Неделен хороскоп од 21. до 27. февруари: Вагите ќе запознаат интересна личност, а вие?


Најкраткиот месец од годината е речиси завршен. Еве што велат астролозите – кој ќе се соочи со тешкотии, кој треба да се осмели да ризикува и кому му се советува да биде дополнително внимателен:

Овен

Оваа недела ќе сакате да добиете се, без ограничувања, но астролозите ве советуваат да ги смирите вашите желби. Важно е да се погледне моменталната ситуација – не треба да имате се за да бидете среќни. Научете да ги цените малите нешта и размислете за вашите приоритети. Не мора се да биде материјално, важно е и искуството.

Бик

Посветете се на проширување на вашите хоризонти и стекнување знаење. Ќе мора да се прилагодите на околностите: да се согласувате со другите, да ги прифаќате нивните сугестии или критики. Планетите ќе ви помогнат да ја откриете дарбата што ја имате и да сфатите дека правилно сте го избрале вашиот животен пат. Ќе ви треба многу мотивација, обидете се да ја пронајдете.

Близнаци

Под влијание на месечината на 24 и 25 февруари, Близнаците се во опасност да скршнат од својот пат. Околу вас ќе има многу негативност, ќе ви пречат во работата, па затоа е неопходно да бидете максимално неоптоварени и да ја минимизирате комуникацијата со токсични луѓе. Контролирајте ги вашите чувства и повеќе потпирајте се на здравиот разум.

Рак

Ќе можете сами да го добиете она што го сакате, но и да му помогнете на некој друг во тоа. Ќе можете да се справите со мислењата на другите, но сепак, имајте на ум – компромисот понекогаш е многу поважен од победата. Бидете што е можно повеќе свои и независни, не дозволувајте другите да ви кажуваат што треба да правите и како да живеете.

Лав

Астролозите ве советуваат да ја следите вашата интуиција. Шестото сетило ќе ви помогне да не ги пропуштите вашите шанси. Сè за што сонувате конечно ќе почне да се остварува оваа недела. Најважно е да не го пропуштите вистинскиот момент. Бидете одлучни, без да покажувате слабост, бидејќи тоа може да ве одведе на погрешен пат.

Девица

Астролозите ви велат да бидете слободни во текот на целата недела, но и да заштедите енергија за викендот за да се забавувате. Ќе откриете кој е вашиот непријател, а кој е ваш пријател. Обидете се да се поврзете повеќе со луѓето, да дознаете што ги мачи преку разговор и да развиете емпатија.

Вага

Во текот на оваа недела потрудете се да не се жалите колку ви е тешко вам, ниту на другите, бидејќи тоа само создава негативна атмосфера. Неделата ќе биде успешна за љубовни авантури, за поминување време во пријатно друштво. Сепак, астролозите ве предупредуваат дека личноста која ќе ја сретнете може да биде само минлива во вашиот живот. Ова не е причина да се откажете, но добро е да знаете дека не сте премногу приврзани. Бидете внимателни И со пари потпирајте се на разумот, а не на моменталните каприци.

Скорпија

Неделава ќе има и победи и разочарувања. Можеби сепак сакате да бидете малку осамени и тоа ќе биде добра одлука. Интроспекцијата е секогаш пожелна, особено кога ве мачат сомнежи. Астролозите ве советуваат да не подлегнувате на туѓите провокации.

Стрелец

Астролозите ве советуваат да бидете повоздржани во комуникацијата со другите, за да не создавате непотребни шеги. Во текот на овие седум дена, сите нерешливи задачи ќе најдат решение, а зависта и негативноста на другите нема да влијаат на вас, туку на самите нив. Ќе имате убава можност да напредувате во бизнисот.

Јарец

Оваа недела Јарците ќе можат да се справат со своите желби и да си ги постават вистинските цели. Сепак, нивната амбиција може да ги турне предалеку, па астролозите ве советуваат да не ги надминувате вашите можности заради целите. Така само ќе си наштетите и нема да има резултати.

Водолија

Првата работа што треба да ја направите оваа недела е да се ослободите од мислите кои ја негираат среќата. Погледнете каде грешите и зошто понекогаш се сопнувате. Сега е добро време за вмрежување и воспоставување нови врски со другите. Комуникацијата ќе биде одлична, но внимавајте да не верувате во се што ќе слушнете. Внимание никогаш не е на одмет.

Риби

Рибите ги чека недела исполнета со настани. Планетите ви носат поголема самодоверба, лесно ќе се борите против сомнежите и илузиите. Астролозите ве советуваат да го слушате вашиот внатрешен глас кога донесувате важни одлуки. Иако сакате да бидете спонтани, тоа понекогаш може да ви направи проблеми. Меркур сепак ќе има големо влијание врз вас, кармата, здравјето, па дури и материјалната благосостојба.