Конечно и Шредер го критикуваше Путин


  Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, пријател на Путин поврзан во бизнисот со руски гас, ја осуди руската инвазија на Украина денеска, откако врз него се зголемуваше притисокот да го стори тоа. „Војната и страдањата што таа ги предизвикува за народот на Украина мора да завршат што е можно поскоро“, рече Шредер на Линкедин. „Тоа […]

„Киев индепендент“: Досега убиени стотина руски војници, речиси исто толку Украинци


„Киев индепендент“ јави дека досега украинските сили убиле околу стотина руски војници, а до 14 часот по локално време уништиле  7 руски авиони, 4 хеликоптери и  повеќе од 10 оклопни возила. Русија ги окупирала градовите Хеническ и Нова Каховка во Херсонската област. Медиумот исто така објави дека осумдесетина Украинци, војници и  цивили, загинале во руската воена […]

Бугарските социјалисти на Нинова се против санкции за Русија


  Му беа потребни речиси седум часа на бугарското собрание да излезе со речиси заеднички став за руската воена акција во Украина, која започна рано утринава. Конечно беше усвоена декларација во име на парламентот и ставот „за агресивната воена акција на Руската Федерација против Украина“. Проруската партија Преродба јавно го покажа својот став за тешкото […]

Јолевски: Ако има услови за избор, Советот ќе одржи седница за избор на јавни обвинители во среда


Советот на јавни обвинители планира да одржи седница за избор на јавни обвинители во среда, ако има услови да се направи избор, изјави денеска претседателот на Совет на јавни обвинители Антонио Јолевски, коментирајќи го недостигот на јавни обвинители во ОЈО Скопје. Огласот за избор на петмина јавни обвинители бил распишан во ноември минатата година и […]

Мобилните гинеколошки амбуланти стигнаа и во Чешиново-Облешево


Министерот за здравство Беким Сали, претставници на канцеларијата на Обединетите нации и на дипломатскиот кор во државава денеска ја посетија локацијата на мобилната гинеколошка клиника во Чешиново – Облешево. -Целта на воспоставувањето мобилни гинеколошки клиники е да се овозможи зголемен пристап до гинеколошки услуги, особено за најранливите жени и девојчиња во тешко достапни региони што […]

Регистрирани уште 631 новозаболен со Ковид-19, починаа вкупно 10 пациенти


 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.818 тестови, а регистрирани се 631 нов случаj со Ковид-19, шест починати и 910 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од новозаболените 631 случај од Скопје се 337, Велес 45, Битола 32, Куманово 30, Кавадарци 26, Прилеп 24, Тетово и Охрид по […]

Македонските убавици Ана и Мија на Мис Европа 2022


Во понеделник, на 28 февруари во Бејрут, Либан ќе се одржи изборот за Мис на Европа за 2022 година. Финалистките веќе две недели се во Бејрут, каде се подготвуваат за големото финале. Нашата држава ќе ја претставуваат две девојки, Ана Брзанова, 22-годишна гевгеличанка и Мија Стерјовска, 18 години, од Скопје, двете членки на Модното студио […]

Вучиќ разговарaше со западните амбасадори, ќе се огласи во следните 36 часа


 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска разговараше со амбасадорите на земјите од Квинта и шефот на делегацијата на Европската унија во Србија „за бројни прашања“, а сите информации за позициите искажани од партиите ќе бидат објавени во наредните 36 часа. Ова се наведува во кусото соопштение на прес-службата на претседателот на Србија по средбата со […]

И Орбан го осуди рускиот напад на Украина


Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го осуди рускиот воен напад на Украина. „Со нашите сојузници од ЕУ и НАТО, го осудуваме рускиот воен напад“, рече Орбан по состанокот на советот за безбедност, додавајќи дека „Унгарија ќе остане на маргините на воениот конфликт, бидејќи безбедноста на Унгарците е најважна“. Тој додаде дека Унгарија ќе обезбеди хуманитарна […]

