Прегазени пешаци во Штип и во Тетово


Фото: Б. Грданоски

Во две одделни сообраќајни незгоди прегазени се двајца пешаци, односно една жена и малолетен пешак, соопшти МВР.

Во понеделникот, во 18.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Сремски фронт“ во Штип, патничко возило „ауди A5“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(46) од Штип, удрило во пешакот Г.К.(59) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.К., констатирани во Клиничка болница во Штип.

истиот ден, во 12.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Железничка“ во Тетово, патничко возило „ауди“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.И.(32) од с.Голема Речица, тетовско, удрило во малолетен пешак од Тетово. Во несреќата пешакот се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово.