Од февруари олеснети рестрикциите за влез во Италија за патниците од ЕУ


Италија ќе ги олесни ограничувањата воведени поради коронавирусот за сите посетители од земјите на Европската унија од 1 февруари, соопшти Министерството за здравство. Министерот за здравство Роберто Сперанза потпиша наредба според која на патниците од земјите на ЕУ ќе им треба само т.н зелена пропусница. Зелената пропусница потврдува вакцинација против Ковид-19, прележана болест или негативен […]

Тешки руско-украинските преговори во Париз, нова средба во Берлин за две недели


Русија и Украина ќе ги продолжат разговорите со француско-германско посредништво за две недели во Берлин, изјави специјалниот руски пратеник за украинскиот конфликт Дмитриј Козак. Тој синоќа го опиша дијалогот како „тежок“. „И покрај разликите во толкувањето, примирјето мора да продолжи, прекинот на огнот мора да се одржи“ меѓу украинската армија и проруските сепаратисти во источна […]

Остар пад на Азиските берзи, доларот зајакна


На азиските берзи денеска цените на акциите драстично паднаа, по поагресивните од очекуваните пораки од Федералните резерви на САД за затегнување на монетарната политика за да се ограничи високата инфлација. Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без јапонскиот, беше намален за 2 отсто утрво и се лизна на најниското ниво во речиси 15 месеци.На токиската берза индексот […]

Комеморативна академија по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот


По повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, кој го одбележува и ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау од страна на Црвената армија, Одделот за едукација и истражување на холокаустот при Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје (ИДКНА), денеска организира комеморативна академија. Како што информираат организаторите, тема на комеморативната […]

Велика Британија и САД може да испратат по 1.000 војници во Романија, Бугарија и Унгарија


САД и Велика Британија анализираат да испратат по 1.000 војници во Романија, Бугарија и Унгарија, објави Дејли телеграф. Тие ќе бидат слични на баталјонските борбени групи што моментално се стационирани во Балтичките држави и Полска. Извори од британската влада потврдија за Дејли Телеграф дека Британија размислува за распоредување повеќе војници во Источна Европа, но се […]

Настап на Трпчески и Венгеров во Париз


По Лондон и Њујорк, македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески и легендарниот виолинист Максим Венгеров, во рамки на нивната мини-турнеја на најпрестижните светски сцени, вечер ќе настапат на сцената на Филхармонијата во Париз. Исклучителниот втор концерт тандемот Венгеров-Трпчески го одржаа во преполната сала во Карнеги Хол во Њујорк, каде присутните со стоечките овации, двајцата […]

Презентација на анализа за минималната плата и ефектите врз работењето на фирмите


Сојузот на синдикатите на Македонија со поддршка на Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС), канцеларија Скопје заедно со професорите​ Бранимир Јовановиќ, Виктор Стојкоски и Драган Тевдовски изработија​ студија/анализа „Минималната плата во Република Северна Македонија и нејзините ефекти врз работењето на фирмите“ која ќе биде презентирана денеска во ССМ. Анализата ќе ја презентираат професорите Виктор Стојкоски и Бранимир […]

Амбасадори ќе дебатираат за одржливоста на македонскиот надворешнополитички курс


Амбасадорска тркалезна маса насловена „Пристапувањето на Западниот Балкан кон ЕУ: долга, (не)завршена приказна – Одржливост на македонскиот надворешнополитички курс,“ ќе се одржи денеска во Клубот на пратеници во Скопје, во организација на Советот на амбасадори. Како што најавуваат организаторите, на тркалезната маса ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, министерот за […]

Се прошируваат болничките капацитети за КОВИД пациенти


Се прошируваат и реорганизираат болничките капацитети во државава за третман на пациентите хоспитализирани поради КОВИД-19 и се поголемиот број заразени со вирусот, кој во изминатите денови изнесува над 2000. Истовремено, со одлука на Владата, пак, од синоќа е намален периодот на изолација или карантин поради КОВИД-19 за асимптоматските случаи и з алицата кои биле во […]

