За Ковачевски секој е заменлив


  Секој е заменлив, особено доколку во одреден момент повеќе не е на висина на задачата. Тоа е основен принцип на ефикасно управување и новата влада ќе се води по него, вели во интервју за МИА, новиот мандатар, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Тој потврдува дека речиси е определен целиот состав на новата Влада, а […]

Апасиев бара национализација на БЕГ


  Национализација на БЕГ, побара преку фејсбук  лидерот на Левица, Димитар Апасиев,  откако неколку дена, компанијата не испорача доволно топлинска енергија за скопјани, па некои од нив се жалеа дека премрзнале. Град Скопје веќе бараше да го преземе стопанисувањето на топловодната мрежа од сегашниот снабдувач „Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи”, за што е формирано и […]

Расчистена кражба во Центар, украденото пронајдено


 На подрачјето на Центар утрово во 4.40 часот од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Ф.М.(31) од Скопје по извршување кривично дело тешка кражба во објект. Со него бил извршен службен разговор и одземени се предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Како што соопшти МВР, по целосното документирање ќе биде […]

Најмалку 200 луѓе загинаа во напад на милитантни групи во нигериската држава Замфара


Најмалку 200 луѓе загинаа во напад на милитантни групи во северозападната нигериска држава Замфара. Властите сметаат дека тоа е одговор на воените воздушни напади во кои загинаа повеќе од 100 милитанти во понеделникот. Вооружени лица влегувале во селата, палеле куќи и ги осакатувале телата на жртвите. Нигериската влада долго време е во конфликт со голем […]

Ковачевски очекува да изгради пријателски односи со Петков


  Мандатарот за состав на нова влада, Димитар Ковачевски е подготвен да отвори нова страница во односите со Бугарија за време на посетата на Кирил петков и очекува да изгради конкретен и пријателски однос со бугарскиот премиер. Ковачевски во интервју за МИА вели дека очекува со петков во Скопје да ги утврдат основите за натамошните […]

Надал ја освои 89. титула во кариерата


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал триумфираше на АТП турнирот од серијата 250 во Мелбурн, откако денеска го совлада во финалето Американецот Максим Крејси со 7:6 (8-6), 6:3. Надал го реши во своја корист финалниот дуел за еден час и 44 минути игра. За моментно шесторангираниот тенисер на АТП листата ова е 89. титула во кариерата, а прва по […]

Анализа на „Пари“: Кој има најголема инфлација во регионот?


Годишната стапка на инфлација во Еврозоната достигна рекордни пет проценти во декември, пред се поради наглиот раст на цените на храната и енергијата, соопшти статистичката агенција на Европската унија – Еуростат. Ова е највисоката стапка на инфлација во земјите од оваа зона од почетокот на водење на евиденција во 1997 година. Инфлацијата од Еврозоната, секако […]

ЕСМ-Енергетика непречено испорачува топлинска енергија


АД ЕСМ, подружица „Енергетика” врши непречено снабдување со топлинска енергија на корисниците во Скопје, приклучени на топловодната мрежа на Енергетика. Испораката на топлинска енергија е континуирана и се врши согласно мрежните правила. -Од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ, раководството на „Енергетика” и експертски тимови се следи состојбата со енергенсите на светско и домашно […]

Стопанска комора: Штетни се изјавите на некои пратеници за дозволениот увоз на тутун


Здружението на производители на тутун и тутунски производи при Стопанската комора на Северна Македонија ги смета за штетни изјавите во јавноста според кои увозот на тутун го загрозува откупот на домашното производство. Комората потсетува дека откупните компании во земјава пред почетокот на секоја сезона склучуваат договори со производителите на тутун и согласно Закон се обврзани […]

Дали ќе остане или ќе замине? Случајот на Ѓоковиќ стана поголем од него


  Обидот на владата на австралискиот премиер Скот Морисон да го одложи сослушувањето за визата на Новак Ѓоковиќ за два дена беше отфрлен од федералниот окружен суд. Во наредбата, објавена во неделата, судијата Ентони Кели го отфрли потегот кој би го одложил сослушувањето до среда – по наведениот рок на Тенис Австралија да го вклучи […]

