Во Србија потврден првиот случај на сезонски грип


Србија-  На територијата на Србија е потврден првиот случај на грип во сезоната 2021/2022, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Во соопштението се прецизира дека Батут на 15 декември во попладневните часови добил потврда од Националната референтна лабораторија за грип и други респираторни вируси на Институтот за вирусологија, вакцини […]

Имам елка без лампиони, ќе ја викам Скопје-Твитер реакции за новогодишното (не)украсување


Четрнаесет дена до Нова година, Плоштадот Македонија во Скопје сè уште е без новогодишна елка, а не е поставена ниту една светилка и лампион кои ги симболизираат и најавуваат новогодишните и божиќните празници. Иако градоначалничката Данела Арсовска преку видео обраќање најави дека центарот на градот ќе почне да се украсува од 10 декември, Плоштадот зјае […]

Квантас ќе го замени Боинг со Ербас за домашните линии


Австралиската компанија Квантас (Quantas) објави дека постигнала начелен договор со европскиот производител на авиони Ербас за купување до 134 авиони А320 и А220. Договорот е дел од процесот на обновување на флотата на авиони со средни релации, со што авиокомпанијата ќе го замени Боинг 737. „Откако ќе биде финализиран до крајот на 2022 година, договорот […]

Пожар во куќа во тетовско Радиовце, нема повредени


Изгорен е подпокрив и ѕидови во куќа на жител на тетовско Радиовце вчера во пожар што се случил околу 11 часот. При пожарот нема повредени лица. – Настанал пожар во куќата на 61-годишниот Р.Б. во тетовско Радиовце. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна служба пожарот за кусо време бил локализиран. Увид извршила екипа од СВР […]

Франција ја спушта рампата за патувања кон и од Велика Британија


Англија – На британските туристи ќе им биде забранет влез во Франција поради загриженоста за зголемувањето на случаите поврзани со сојот Омикрон во Велика Британија, јави „Скај њуз“. Франција од сабота наутро ќе ја спушти рампата за патувања кон и од Велика Британија, освен во случај на „посебни причини“. Париз изјави дека „посебните причини“ не ги […]

Во Софија осуден мажот кој на интернет објави недолични коментари за несреќата на автобусот на „Беса Транс“


Окружниот суд во Софија денеска го осуди 34-годишниот С.Б. на 4 месеци условна затворска казна, која ќе биде ефективна доколку стори друго кривично дело во рок од три години, поради објавени недолични коментари за несреќата на автобусот на „Беса Транс“ во Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на соопштение на […]

Филипче: Нема приватизирање на брзата помош


Не станува збор за приватизирање на брзата помош, тоа е политички спин. Во Законот јасно пишува дека итната медицинска помош може да ја врши само јавно-здравствена установа, вели министерот за здравство, Венко Филипче. Во изјава за Слободен печат, Филипче посочи дека покрај јавно здравствената установа, итната медицинска и стоматолошка помош ја прават и приватните установи […]

(Во живо) Завршна конференција на „Неделата на ЦЕФТА“


Завршна конференција „15 years making trade happen – 15 години ја олеснуваме трговијата“ во рамки на „Неделата на ЦЕФТА“ ќе се одржи денеска во Скопје. „Неделата на ЦЕФТА“ почна на 13 декември, а на завршната конференција ќе учествуваат министерот за економија Крешник Бектеши, еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји, претседателот на Управниот одбор на WB6 CIF […]

„Шанел“ ја избра Индијката Лина Наир за извршен директор- модната сцена во шок


Ова е прв пат Индиец да застане на чело на глобален луксузен бренд, исто така Индијка, и првпат е избран аутсајдер од модната индустрија   Индија– Луксузната модна куќа Шанел ја избра Лина Наир, аутсајдер од индустријата од Индија и долгогодишен извршен директор на Унилевер, за нов извршен директор. Аналитичарите велат дека нејзиното вработување сигнализира […]

Климатските промени го загрозуваат и светското производство на нафта


Голем дел од светските резерви на нафта и гас се под закана од зголемени плими, бури, поплави и екстремни температури предизвикани од климатските промени, објави денеска консултантската компанија за анализа на ризик Вериск Мејплкрофт (Verisk Maplecroft). Временските услови би можеле да влијаат на вадење на околу 600 милијарди барели нафтен еквивалент, што е 40 отсто […]