Макрон: „Нема да покажеме слабост“


  Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција и нејзините европски сојузници направиле сѐ за да се обидат да го спречат нападот врз Украина. Тој рече дека нема да покажат „слабост“ во нивниот одговор. Макрон во телевизиското обраќање до нацијата во четвртокот рече дека рускиот напад е „пресвртница во европската историја“ и како резултат „ќе […]

Руско лудило: Путин го обвини Евреинот Зеленски дека е нацист


Владимир Путин утрово ѝ објави војна на Украина со изговор дека сака да ја демилитаризира и денацифицира. Неколку часа порано, украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој има еврејски корени, го упати последниот апел за мир, демантирајќи ги неоснованите обвинувања од Путин дека Украина ја водат нацисти.Тој директно ѝ се обрати на руската јавноста, и тоа на […]

Анализа: Најкорумпирани се урбанизацијата, судството и заштитата на животната средина


 Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата (БПК) денеска ги презентираше анализите за ризични области од корупција во животната средина и здравството. Иако се работи за две различни области, заедничко им е тоа што корупцијата е присутна и во областа на животната средина и здравството. Од Платформата велат дека делување во овие две области, […]

За бугарскиот министер за одбрана било несериозно да се употребува зборот „војна“ за инвазијата 


  „Да не брзаме да етикетираме дали воената операција е ограничена или ситуацијата во Украина е ограничена“, изјави министерот за одбрана Стефан Јанев за БТВ за тоа што се случува во Украина. Рускиот претседател Владимир Путин рано утринава најави почеток на „специјална воена операција“ во Украина, барајќи од украинската војска да го остави оружјето и […]

Украински воен авион со 14 патници се урна во близина на Киев


Украински воен авион со 14 лица денеска се урна јужно од Киев, соопшти службата за итни случаи. Службата соопшти дека „сѐ уште одредува колку луѓе загинале“. Инцидентот се случил на околу 20 километри јужно од Киев, по извештаите за напад на неколку локации низ градот. Засега не е јасно дали авионот бил погоден од руски […]

Русија и Кина ги обвинија Украина и Западот за ескалацијата на конфликтот


Русија и Кина ги обвинуваат западните земји и Киев за ескалацијата на конфликтот во Украина, наведе денеска Министерството за надворешни работи во Москва, по разговорите меѓу министерите за надворешни работи Сергеј Лавров и Ванг Ји, јави ДПА. „Министрите го изразија своето заедничко уверување дека причината за актуелната криза е одбивањето на Киев, охрабрено од САД […]

НАТО нема планови да испраќа трупи во Украина, рече Столтенберг


  НАТО нема војници внатре во Украина и не планира да испрати во земјата, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, на прес-конференција за руската инвазија на Украина. „Нема борбени трупи на НАТО, воопшто нема војници на НАТО внатре во Украина. Ние јасно ставивме до знаење дека немаме никакви планови и намера за распоредување на […]

Две македонски семејства побарале помош во амбасадата во Украина


Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека се следи состојбата во Украина и дека нашата амбасада е во контакт со македонските граѓани кои се наоѓаат во земјата, со цел да им се помогне да ја напуштат. – Се разбира, ја следиме состојбата и во поглед на нашите граѓани коишто се таму. Досега имавме неколку […]

Украинска гранична служба: Руските сили упаднаа во регионот на Киев


Руските сили се пробија во северниот дел на регионот Киев, соопштија украинските погранични сили, извршувајќи напад со проектили „Град“ врз владините позиции. Западни медиуми во северниот дел на главниот град на Украина регистрирале хеликоптери кои летаат кон градот, по извештаите дека аеродромот е нападнат. Патиштата надвор од Киев денеска се заглавени со сообраќај, бидејќи луѓето […]

Џонсон го нарече Путин „диктатор“, а инвазијата – „грозен и варварски потфат“


  Британскиот премиер Борис Џонсон го нарече Путин „диктатор“, а инвазијата врз Украина „грозен и варварски потфат“. Џонсон нагласи дека западните сојузници подготвуваат „голем“ пакет санкции против Русија. Тој му порача на народот на Украина: „Не можеме и нема само да гледаме на страна“.