Канаваро главен кандидат за полски селектор


Италијанскиот тренер и поранешен репрезентативец Фабио Канаваро е главен кандидат за нов селектор на фудбалската репрезентација на Полска. „Скај Италија“ објави дека Канаваро веќе имал средба со раководството на Полската фудбалска федерација во Краков и преговорите добро напредуваат. Полска е без селектор по заминувањето од должноста на Пауло Соуса, кој ја предводеше репрезентација на 15 […]

Почина жена, прегазена со автомобил во Кумановско


Во санотата, во 18,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во близина на населбата Карпош патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(33) од Куманово удрило во Р.П.(64) од с.Луке-Крива Паланка. По несреќата Р.П. била пренесена во Општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош каде околу 19,20 […]

Деменцијата станува светска епидемија


Случаите на деменција ширум светот ќе се зголемат речиси трипати, до 153 милиони до 2050 година, покажува ново истражување, иако некои експерти ги критикуваа овие „апокалиптични проекции“.Студијата за глобалниот товар на болести, објавена во The Lancet Public Health  прогнозира дека случаите на деменција ќе се зголемат во сите 200 испитани земји. „Нашата студија нуди подобрени […]

УХМР најавува снег и во Скопската Котлина


 Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјава ќе има пообилни врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег, соопшти УХМР. Утре ќе се задржи облачно со пообилни врнежи, локално над 25 литри на метар квадратен, кои во западните и северните делови, како и на […]

Путин го враќа СССР, што ќе каже Кина?


Новогодишните празници честопати се проследенисо неочекувани кризи, а 2022 година не е исклучок. Казахстан – земјата богата со енергија лоцирана во центарот на Евроазија -западна во голема политичка криза, а претседателот Касим-Жомарт Токаев се сврте кон Русија за да му помогне да ги задуши народните протести, да го врати редот и да ја консолидира својата […]

Огромна карпа се урна врз чамци во Бразил, најмалку седум жртви (видео)


Најмалку седум лица загинаа откако огромна карпа падна врз неколку туристички чамци во бразилската држава Минас Жераис во саботата, јави Си-Ен-Ен. Три лица се водат како исчезнати, но спасувачките напори престанаа доцна во саботата поради „недостигот на природно осветлување“ на езерото Фурнас во Капитолио. Тие ќе продолжат во недела во 5 часот по локално време, […]

ЕП во ракомет: Без ограничувања во Унгарија, до 25 отсто гледачи во Словачка


Максимално дозволената исполнетост на трибините за натпреварите кои во рамки на претстојното Европско машко ракометно првенство ќе се играат во Словачка ќе изнесува 25 отсто од капацитетот, додека дуелите кои ќе ги организира кодомаќинот на завршниот турнир Унгарија, каде групната фаза ќе ја одигра и македонската репрезентација, ќе бидат без ограничувања за бројот на гледачи, соопшти ЕХФ. […]

Затекнати лица без сертификати и малолетник во угостителски објекти


При контрола во две казина на тетовското подрачје ноќеска биле затекнати пет лица без сертификати за примена вакцина против КОВИД, еден малолетник и едно лице кај кого бил пронајден и одземен нож. Како што соопшти МВР, контролата била спроведена ноќеска помеѓу 22:00 и 03:00 часот од полициски службеници на СВР Тетово и инспектори од Државниот […]

Нов Јужен Велс со највисок дневен број смртни случаи од Ковид-19


Најнаселената австралиска држава Нов Јужен Велс забележа највисок дневен број на смртни случаи од Ковид-19 во саботата, откако варијантата Омикрон ја зафати земјата. Државата, во која живеат 25 милиони Австралијци, пријави 16 смртни случаи од коронавирус еден ден претходно и 30.062 новозаразени. Втората по големина држава Викторија, која овој месец е домаќин на тенискиот турнир […]

СДСМ го повика ЈСП да бара помош од Град Скопје


СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ почнаа да се препукуваат околу клучните услуги на граѓаните, па тоа што почна како инсттуционална пресметка околу одговорноста за одвивање на сообраќајот во Скопје, се префрли на греењето од БЕГ, а сега и на цената за градски сообраќај, откако ЈСП воведе дневен билет. Според СДСМ, градоначалничката Данела Арсовска не само што не […]