Утре локални врнежи од снег


Локални врнежи од снег ќе има утре кон крајот на денот во западните, а во сабота претежно претпладне во северните делови. Во сабота ќе дува и засилен северен ветер, што повторно ќе ја намали дневната температура. Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските […]

ИТ компанијата TestDevLab отвори канцеларија во Македонија


 ИТ компанијата TestDevLab ја отвори својата прва канцеларија во Скопје. Во моментот, компанијата има 55 вработени од земјава, а планира да привлече и нови инженерски таленти. Компанијата започна со активности за вработување во Северна Македонија минатата година откако основа подружница за да им понуди на вработените исти социјални права и придобивки како што имаат другите […]

Во Бугарија владеењето на правото е под сериозна опасност, тврди главниот обвинител во државата Иван Гешев


„Во Бугарија под сериозна закана е владеењето на правото, поделбата на власта и човековите права“. Тоа го нагласи денеска бугарскиот главен обвинител Иван Гешев по присуството на сослушувањето во ЕП за состојбите во Бугарија. Тој додаде дека државата сака засилен дијалог со европските институции, „вклучително и посериозен мониторинг на постоечкиот механизам за владеење на правото“, […]

Пендаровски: Ако годинава не ги почнеме преговорите со ЕУ, ќе се приближиме до неславниот рекорд на Турција


Намалена е поддршката на граѓаните за членство во ЕУ, довербата опаѓа, а и во целина – нема добри вести во регионот околу проширувањето. Економската интеграција треба да оди паралелно со политичката. Доколку овие процеси се движат одвоено, како што постојат заложби, можно е да имаме извесен економски раст, но да бидеме управувани од автократи. Подлогата […]

Ципрас достави предлог за гласање недоверба на Владата


Лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА, Алексис Ципрас достави предлог за гласање недоверба на Владата. За време на расправата во Парламентот за закон од Министерството за развој, Ципрас вонредно побара збор, упати остри критики и обвинувања до Владата, особено за справувањето со снежната бура и истакна дека вонредно бара збор за да достави предлог за […]

Дали гумите за џвакање се добри за здравјето? Откриено како делува на желудникот и забите


Доколку сте голем љубител на гума за џвакање, тогаш би било добро да ги дознаете сите нејзини предности и недостатоци во продолжение! Без разлика дали припаѓате на екстремни љубители на гуми за џвакање, без кои „не можете да живеете“ или понекогаш необавезно да ја земате, важно е да знаете кои се нејзините предности и недостатоци. […]

Бугарија ќе добие најнови симулатори за ловци Ф-16


Бугарија ќе добие симулатори за ловци Ф-16, наменети за обучување на пилоти за национални и НАТО мисии од производителот „Локхид Мартин“. Таа е меѓу првите земји што добија ловци Ф-16 Блок 70, а ќе има симулатори со најнова техничка конфигурација. Бугарија ќе има осум најсовремени суперсонични ловци Ф-16 Блок 70. Станува збор за ловец од […]

Гир: Стартот на преговорите за членство останува главен приоритет за ЕУ


Стартот на преговорите за членство и со Северна Македонија и со Албанија останува главен приоритет за ЕУ. Фокусот сега е на постигнување договор меѓу земјите членки за преговарачката рамка, додека истовремено Софија и Скопје работат со цел постигнување договор за билатералните прашања, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир на отворањето на амбасадорската тркалезна маса „Пристапувањето на Западниот […]

Заврши ископот и поставувањето на темелите околу малата депонија во ОХИС


Во периодот од официјалното означување на стартот на активностите на проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС, 100122“ а се однесуваат на малата депонија на ОХИС, реализирани се најголемиот дел од активностите предвидени со подготвителната фаза. Конкретно, реализирани се активности за […]

Австриец се заканувал дека ќе убие невакцинирани луѓе


Еден 47-годишен жител на австрискиот град Велс преку социјалните мрежи се заканувал дека ќе ги убие сите невакцинирани луѓе. Според полициското соопштение, тој за да ја потенцира својата закана се сликал со пиштол и фотографијата ја поставил покрај заканувачката порака. На распитот тој изразил жалење поради заканата поставена на социјалните мрежи. Тој истакнал дека е […]

