(Во живо) Изјави по потпишувањето на договорот на Отворен Балкан


 Премиерот Зоран Заев заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и со албанскиот премиер Еди Рама денеска учествуваат на Самитот на иницијативата „Отворен Балкан“ во Тирана. Тие потпишаа заеднички договор за услови за слободен пристап на пазарот на труд во Западен Балкан, како и договор за поврзување на шемите за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан. По […]

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД


Во Домот на Армијата во Скопје вечерва во 19 часот ќе биде перформирана претставата „Импулс“ со студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при Универзитет „Гоце Делчев“-Штип.   Од Денс фест Скопје информираат дека претстава е во два дела, првиот насловен „All good” во кореографија на Адријана Данчевска, музика на Sawf-Pleasure, […]

Почина Бранко Кацарски, поранешен кошаркар на Работнички


Македонската кошарка денеска остана без уште едно свое големо име. Нè напушти Бранко Кацарски, член на една од најдобрите генерации на кошаркари од КК Работнички од Скопје, објави КФСМ на својата веб-страница. Популарниот „Кацар“ ќе остане запаметен како дел од славниот тим на популарните „железничари“ од „Градски парк“ во кој беа уште други големи имиња […]

Прегазени пешаци во Штип и во Тетово


Во две одделни сообраќајни незгоди прегазени се двајца пешаци, односно една жена и малолетен пешак, соопшти МВР. Во понеделникот, во 18.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Сремски фронт“ во Штип, патничко возило „ауди A5“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(46) од Штип, удрило во пешакот Г.К.(59) од Штип. Во несреќата со […]

Ноември 2021 година потопол и посув месец во споредба со многугодишните просечни вредности


Месец ноември 2021 година се карактеризира како потопол и посув месец во споредба со многугодишните просечни вредности, покажуваат мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава. – Вредностите на средната месечна температура изнесувале 5,4°С во Лазарополе до 11,1°С во Гевгелија и споредено со просечните ноемвриски средномесечни температури за триестгодишен период (1981-2010), овогодинешните биле повисоки за […]

Приведени 10 лица по претресите во Скопје и Куманово


                                     Денеска, по преземени повеќемесечни мерки и активности по насока на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена […]

В недела на Водно традиционална средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2022


В недела во месноста Говрлевска Краста (на јужните падини на Водно), во рамките на годинешната прослава на Бадник, традиционално ќе биде организирана средба на скопјани со Кумот и Здравичарот на Бадник 2022 што по 30-ти пат го организира Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје. Одборот за традиционална прослава на Бадник соопшти […]

Вредноста на спојувањата и преземањата во светот достигна рекордни нивоа во 2021 година


Глобалната активност на спојувања и преземања (M&A) во 2021 година ги надмина претходните рекорди, бидејќи огромните количества капитал и високите вредности на пазарите го зголемија френетичното ниво на склучување на тие зделки. Вредноста на спојувања и преземања го надмина нивото од 5.000 милијарди долари првпат досега, што е за 63 отсто повеќе од минатата година, […]

Утре и задутре ниски утрински температури под -10 степени


 Ниски утрински температури се очекуваат утре и задутре. Наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, утре утринските температури ќе се спуштат до -13 степен, а во четврток до -11 степен. Синоптичарите за утре најавуваат стабилно и суво време кое ќе се задржи и во текот на следните […]

Вучиќ: Најверојатно од 1 јануари единствени работни дозволи за земјите од Отворен Балкан


 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ утрово изјави дека договорот за единствените работни дозволи меѓу земјите во рамките на иницијативата Отворен Балкан најверојатно ќе почне да се применува од 1 јануари идната година и дека останува да се завршат само некои технички прашања.Тој за РТС од Тирана изјави дека затоа денеска ќе се донесат одлуки за […]

Иницијатива до ОЈО за кривично гонење на поранешниот министер за култура Хусни Исмаили


Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на продолжението на 57-та седница денеска информираше дека до Основното јавно обвинителство е поднесена иницијативата за понатамошно постапување за поведување постапка за кривично гонење против поранешен министер за култура кој оваа функција ја извршувал од 27 јуни 2019 до 30 август 2020 година поради сомневање за сторено кривично […]