Умерено облачно и малку потопло


Времето денеска претпладне ќе биде умерено до значително облачно, освен на запад каде ќе преовладува сончево време. Попладне облачноста ќе се намали. Вдолж Повардарието и во источните делови ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени Целзиусови. […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 27 јануари 2022 година, 27-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 338 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 52 минути, а ќе зајде во 16 часот и 40 минути. Денов трае 9 часа и 48 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее […]

Во одговорот на САД нема никакви отстапки за Русија


  ВАШИНГТОН – Администрацијата на Бајден и НАТО во средата ѝ рекоа на Русија дека нема да има отстапки од САД или НАТО за главните барања на Москва за решавање на кризата околу Украина. Во одделните писмени одговори доставени до Русите, САД и НАТО цврсто се задржаа на политиката на отворени врати на Алијансата за […]

Бугарија сѐ уште е заробена од Кремљ


  „Конфликтот меѓу Русија и Украина не е само лична драма. Тоа е конфликт кој се развива во нашиот регион. Станува збор за принципите врз кои се организира меѓународната заедница“, изјави Христо Иванов од Демократска Бугарија за БГНЕС. Меѓународното право е врвна вредност и тоа не треба да се прекршува, порача лидерот на ДБ. „Дали […]

Џафери: За укинување на „пржинската влада“ потребен е консензус од поголемите политички партии


 За предлогот за укинување на „пржинската влада“ кој веќе е поднесен во Собранието од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, според претседателот на Собранието Талат Џафери, не е проблемот кога ќе се стави на собраниска седница туку е потребно да се обезбеди консензус од поголемите политички партии. Во гостување на ТВ Сител Џафери вечерва посочи дека и до таквиот […]

СДСМ ги утврди замениците министри за финансии, здравство и администрација


 Филип Николовски да биде именуван за заменик министер за финансии, Владимир Рендевски за заменик министер за здравство, а Александар Бајдевски за заменик министер за информатичко општество и администрација. Тоа е предлогот за заменици министри од СДСМ на претседателот на партијата и премиер Димитар Ковачевски, за кој вечерва на онлајн седница донесе одлука партискиот Централен одбор. […]

САД договараат распоредување на дополнителни сили во Источна Европа


Бугарија, Романија и Унгарија се меѓу земјите во кои ќе бидат стационирани американски војници. Ова треба да се случи пред евентуална руска инвазија на Украина, пишува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски претставници. Станува збор за распоредување илјадници војници во источноевропските земји членки на НАТО како поддршка на тековната агресија на Москва, се наведува на веб-страницата […]

Германија ќе даде 5.000 воени шлемови на Украина, Кличко тоа го нарече шега


Германија ќе достави 5.000 воени шлемови на Украина за да помогне во одбраната од можна руска инвазија. Градоначалникот на Киев и поранешен светски првак во бокс Виталиј Кличко ја одби понудата како „шега“ што го оставила „без зборови“. Министерката за одбрана Кристин Ламбрехт рече дека Берлин, кој се соочува со зголемени критики за одбивањето да […]

Блинкен потврди дека САД одговорија на руските барања за безбедносни гаранции


Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, денеска изјави дека писмениот одговор на Вашингтон на барањата за безбедносни гаранции на Русија го отвора патот за дипломатско решение на кризата,  доколку Москва го сфати сериозно, и дека САД се обидуваат да спречат воена ескалација против Украина. Блинкен изјави дека документот, доставен денеска до Русија, содржи „принципиелна и прагматична“ […]

Ѓоковиќ ќе настапи во Дубаи


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на АТП турнирот во Дубаи, јавија локалните медиуми, кои имале увид во списокот ученици пријавени за турнирот закажан за последната недела од февруари. Откако претходно овој месец австралиските власти го протераа Ѓоковиќ и му ја поништија визата, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот, српскиот тенисер не настапи на […]

Наставата ќе продолжи со физичко присуство на учениците


 Наставата во основното и средното образование ќе продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари, одлучи Владата на денешната 7-ма редовна седница. -Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, а Владата повикува на доследно придржување и спроведувањето на протоколите за одржување настава со […]