(Во живо) Тркалезна маса – Пристапувањето на Западниот Балкан кон ЕУ


Амбасадорска тркалезна маса насловена „Пристапувањето на Западниот Балкан кон ЕУ: долга, (не)завршена приказна – Одржливост на македонскиот надворешнополитички курс,“  се одржува денеска во Клубот на пратеници во Скопје, во организација на Советот на амбасадори. На тркалезната маса ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, претседателот на собраниската […]

Во Германија уапсен руски државјанин поради шпионирање


Германската полиција денеска поднесе обвинение против руски државјанин поради шпионирање во корист на Русија. Тој, наводно, дошол до информации за воздухопловната индустрија и ги испратил до руската разузнавачка служба, поточно ги доставил податоците за ракетата Аријан. Германското федерално обвинителство соопшти дека осомничениот, по име Илхур Н, работел како научен истражувач на Универзитетот во Баварија, се […]

Кејт Мидлтон во леопард дизајн – ретко, ама ефектно


Англија– Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон (40) посетила волонтерска служба за поддршка на менталното здравје за да одбележи повеќе од милион успешни интервјуа со сиромашните и решила да облече фустан од каки леопард од американскиот бренд Дерек Лам. Сопругата на принцот Вилијам за оваа пригода реши да го истакне својот струк и витка линија, а […]

Пендаровски најави посета на Бугарија, со Радев ќе придонесат за надминување на спорот


 Претседателот Стево Пендаровски денеска најави дека за не повеќе од еден месец ќе оди во официјална посета на Бугарија. Тоа го договара со својот бугарски колега Румен Радев, а целта е двајцата да дадат позитивен придонес во надминувањето на спорот меѓу двете земји. Пендаровски на тркалезна маса „Пристапувањето на Западниот Балкан кон ЕУ: долга, (не)завршена […]

Засилени инспекциски контроли за сузбивање на дивите превозници 


Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје вршат редовни контроли со цел сузбивање на дивите превозници на подрачјето на градот и во текот на изминатиот месец проверени се 18 превозници од кои на шест им се изречени казни.  Воедно екипи на Инспекторатот на Град Скопје изминатата недела извршија засилени контроли на терен за почитување на […]

Гучи: Легендарната бамбус чанта 1947 во девет нови верзии


Италија– Бамбус чантата 1947 со потпис доби нов изглед од Алесандро Микеле. Презентирајќи го новиот дизајн, креативниот директор на куќата ангажираше девет меѓународни креатори за да ја споделат сопствената визија за Gucci Bamboo 1947 година. Значењето на 1947 година беше кога Гучио Гучи и фирентинските занаетчии на брендот решија да направат рачка на чанта од бамбус. […]

„Зад завесите’’ – Бојана со нова балада и спот


 Бојана Скендеровски повторно чекори цврсто на македонската естрада, со нова и моќна приказна трансформирана во емотивна мелодија. Спотот на новата песна на Бојана, насловена „Зад завесите“ денес премиерно ја добива својата онлајн промоција. Приказната за отсуството на емпатијата во светот полн со предрасуди е дел од новиот проект на Бојана, со којшто започнува низата на дополнителни изненадувања, коишто Бојана ќе […]

„Аџибадем Систина“ отвора педијатриски ковид-центар


Петтиот бран на пандемијата со Ковид-19 предизвикан од омикрон-сојот, кој се карактеризира со голема инфективност и многу лесна преносливост, доведе до зголемување на бројот на позитивни и болни деца и адолесценти. За таа цел Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од утре, петок, 28 јануари, отвора комплетно нов педијатриски ковид-центар.   Новиот ковид-центар за деца има посебен […]

Гаро за Аки: Двајцата нѐ одбија од Музичка академија зашто „сме немале слух“


  Гарабет Тавитјан, најдобриот македонски тапанар за „Јутарњи“ зборува за починатиот пејач на „Парни ваљак“ Аки Рахимовски, со кого се пријатели уште од раното детство, а првите сериозни музички чекори ги направија заедно свирејќи во бендот „Тор“. „Се запознавме во 1968 година. Го формиравме тој рок бенд, свиревме различна музика, странска, домашна… Аки пееше и свиреше […]

Втор ден не сообраќаат патничките и товарните возови


Втор ден не сообраќаат патничките и товарните возови во државава откако машинскиот и извршниот персонал во Железници Транспорт на РСМ вчера изутрина почна бојкот поради неисплатениот втор дел од платата за декември лани. Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал, за МИА изјави дека бојкотот продолжува до исполнување на поставеното барање. Има, како што вели, најави […]