Хороскоп: Нивните постапки и реакции се водени од емоции- четири најемотивни знаци од зодијакот


Ова се, според хороскопот, 4-те најемотивни знаци на зодијакот.

Сите имаме емоции и различно реагираме на она што се случува околу нас. Некој ќе биде премногу ентузијаст или премногу исплашен, она што некого вознемирува нема да влијае на некој друг толку интензивно. Некои ќе бидат повеќе или помалку рамнодушни додека некои ќе останат недопирливи и цврсти како карпа. Според астролозите, четирите знаци од зодијакот спѓаат во најемотивните:

На прво место се Рибите. Тие имаат тенденција да чувствуваат емоции на многу подлабок и поинтензивен начин од кој било друг хороскопски знак. Тие се многу сочувствителни и многу се грижат за своите пријатели и членови на семејството, дури и кога работат на своја штета. Затоа Рибите многу лесно се нервираат во име на другите луѓе.

Ракот е исто така еден од најчувствителните знаци. Неговата личност е таква што воопшто не се срами да ги изрази своите чувства, да признае дека е вистински романтичар, иако гледано однадвор, можеби изгледа многу потврдо отколку што навистина е.

Вагите се во друштво на Риби и Рак бидејќи нивната личност е многу чувствителна. Се оди дотаму што многу од одлуките на Вагата се под големо влијание на нејзините чувства. Кога ќе се најде во ситуација да одлучува со ум или срце, секогаш ќе му дава предност на срцето, односно на она што го чувствува, иако таа одлука ќе биде донесена преку посветена анализа.

Близнаците не ја доживуваат својата емоционалност како ранливост, туку ја користат како одбранбен штит кога се чувствуваат нападнати или загрозени. Тие не се во состојба да ги контролираат своите чувства и реакции. Кога нивните емоции функционираат, сите околу нив наскоро ќе знаат за тоа.