Владетелот на Дубаи мора да плати 500 милиони фунти за разводот


На владетелот на Дубаи му е наложено да ѝ плати на својата поранешна сопруга принцезата Хаја и нивните две деца развод, кој може да достигне над половина милијарда фунти – највисоката досега доделена од суд во Велика Британија – за да ги заштити од заканата што ја претставува за нив.. Во писмената пресуда, судијата Џастис […]

Цела Европа ќе стане градилиште, милиони згради ќе се реновираат со пари на ЕУ


ЕУ сака да наложи надградба на енергетската ефикасност на милиони стари згради во Европа, бидејќи тие  сочинуваат 36 отсто од емисиите на стакленички гасови во Унијата. Минатата недела, Европската комисија предложи правила за минимални стандарди за енергетска ефикасност што треба да се исполнат до 2027 година за јавни и нестанбени згради и до 2030 година […]

Давос е мртов


Повторно е одложена најелитната конференција во светот. Чувајте го кавијарот и вратете го визонот во плакар. Давос е повторно мртов. Блескавиот и со нетрпение очекуваниот годишен состанок на Светскиот економски форум, закажан за швајцарското планинско одморалиште на 17-21 јануари, е откажан втора година по ред и заменет со серија онлајн дискусии. Одложувањето – поради појавата […]

Вархеи: „Отворен Балкан“ е најдобрата порака што регионот може да ја донесе


Регионот сака да биде едно. Отворен Балкан е најдобрата порака што регионот може да ја донесе. Отворен Балкан не само што промовира регионална соработка туку и остварува регионална соработка. Вашата регионална соработка е добра и за ЕУ и Западен Балкан. Ова го изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи во поздравното обраќање онлајн на состанокот на […]

Кривичен суд: Техничкиот факултет во Битола не прифаќа да го изврши супервештачењето за „Ласкарци“


 Од Техничкиот факултет во Битола, каде по наредба на судот за супервештачење беше испратен предметот поврзан со автобуската несреќа во село Ласкарци, на 17 декември 2021 година добиено е известување дека Факултетот не прифаќа да го изврши супервештачењето неопходно за затварање на доказната постапка по предметот и донесување првостепена пресуда, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. […]

Кирил Петков: Ако потпишеме договор со Македонија владата брзо ќе падне


  Изгледа дека новиот бугарски премиер Кирил Петков чекор по чекор ги намалува оптимистичките очекувања дека е можно брзо кревање на блокадата во ЕУ за преговорите со Македонија. Во разговор за европското издание на „Политико“ тој ја повторува тезата за работни групи кои треба „да работат многу напорно шест месеци“, но новинарите кои го интервјуирале […]

МЗ: Од јануари ќе се исплаќа месечен надомест за специјализантите кои апочнаа во септември годинава


 Од јануари 2022 година ќе почне да им се исплаќа месечниот надомест на приватните специјализанти кои започнаа со специјализација од септември 2021 година, информира Министерството за здравство. -На специјализантите ќе им се исплатат и заостанатите месечни надоместоци, односно од септември заклучно со крај на 2021 година,  соопшти Министерство за здравство. Од министерството посочуваат дека првпат, […]

Дубаи станува центар за тргување со криптовалути


ОАЕ– Најголемата светска берза за криптовалути „Бајнанс“ (Binance) денеска соопшти дека потпишала договор за соработка со Светскиот трговски центар во Дубаи (DWTC). Властите во Дубаи објавија еден ден претходно дека имаат намера да го претворат DWTC во криптозона и регулатор на криптовалути и други виртуелни средства, како дел од напорите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) […]

Стефоска на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески: Немаме потреба од одбрана туку од мудрост


– Блаже Конески, тој тивок и кроток човек, добиваше строг лик со кој до крај го бранеше секој збор, секоја буква од македонската азбука – рече министерката за култура Ирена Стефоска синоќа во Филхармонијата на завршната манифестација со која се заокружи чествувањето на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“. Стефоска во своето обраќање, […]