Шахпаска: Постигнавме многу, на недела неработен ден и на апликацијата за слепи лица сум особено горда


Министерството за труд и социјална политика е ресор со многубројни предизвици, кои пандемијата на Ковид-19 ги направи уште поголеми и токму затоа мојата одговорност беше уште поголема да се одговори на предизвиците и на вистинскиот начин и навреме да се адресираат потребите на граѓаните, оцени министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во своето […]

Хороскоп: Нивните постапки и реакции се водени од емоции- четири најемотивни знаци од зодијакот


Ова се, според хороскопот, 4-те најемотивни знаци на зодијакот. Сите имаме емоции и различно реагираме на она што се случува околу нас. Некој ќе биде премногу ентузијаст или премногу исплашен, она што некого вознемирува нема да влијае на некој друг толку интензивно. Некои ќе бидат повеќе или помалку рамнодушни додека некои ќе останат недопирливи и […]

Се продава дел од палата Албанија, култната зграда во центарот на Белград


Дел од 381 квадратен метар од белградската палата Албанија, проценет на 3,88 милиони евра, е понуден на јавна продажба, соопшти денеска Агенцијата за осигурување на депозити. Деловниот простор лоциран на приземје и подрум се продава преку стечајот на Белградска банка, чија агенција е стечаен управник, пренесе Танјуг. Имотот се продава по пат на јавно наддавање, […]

Општините потрошија 72.000 евра за новогодишни пакетчиња, само Скопје – 10.000 евра


За разлика од украсувањето на улиците кое главно беше откажано, продолжи практиката на институциите за купување новогодишни пакетчиња. За оваа намена се потрошени 72.000 евра, иако се очекува сумата да достигне и поголема вредност имајќи предвид дека некои институции сѐ уште ги немаат објавено договорите и вредноста на потрошените пари за оваа намена. Тендери за […]

Британскиот принц Ендрју не е веќе „Неговото кралско височество“


Англија- Кралското семејство му ги одзедекралските и воените почести на принцот Ендрју во четвртокот и рече дека тој повеќе нема да биде познат како „Неговото кралско височество“, бидејќи синот на кралицата Елизабета се бори против американска тужба во која е обвинет за сексуална злоупотреба. Ендрју (61), војводата од Јорк, беше принуден да се повлече од […]

РСБСП со совети за безбедно возење во зимски услови


Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упати неколку совети за безбедно возење во зимски услови. – Користете задолжителна зимска опрема. Грижете се за техничката исправност на возилото. Безбедносниот појас секогаш нека ви биде заврзан. Излезете од дома десетина минути порано за да имате време да го загреете автомобилот, да ги одмрзнете стаклата […]

Време е за Winter Last Minute Sale во Скопје Сити Мол!


Сите сме возбудени за големите зимски попусти кои се веќе тука. Време е за уживање во шопинг во Skopje City Mall по уште пониски, односни екстремно ниски цени. Во овој период па се до почетокот на февруари во Скопје Сити Мол можете да ги најдете најголемите попусти и промоции кои брендовите ќе ги понудат на […]

Морисон за поништувањето на австралиската виза на Ѓоковиќ


Австралискиот премиер Скот Морисон ја поврза одлуката за визата на Новак Ѓоковиќ со „силните политики за заштита на границите“ на Австралија кои ги „чуваа Австралијците безбедни“ за време на пандемијата. – Разбирам дека по внимателно разгледување, преземени се активности од страна на министерот за имиграција за укинување на визата на господин Ѓоковиќ поради здравствени причини и со […]

Дела на Прокопиев, Лафазановски и Трајкоски објавени во Албанија


Во издание на реномираната албанска издавачка куќа „Фан Ноли“ од Тирана, деновиве излегоа од печат преводите на книгите „Човечулец“ на Александар Прокопиев  и „Храпешко“ на Ермис Лафазановски. Ова е уште една потврда за успешниот преведувачки поход на овие дела низ светот, со досега десетина преводи на балкански и светски јазици. Книгата „Човечулец: Бајки од левиот […]

Мицотакис: Договорот од Преспа има грешки, но Атина се стреми кон добри односи со Скопје


 Мојата критика за договорот не се однесуваше на името, се однесуваше на македонскиот јазик и македонската етничка припадност и продолжувам да верувам дека ова е голема грешка, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за грчката телевизија „Антена“. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис објаснува дека „овие грешки не можат да се […]

