Анкета: Фејсбук најлоша компанија во светот за 2021 година


САД – Технолошкиот гигант Фејсбук, неодамна преименуван во Мета е „најлошата компанија“ во светот за 2021. Ова е утврдено по гласањето на повеќе од 1.500 корисници на отворена анкета на Јаху Фајненс (Yahoo Finance). Корпорацијата на Марк Закерберг доби над 50 отсто од гласовите за најлоша компанија во годината, а на второ место е кинескиот гигант […]

Трагедија во САД: Седум члена на едно семејство починале во сон


  Најмалку седум члена на едно семејство во семејната куќа во Минесота најдени се мртви, а веројатно починале во сон. Како што јавува „Дејли меил“, татко, мајка, три деца, вујна и внука, најдени се мртви во куќата, а властите се сомневаат дека починале од труење со гас. Властите за сега не ги потврдуваат тврдењата на […]

Скандал во Германија: На децата им дале погрешни вакцини против Ковид-19


Неколку деца во Германија случајно примиле вакцини против Ковид-19 на фирмата „Модерна“ која не е одобрена за употреба за нивна возраст. Според зборовите на надлежните, неколку деца во регионот Олпа во покраината Северна Рајна-Вестфалија примиле доза „Модерна“ иако за тие години е одобрена само вакцината на „Бајонтек“. „Родителите на децата веднаш се известени за инцидентот“. […]

Сијарто ја замоли Бугарија да не ја попречува Македонија


Изминатата седмица ЕУ повторно го остави Западниот Балкан „на суво“,  оцени денес на прес-конференцијата со домаќинот, шефот на дипломатијата Бујар Османи унгарскиот гостин Петер Сијарто. Тој не штедеше зборови за да покаже колку Будимпешта е незадоволна, па како што рече и исфрустрирана од немањето одлука за преговори за Македонија и за Албанија, но критиките главно […]

Маричиќ: Ниедно спорно име нема да се најде на листите за помилување


Министерот за правда не дава никакви помилувања, ниедно спорно име нема да се најде на листите, вели министерот Бојан Маричиќ во врска со објавите околу листите за помилување што Министерството за правда ги испраќа до претседателот на државата Стево Пендаровски. -Министерот за правда не дава никакви помилувања. Ова се специфични помилувања по повод Нова година […]

Зборник „Уште едно навраќање кон Конески“ од професорите Вера Стојчевска и Свето Стаменов


На стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески, во издание на Општина Струмица од печат излезе зборникот „Уште едно навраќање кон Конески“, што го приредија проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ и универзитетскиот професор Свето Стаменов. – Овој зборник, со кој Општина Струмица ја одбележува стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески и со кој се заокружуваат активностите во […]

Сијарто се огради од екстрадицијата на Груевски, владата не решавала за тоа


Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, на прес-конференцијата денес во МНР избегна да одговори кога Унгарија ќе го испорача екс-премиерот Никола Груевски. бидејќи за него има правосилна судска одлука во Македонија.  „Ова не е политичко туку правно прашање, прашање за судскиот систем, така што унгарските политичари во врска со тоа не можат да […]

Од Ковид почина Карлос Марин, пејачот на Ил Диво


Англија- Пејачот на Ил Диво, Карлос Марин, почина на 53-годишна возраст во неделата во Манчестер. Причината за смртта е компликации од Ковид, по неодамнешната хоспитализација. Шпанскиот Ел Паис во четвртокот објави дека Марин бил ставен во медицински индуцирана кома. Повикувајќи се на извор од издавачката куќа „Универзал“ на „Ил Диво“, весникот објави дека пејачот не […]

ОРМ нуди две нови услуги за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на македонските компании


Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) промовираше две нови услуги – едукативна тренинг платформа и конкурентна плата, кои како што велат, може да помогнат за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на македонските компании. Првата од двете услуги на ОРМ претставува дигитална едукативна тренинг платформа која овозможува надградба на знаењето и вештините на вработените во компаниите, […]

