(Во живо) Завршна конференција на „Неделата на ЦЕФТА“


Завршна конференција „15 years making trade happen – 15 години ја олеснуваме трговијата“ во рамки на „Неделата на ЦЕФТА“ ќе се одржи денеска во Скопје.

„Неделата на ЦЕФТА“ почна на 13 декември, а на завршната конференција ќе учествуваат министерот за економија Крешник Бектеши, еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји, претседателот на Управниот одбор на WB6 CIF Марко Чадеж, генералниот секретар на RCC Мајлинда Брегу, како и Емир Ѓикиќ, директор на Секретаријатот на ЦЕФТА.

На завршната конференција „15 години ја олеснуваме трговијата“ ќе се сумираат резултатите и достигнувањата од едногодишното претседавање со ЦЕФТА кое во текот на 2021 година го имаше Северна Македонија.

Неделата на ЦЕФТА 2021 започна со официјални состаноци на телата на ЦЕФТА и неколку работилници, организирани во соработка со партнерите од Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската унија, УСАИД Северна Македонија и Инвестицискиот форум 6 на Западен Балкан и со поддршка на Европската комисија. Настаните беа посветени на теми поврзани со трговијата кои произлегуваат од Акциониот план за заеднички регионален пазар, како што се е-трговија, признавање на сертификати и процедури, квалификации, лиценци, права на интелектуална сопственост.