Кавадарци одбележува 116 години од раѓањето на Васил Хаџиманов 


Кавадарци денеска одбележува 116 години од раѓањето на Васил Хаџиманов, етномузиколог, фолклорист и мелограф. За него, историчарот Петре Камчевски од Кавадарци, вели дека е еден од најголемите собирачи на македонски народни песни и за време на својот живот собрал повеќе од шест илјади изворни народни песни, 500 тажалки и 700 албански народни песни. – Хаџиманов […]

Стилистот на Меланија Трамп: Добро е што белата шапка добива втор живот


САД – Додека мејнстрим медиумите и социјалните медиуми продолжуваат да зујат за одлуката на Меланија Трамп да ја продаде на аукција белата елегантна шапка со широк обод што таа ја носеше во државна посета за добротворни цели, нејзиниот стилист Ерве Пјер се согласува со таа одлука. Одлуката на поранешната прва дама лично да одржи 14-дневна […]

Том Холанд, ѕвездата на „Спајдермен“, во рекламната кампања на Прада за мажи пролет 2022 година


САД– Иако имаше шпекулации дека Том Холанд, ѕвездата на „Spider-Man: No Way Home“, најголемиот блокбастер за време на овој бран на пандемијата, би можел да се упати во холивудскиот театар Долби за да биде домаќин на Оскарите во 2022 година, нема сомнеж за тоа што актерот е обврзан да носи. Британскиот актер ја предводи машката […]

Послаб земјотрес ги разбуди битолчани


Утрово битолчани повторно се разбудија вознемирени од земјотресот кој ги стресе во 3.40 часот. Според информациите на ЕМСЦ истиот бил со интензитет од 2.8 степени по рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот инаку бил во соседна Грција и градот Лерин каде пред неколку дена беше почувствуван силен земјотрес кој го почувствуваа и граѓаните на Скопје, но […]

СЗО препорача два нови лекови за Kовид-19, проширувајќи ги опциите против омикрон


Панел на Светската здравствена организација (СЗО) денеска препорача употреба на два лека – на фармацевтската компанија Ели Лили и на ГлаксоСмитКлајн и Вир бајотехнолоџи – додавајќи нови опции за лекување на пациенти со Ковид-19 со оглед на тоа дека варијантата на коронавирус – омикрон многу брзо се шири. Податоците на СЗО покажуваат дека омикрон, кој […]

Приведени крадци во Скопје, одземеното вратено на сопственикот


Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Гази Баба вчера ги приведоа Џ.Д.(20) и Е.Д.(22), двајцата од Скопје, со што е расчистено кривично дело „кражба“, извршено на 28.12.2021 во 01.20 часот во казино на подрачјето на Гази Баба. Притоа, како што информираат од МВР, било утврдено дека кривичното дело го извршила Џ.Д., додека Е.Д. ѝ […]

На Ѓоковиќ повторно му се заканува имиграциски притвор


Австралискиот министер за имиграција Алекс Хок ја искористи својата лична моќ за да му ја поништи визата на Новак Ѓоковиќ, јави „Ејџ“. Адвокатите на српскиот тенисер се подготвуваат веднаш да поднесат судска забрана против одлуката. Доколку не ја оспори одлуката пред судот или не успее во тоа, Ѓоковиќ веднаш ќе биде депортиран од земјата. „Го […]

Гувернерот на Калифорнија одби условно ослободување на убиецот на Роберт Кенеди


Гувернерот на Калифорнија го одби барањето на Сирхан Сирхан, убиецот на Роберт Кенеди, за условно ослободување, иако специјалната комисија летоска даде одобрение за тоа. Гувернерот Гевин Њусом рече дека 77-годишниот затвореник и понатаму е „закана за јавната безбедност“ и дека не сака „да ја преземе одговорноста за тоа злосторство“, се вели во соопштението на неговата […]

Страница од стрип „Спајдермен“ продадена за 3,36 милиони долари


Страница од стрип за „Спајдермен“ е продадена за 3,36 милиони долари на аукција на „Херитиџ окшнс“ (Heritage Auctions) во Тексас (САД). Илустрацијата датира од 1984 година и на неа уметникот Мајк Зек првпат го прикажува популарниот лик од стриповите, во црн костим. Џо Мадалена, потпретседател на аукциската куќа, изјави дека покрај страницата од стрипот „Спајдермен“, […]

Голем број на заразени со коронавирусот во хрватските училишта


Секој ден во хрватските училишта има се помалку ученици во училишните клупи и помалку наставници во одделенијата поради брзото темпо на ширење на коронавирусот што трае цела оваа недела. Според Министерството за наука и образование, вчера 9.158 ученици во Хрватска не дошле на училиште поради позитивен тест за ковид или мерка на самоизолација, а 1.580 образовни работници […]