Експлодирал автомобилот на претседателот на Стопанската комора за енергетика


Стопанската комора за енергетика на Македонија на својот фејсбук профил инфомираше дека возилото во кое се возел претседателот на Стопанската комора Ѓорги Манасков експлодирал на автопатот кај обиколницата Визбегово према Скопје север. Манасков во моментот на експлозијата во автомобилот бил со сопатник. Од Стопанската комора инфомираат дека брзата интервентна полиција која била во близина и противпожарната […]

Курсот на еврото повторно е под прагот од 1,13 долари


Германија– Курсот на еврото денеска повторно е под прагот од 1,13 долари, објавија германските финансиски публикации. Во меѓубанкарската трговија во Франкфурт утринава единствената европска валута остана речиси непроменета на 1,1277 долари. Европската централна банка вчера одреди референтна стапка на еврото од 1,1295 долари. 

Благ раст на цените на акциите на Азиските брзи, се тргува внимателно


Јапонија – На азиските берзи денеска цените на акциите благо пораснаа бидејќи инвеститорите се повеќе склони кон ризични инвестиции на крајот на годината, но се тргуваа внимателно бидејќи омикрон сојот на коронавирусот продолжува брзо да се шири низ светот. Азиско-пацифичкиот берзански индекс MSCI, без јапонскиот, порасна за 0,3 отсто околу 7 часот наутро, зајакнувајќи втор […]

Ако Ѓоковиќ се појави на турнирот, тогаш или се вакцинирал или добил посебна медицинска дозвола, вели директорот на Австралија опен


Австралија – Директорот на Австралија опен Крег Тили соопшти дека тенисерите кои имаат посебни медицински дозволи дека не смеат да се вакцинираат ќе можат да учествуваат на Грен слемот. Тој коментираше евентуалното учеството на првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ на еден од четирите најголеми турнири во светот. – Сите што доаѓаат кај нас се вакцинирани. […]

Скоро 100 милијарди долари украдени од американски фондови за помош на пандемијата


САД–  Речиси 100 милијарди долари се украдени од американските програми за да помош на бизнисите и луѓето кои изгубија работа за време на пандемијата на коронавирусот, соопшти американската Тајна служба. – Проценката се заснова на случаи на Тајната служба и податоци од Одделот за труд и администрацијата за мали бизниси, рече Рој Дотсон, национален координатор […]

Арсовска прва жена која ќе раководи со сите 81 општина во ЗЕЛС


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска на конститутивната седница едногласно е избрана за нов претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), којашто ги обединува сите 81 општина во државата. Арсовска потенцираше дека главна цел во нејзиниот четиригодишен мандат во ЗЕЛС ќе биде интензивирање на процесот на децентрализација и обезбедување зголемена финансиската стабилност […]

СЗО со предупредување за „нова бура“ низ Европа поради сојот Омикрон


Австрија – Светската здравствена организација предупреди дека „се подготвува уште една бура“, опишувајќи го драматичното ширење на сојот Омикрон низ Европа, јави ДПА. – Откако беше идентификуван пред помалку од четири недели, сојот на коронавирусот беше откриен во најмалку 38 од 53 земји-членки на Европскиот регион на СЗО, изјави регионалниот директор на ОН Ханс Клуге […]

Кина: По 50 нови случаи на коронавирус, побарано 13 милиони жители на Сијан да не излегуваат без потреба


Кина – Кинескиот град Сијан ги повика своите 13 милиони жители да останат во своите домови, откако во тој град беа откриени повеќе од 50 нови случаи на коронавирус, јави Си-Ен-Ен. Кина вчера пријави 57 локално пренесени случаи на Ковид-19 во пет градови, додека се обидува да ја смири епидемијата на коронавирус како дел од нејзината […]

Целата држава под нулата, најстудено во Берово и Маврово со -13


Најстудено утрово е во Берово и во Маврово со -13 степени. На Попова Шапка се измерени -12, во Крива Паланка -11, Скопје и Битола -10, во Штип, Куманово, Демир Капија, Дебар и Крушево -9, во Тетово, Прилеп и Струмица -8, Охрид -7, Гевгелија -5 и Дојран -4. Највисока снежна покривка има на Попова Шапка 43 […]

Презентација на предлог годишните планови и програми за работа за 2022 година на Министерството за економија


Министерството за економија организира „Отворен ден “ на кој јавно ќе бидат презентирани Предлог-годишните планови и програми за работа за 2022 година. На настанот може да учествуваат граѓани, комори, бизнис здруженија, како и претставници на компании кои имаат предлози, сугестии и идеи за активностите и мерките кои ги спроведува Министерството за економија преку годишните програми.

