и редовно вежбање, бројни се „алатките“ за грижа за внатрешната благосостојба. Истражување спроведено во Велика Британија потврди дека подарувањето, давањето и покажувањето љубезност – со еден збор, позитивните мисли кон другите може да бидат евтин начин за подобрување на својата сопствена благосостојба […]

Елемент ПР стана дел од глобалната групација Конвој


Агенцијата за односи со јавност и корпоративни комуникации, Елемент ПР, стана дел и партнер во глобалната ПР групација Конвој. Групацијата Конвој е единствената глобална агенциска група која е специјализирана за развивање комуникација во бизнис кон бизнис (В2В) релации, за односи со јавноста и маркетинг во технолошката индустрија. Convoy Global PR Group е составена од избрани, […]

Отстранета диво поставена ограда на последна 5-ка


  Инспекциските служби на Општина Аеродром денеска ја отстранија дивопоставената ограда која со години се наоѓаше во непосредна близина на автобуската станица на последна 5-ка во населбата Ново Лисиче. Оградата била поставена на државно земјиште без одобрение, со што се создале услови за појава на голема дива депонија, која ја загрозува животната средина и претставува […]

Уште утре топло, од недела дожд, пообилни врнежи во вторник


Уште утре ќе се задржи сончевото и топло време. Веќе од недела, синоптичарите најавуваат локален дожд со слаб до умерен, а во западните делови, повремено засилен ветер од југозападен правец. Пообични врнежи се очекуваат во вторник кога поради заладувањето се најавува снег на планините и на некои повисоки места. Ќе дува засилен северен ветер што ќе […]

Почина момчето кое падна во бунар во Авганистан


Петгодишното момче кое падна во одводен бунар длабок 25 метри во југоисточен Авганистан почина, соопштија локалните власти, јавува Еуроњуз. „Хајдар не напушти засекогаш. Ова е уште еден ден на жалост за нашата земја“, напиша на Твитер секретарот на Министерството за внатрешни работи. Момчето во вторникот паднало во бунар, а утрово спасувачите го извлекле. Според медиумите, […]

КСЗД поведе постапка за заштита од дискриминација на верската група „Лев Тахор“


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) поведе постапка за заштита од дискриминација на верската групата „Лев Тахор“. Предметот, како што соопштија од Комисијата, се води по основ на потекло, религиско и верско уверување во областа на пристапот до добра и услуги. Од Комисијата посочуваат дека постапката е поведена во согласност со членот 21 […]

Поради сообраќајна несреќа во прекин сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица


Поради сообраќајна несреќа во моментов во прекин е сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица. Според информации на дежурната служба на ЈП „Македонијапат“, несреќата се случила откако возило удрило во „ригола” на патот. Оттаму информираа дека застојот е поради тоа што возилото се наоѓа на коловозот. Очекуваат брза реакција со што за кратко време сообраќајот […]

Неделен хороскоп од 21. до 27. февруари: Вагите ќе запознаат интересна личност, а вие?


Најкраткиот месец од годината е речиси завршен. Еве што велат астролозите – кој ќе се соочи со тешкотии, кој треба да се осмели да ризикува и кому му се советува да биде дополнително внимателен: Овен Оваа недела ќе сакате да добиете се, без ограничувања, но астролозите ве советуваат да ги смирите вашите желби. Важно е […]

Хаос во Комисијата за образование, ВМРО-ДПМНЕ ја блокира работата


  Во Собранието станува сѐ понапнато. Денеска имаше сцени на хаос во Комисијата за образоавание и наука, кои за малку не прераснаа во насилство. Од СДСМ соопштуваат дека на седницата кулминирала „деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ“. „Блокадите на Законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование денеска се претворија во обиди за физичко насилство, […]

ЈП Лајка во сабота организира отворен ден за вдомување на кучињата


ЈП „Лајка“ утре од 10 до 13 часот, организира отворен ден на кој ги поканува сите љубители на кучиња, особено оние што размислуваат да вдомат куче од прифатилиштето во овој стационар. На отворениот ден во „Лајка“, како што посочуваат од претпријатието, се поканети и сите граѓани кои сакаат да донираат за да се подобрат условите […]

Матичните не примаат пациенти, попладне средба со заменик-министерот


Приватни матични лекари од примарното здравство, приватните специјалисти и стоматолози кои имаат договор со Фондот за здравствено осигурување, денеска го почнаа најавениот протест. -Докторите ги отворија своите ординации и во текот на денот нема да примаат пациенти, освен итни случаи. Нема да даваат услуги што се нудат преку „Мој термин“, а пациентите кои не сакаат […]

Јапонија тестира воз на водород


Најголемата јапонска железничка компанија „Џеј-ар ист“ го претстави возот „Хибари“ којшто се движи на водород и електрична енергија. Тој беше претставен во експерименталната база во градот Кавасаки, во околината на Токио. Тестовите на електровозот се очекува да почнат во втората половина на март на една од линиите во околината на јапонската престолнина. Моторот генерира електрична […]

Судењето за „Шпански скали” продолжи со изведување докази од Обвинителството


Со изведување на материјални докази од Обвинителств ото денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за случајот „Шпански скали”. Се изведуваат документи и известувања од Министерството за транспорт и врски, од општина Центар и од компанијата „Амадеус девелопмнет” ДООЕЛ – Скопје, а поврзани со одобрението за градба и банкарските гаранции. Случајот го води […]