Брус Спрингстин го продаде музичкиот каталог за 500 милиони долари


САД– Брус Спрингстин го продаде својот издавачки каталог на Sony за 500 милиони долари, објави Билборд. Рок-легендата ги продаде своите ремек дела на Sony Music и неговото издаваштво на Sony Music Publishing во комбиниран договор, според извори на Билборд. Претставник на Sony одби да коментира за договорот. Спрингстин остана во Сони Колумбија Рекордс откако ја […]

Предновогодишен концерт на Градскиот дувачки оркестар


Предновогодишен концерт на Градскиот дувачки оркестар, ќе се одржи денеска со почеток од 19 часот во МКЦ. Како што информираат организаторите влезот е слободен, со претходно подигнување на бесплатен/протоколарен билет. На концертот ќе биде изведена следната програма „Forever and ever – arr. Х. Еминовиќ „Herb Alpert Golden Hits“ – arr. Steve McMillan, „What a wonderful […]

Филозофскиот факултет во Скопје прославува јубилеј


На 16 декември 1920 година, основан е Филозофскиот факултет во Скопје. Тоа е првата високообразовна институција во Македонија, со која се смета дека започнува ерата на модерното високо образование во земјата. Иако поминал низ многу премрежија, само до Првата Светска војна кога прекинува со работа, на него дипломирале околу 1800 студенти. Во 1946 година, со […]

Четири деца загинаа во Австралија кога ветар оддува шатор


Четири деца загинаа во Австралија, а неколку се тешко повредени кога силен ветер разнесе шатор на надувување за време на училишна прослава, поради што децата паднале од висина од 10 метри, соопштија властите во четвртокот. Веста го вознемири континентот, граѓаните не може да веруваат како можеше да се случи таква несреќа. Две момчиња и две […]

Канада видена со македонски очи – премиера на “Торонто експрес“ во МНТ


„На све може да се навикнеш, и на ракуни и на творови, и на пензија без работен стаж и на бесплатно здравство…, само на едно не можеш, на носталгија… “, ќе ви каже Божо Вампирот (Александар Микиќ), емигрант кој по долги години се враќа од Торонто во Скопје. Дојден во својот роден град, поточно во […]

Поети од Хрватска и Италија на 48. „Караманови средби“ во Радовиш


Со книжевна креативна работилница со хрватските поети Маријан Гракалиќ и Дарија Жилиќ, како и со младите поети застапени во книгата „Уметноста е ново време“, денес почнува 48. издание на интернационалната поетска манифестација „Караманови средби“, која традиционално се одржува во Радовиш. Свеченото отворање на манифестацијата е закажано за задутре, а беседа за Ацо Караманов ќе одржи […]

Навиваме за„Green forces“-тинејџерите од „Дајте музика“ ги освојуваат симпатиите во Париз


Тинејџерите од „Дајте музика“ в недела гордо ќе ја претставуваат Македонија на 19. Јуниорски Евросонг во Париз со песната Green Forces, на Роберт Билбилов и Робин Зимбаков. Песната се пее на македонски јазик, само рефренот е на англиски јазик. Македонија ќе настапи претпоследна, осумнаесетта. Фестивалот ќе го отвори Германија, а последна ќе пее претставничката на […]

Онлајн дебата „Нов Генерален урбанистички план за зеленo и хуманo Скопје”


Онлајн дебата со наслов „Нов Генерален урбанистички план за зеленo и хуманo Скопје”, со цел детектирање на проблемите во секојдневното живеење што произлегуваат од планските решенија на постојниот ГУП од 2012 година, како и утврдување на конкретни насоки за изработка на претстојниот ГУП, ќе се одржи денеска во организација на Зелен хуман град. Дебатата, како […]

Данела го стопираше тендерот за автобуското метро


Стопиран е тендерот за изградба на автобуското метро или Бас рапид транзит (БРТ) кој беше објавен на страната на Европската банка за обнова и развој, пишува СДК.МК.Градоначалничката Данела Арсовска по доаѓањето на функцијата најави дека нема да го продолжи проектот на нејзиниот претходник, а сега тој и официјално е прекинат. Од нејзниот кабинет велат дека […]

Новинарот Срѓан Шкоро најави кандидатура за претседател на Србија


Новинарот Срѓан Шкоро најави дека ќе се кандидира за претседател на Србија на претстојните избори 2022 година. Како што пренесуваат медиумите, тој ја повика опозицијата да го поддржи во намерата. „Мислам дека можам тоа да го добијам, дека таа трка можам да ја истрчам“, рече Шкоро за Н1 и ги повика „пријателите од Перламентот на […]