Во јануари Франција воведува „вакцина пропусница“


Франција– Франција во првата половина на јануари ќе усвои закон, со кој се бара луѓето да мора да бидат вакцинирани за да вршат  одредени професии или да одат во кина и барови. Со предлог законот сегашната здравствена пропусница, ќе стане „вакцина пропусница“, соопшти портпаролот на француската Влада Габриел Атал. Според сегашните правила, неодамнешен негативен резултат од […]

Намалување на бројот на новозаразени и на хоспитализирани


Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, бројот на новозаразени од КОВИД-19 е намален 8 отсто минатата седмица во споредба со претходната. Од 13 до 19 декември заболеле 1922  лица. Тестирани се 19 943, за 8,1 отсто повеќе од претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 6,9 до 12,4, а просечно 9,6. Најмногу […]

„Сајберкултура“ по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби


Националната галерија на Република Северна Македонија традиционално го одбележува Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби преку проектот социјална инклузија „Сајберкултура“. Осум скопски гимназии ќе учествуваат со уметнички мозаик, а за учество во овој проект на сите учесници ќе им бидат доделени благодарници и пригодни подароци. Појавата на Интернет и дигитализацијата во секојдневниот живот доведе […]

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“


Центарот за истражување на предисторијата денеска ќе одржи седма конференција за предисториска археологија, година насловена  „Предисторија на Балканот“. На конференцијата ќе бидат презентирани тековните истражувања и најновите резултати поврзани со животот на предисториските заедници, од палеолитот до железното време. На настанот ќе учествуваат археолози, археоботаничари, археозоолози и антрополози од Англија, Германија, Италија, Шпанија, Австрија, Романија, […]

Научна среда со етномузикологот Александар Димитријевски и „Musica Viva за деца“


Во рамките на одбележувањето на 55 години од основањето, Факултетот за музичка уметност продолжува со циклусот „научни среди“ со предавањето на професор Александар Димитријевски „Улогата на Факултетот за музичка уметност – Скопје во развојот на современата македонска етномузикологија“. На научната среда се предвидени дела на Властимир Николовски, Драгослав Ортаков и Благоја Ивановски. Факултетот за музичка […]

Прием на нови 100 професионални војници во Армијата


Во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, денеска ќе се одржи церемонија за прием на 100 професионални војници во редовите на Армијата на Република Северна Македонија. На церемонијата, како што е најавено, ќе се обрати министерка за одбрана, Радмила Шекеринска. 

Работна средба на Здружението на градежништво индустријата на градежни материјали и неметали со министерот Бочварски


Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе одржи работна средба со министерот на транспорт и врски Благој Бочварски. Целта на средбата е отворање дискусија за состојбите во областа на високоградбата и инфраструктурата, импликациите од ценовните поскапувања на градежните материјали и производи врз трошоците за изведба, […]

Сончево и студено


Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, преку денот сончево со слаб северен ветер. Температура ќе биде во интервал од -4 до 8 степени. Во Скопје ќе биде сончево и студено. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 4 степени. До сабота ќе преовладува стабилно и суво време. Ведрото време […]

Користењето електронски цигари не е пушење


На вечерашната седница Владата на  Македонија го усвои мислењето на Министерството за здравство дека несогорливите тутунски производи и уредите за нивно загревање не спаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето . Според Министерството за здравство, користењето на несогорливите производи од тутун, уредите за нивно загревање и […]

Во првата година од пандемијата, најнизок раст на населението во САД од основањето на државата


Растот на населението во САД во првата година од пандемијата на коронавирус падна на најниска стапка од основањето на државата бидејќи пандемијата ја ограничи имиграцијата, влијаеше на одложувања на бременоста и предизвика смрт на стотици илјади жители на САД. Населението на САД пораснало за само 0,1 отсто од јули 2020 година до јули оваа година, или за 392.665 луѓе, според […]