Пожар во куќа во тетовско Радиовце, нема повредени


Фото: Б. Грданоски

Изгорен е подпокрив и ѕидови во куќа на жител на тетовско Радиовце вчера во пожар што се случил околу 11 часот. При пожарот нема повредени лица.

– Настанал пожар во куќата на 61-годишниот Р.Б. во тетовско Радиовце. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна служба пожарот за кусо време бил локализиран. Увид извршила екипа од СВР Тетово, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Тетовската пожарна информираше дека интервенирале седум пожарникари со две возила.