Презентација на анализа за минималната плата и ефектите врз работењето на фирмите


Сојузот на синдикатите на Македонија со поддршка на Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС), канцеларија Скопје заедно со професорите​ Бранимир Јовановиќ, Виктор Стојкоски и Драган Тевдовски изработија​ студија/анализа „Минималната плата во Република Северна Македонија и нејзините ефекти врз работењето на фирмите“ која ќе биде презентирана денеска во ССМ.

Анализата ќе ја презентираат професорите Виктор Стојкоски и Бранимир Јовановиќ.

Според најавата од ССМ, на презентацијата е предвидено да се обратат претседателот на ССМ Дарко Димовски и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, претставник на Организацијата на работодавачите на Македонија, ФЕС и професорите Стојкоски и Јовановиќ.