Без струја дел од Ѓорче Петров


Од 09 до 14:30 часот денеска без струја ќе бидат жителите од улиците „Воин Драшкоци“ и „Браќа Галеви“ од општина Ѓорче Петров. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, прекинот е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Османи се надева на решение во јануари, Петков истиот месец бара средба со новиот премиер


Конституирањето на новата бугарска Влада и попрагматичниот пристап, кој го најави новиот премиер Кирил Петков, со фокус на сегашноста и иднината влеваат надеж кај високите официјални претставници на земјава, но и кај дипломатите дека Северна Македонија и Бугарија наскоро би можеле да постигнат решение за спорот. И високите македонски претставници и дипломатите исто така се […]

Законот за недела неработен ден пред пратениците


    Собранието на Македонија денеска треба да одржи  седница на која меѓу точките на дневен ред се и измените на Законот за работни односи во второ читање со кои се предвидува недела да биде прогласена за неработен ден. Предложеното законско решение е ставено како втора точка, а според образложението, одредбите од законот треба да […]

Чиле: Историска победа на левичарскиот студентски лидер Габриел Бориќ


  Поранешниот левичарски студентски лидер освои убедлива победа за да стане новоизбран претседател на Чиле. Со веќе преброени речиси 97 отсто од гласовите, Габриел Бориќ има 55,8 гласови и предност од 12 отсто пред неговиот противкандидат од крајната десница, Хозе Антонио Каст, ултраконзервативен татко на девет деца, кој брзо го прифати својот пораз и го […]

Агим Нухиу не се согласува со помилувањата на Маричиќ


Агум Нухиу, заменик-министерот за правда, излезе со соопштение на Фејсбук во кое тврди дека се оградува од списокот со помилувања на осуденици потпишан од неговиот министер Бојан Маричиќ, а кој треба да биде испратен кај претседателот Стево Пендаровски.На списокот за помилување од издржување на дел од затворската казна или за целосно помилување како предлог до […]

Американските медиуми открија „таен план“: Веќе е наложено да се употребат сите можни средства


  Претседателот на САД му наложил на раководството за национална безбедност да ги употреби сите можни средства да ја заузда наводно претстојната руска инвазија на Украина. Како што јави Си-ен-ен, кој се повикува на висок американски функционер, американскиот лидер стравува од повторување на сценариото од 2014 година, кога враќањето на Крим на Русија „ги изненади […]

Папа Франциск: Насилството врз жените е речиси сатанско


Папата Франциск го осуди насилството врз жените истакнувајќи оти мажите кои вршат такво насилство се занимаваат со нешто што е „речиси сатанско“. За време на разговорите со три жени и еден маж за италијанската мрежа ТГ5 папата истакна дека е „многу голем“ бројот на жени кои биле тепани и злоставувани во нивните домови. – Тоа […]

Шмит: Додик ја премина линијата на реторичко потпалување на огнот


Високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит изјави дека членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик „ја преминал границата на реторичко потпалување оган, поништувајќи ги одлуките на високиот претставник и не признавајќи го Уставниот суд на БиХ“. Шмит, во интервју за германскиот весник Зидојче цајтунг, Кристијан Шмит истакна дека негова обврска е да обезбеди […]

Во Германија неколку деца се вакцинирани против Ковид-19 со неодобрена вакцина за нивна возраст


Германија– Неколку деца во Германија случајно биле вакцинирани против Ковид-19, со вакцина што не е се уште одобрена за нивната возрасна група, јави германската новинска агенција ДПА. Во Центарот за вакцинација во округот Олпе во покраината Северна Рајна-Вестфалија, на неколку деца им била инјектирана вакцината на Модерна. Досега, само вакцината на Фајзер/Бионтех е одобрена за […]

Лиз Трас ќе биде главен преговарач со ЕУ за Брегзит


Англија – Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас ќе го замени Дејвид Фрост како главен преговарач со ЕУ во преговорите по Брегзит. Трас ќе остане и на позицијата министер за надворешни работи, јави Би-Би-Си. Фрост претходно ја најави својата неотповиклива оставка како министер за Брегзит, наведувајќи ја загриженоста за насоките на владата на премиерот Борис […]