Топлификација на Битола, Могила и Новаци не е веќе мит – почна изградбата


Од 2005 година се најавуваше изградбата на топликациската мрежа од РЕК „Битола“. Денеска започна нејзината изградба во кругот на енергетскиот комбинат   Анета Блажевска БИТОЛА – Не е мит топлификацијата за Битола, најавувана уште 2005 година. Денеска започна изградбата на системот за топлификација за трите пелагониски општини –  Битола, Могила и Новаци кој ќе користи […]

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера


Шефот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Штефен Худолин на денешниот брифинг појасни дека Зелениот договор не се однесува само на животната средина, туку дека тој треба да биде применет во секоја област. Осврнувајќи се на примената на Зелениот договор во земјите од Западен Балкан, тој посочи дека во зелената агенда за овие земји […]

Скопјани проблемите ќе може да ги пријавуваат на имеил


Град Скопје од денеска ја става во функција електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] како чекор кон транспарентно управување за Скопје 24 часа во служба на граѓаните. Од Град Скопје информираат дека на оваа електронска адреса граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми, а градската администрација ќе биде задолжена да одговори на барањата на граѓаните. – Во […]

Бензините поевтинуваат за 3,5 денари за литар


За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 71 денар за литар, Еуросупер БС-98 за 73 денари за литар, а дизелот за 63 денари за литар. Новата цена на екстра лесното масло […]

Владата ќе донесе одлука за препорачана цена на струјата, а потоа ЕСМ ќе достави понуда до ЕВН Хоум


Очекуваме Владата да донесе одлука со препорачана цена на електричната енергија, а потоа на 9 декември да доставиме понуда до ЕВН Хоум и да почнеме со подготовки за реализација на планот за 2022 година, изјави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски. На прес – конференција во РЕК Битола, Ковачевски потврди дека во 2022 година […]

Од Ковид-19 починаа 17 лица, регистрирани нови 101 позитивен од 1.299 тестирања


Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 101 случај на Ковид-19 од направени 1.299 тестирања. Во исто време, регистрирани се и 17 починати лица од кои 13 во претходното деноноќие, како и 393 оздравени пациенти. Најголем дел од новите случаи на Ковид-19 се од Скопје (59), а 10 се откриени во Кавадарци. Во останатите градови […]

Лекарите до МАЛМЕД пријавиле два смртни исходи по примена вакцина против Ковид-19, поврзаноста се уште не е докажана


Се прави комплетна обработка за да се докаже дали несаканата реакција, нека е тоа и смртен случај е навистина поврзана со употребата на вакцините против Ковид-19. Двете пријави кои сме ги имале во април и во септември, а се од страна на лекари, се за 85-годишен и за 53-годишен, но се уште не е докажана […]

Ескобар кај Заев – поддршка од САД за решение на проблемот со Бугарија


Целосна поддршка од САД за изнаоѓање заеднички прифатливи одговори за билатералните прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија е истакната на денешната средба на премиерот Зоран Заев со заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој е во прва работна […]

Аудио-читачот за слепи лица „Хана“ сега е достапен и на албански јазик


Револуционерната алатка ќе им го олесни во голема мерка животот на слепите лица. За оваа апликација подготвена во Македонија има голем интерес во целиот регион   Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска заедно со првиот заменик претседател на Владата Артан Груби денеска го промовираа аудио-читачот на  албански јазик наречен „Хана“, кој на слепите […]

Најдобри денови за почеток на диета според вашиот хороскопски знак


Месечевата диета е многу популарна, но не секој знае дека не само првиот лунарен ден е поволен за почеток на слабеење. Првиот ден се смета за ден на младата месечина (проверете кога е во нашиот лунарен календар), но искуството покажа дека петтиот, 11-от, 16-от и 27-от лунарен ден се исто така добри. Но, ова не […]

Австрија: Карл Немахер положи заклетва како нов канцелар


Досегашниот министер за внатрешни работи, Карл Нехамер, е назначен за нов федерален канцелар. Тој положим заклетва пред претседателот Александар Ван дер Белен. Нехамер го наследува Александар Шаленберг, кој беше на функцијата нешто помалку од два месеци. Извршниот комитет на конзервативната Народна партија (ОВП) едногласно го назначи 49-годишниот Нехамер за нов шеф на конзервативците и нов […]

Промена на над 250 закони и 20 милиони евра за дигитализација на институциите во 2022 година


Со Буџетот за 2022 година предвидени се 20 милиони евра за дигитализација. Софтвер и хардвер во сите институции треба да биде набавен во првите месеци од годината, а до средината на следната година треба да се донесат сите закони, кои се мапирани за усогласување на законодавството во областа на дигитализацијата, со цел таа да стапи […]

Свиркачите Лазаревски и Костовски добитници на наградата „Мето Јовановски“


Разузнавачите во поранешното УБК, Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, кои го открија незаконското прислушкување, се овогодинешни добитници на државната награда „Мето Јовановски“, која претставува највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Министерството за култура соопшти дека Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ за 2021 година […]

Во Сингапур направен ПЦР тест кој го открива Омикрон


Сингапур – Биотехнолошката компанија со седиште во Сингапур, BioAcumen Global, создаде специјален ПЦР тест кој може да ја одреди варијантата на коронавирусот Омикрон, објави денеска сингапурскиот весник „Стрејтс тајмс“. Тоа значи дека се можни три вида резултати од тестот: позитивен на коронавирус и на Омикрон, позитивен на коронавирус, но негативен на Омикрон или целосно негативен, објасни […]

„Искричаво“,„Пандорината кутија: Наследството на ќерката“ и „Мајсторот за спомени“ на МОТ


Во рамки на 46. МОТ, вечерва, 6 декември ќе се изведат три претстави. Првата, која ќе се одигра во 19 часот, во Домот на АРМ е „Искричаво“ на Скопје танцов театар и е претстава во три дела. Прв дел е „Не ми ги допирај очите“ во кореографија на Адријана Данчевска, втор дел е „Меѓусвет (Убавите […]

ССМ во недела на протест пред Собранието и Стопанската комора


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Северна Македонија изразувајќи незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со барање минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната плата, а со тоа и спирално зголемување на […]

Иљире Даути координаторка на пратеничката група на Алијансата за Албанците


Иљире Даути е избрана за координаторка на пратеничката група на Алијансата за Албанците. Пратеникот на Алијансата за Албанците, Елми Азири на денешната прес-конференција во Собранието информира дека продолжуваат со работа во Собранието како посебен политички субјект. – Ние сме изненадени од овој чекор на нашиот досегашен коалициски партнер, истакна Азири коментирајќи ја одлука на Алтернатива […]

Бектеши најави можно проширување на листата на производи со замрзнати цени


Листата на производи чии цени се  замрзнати е објавена, а утре на владина седница ќе ги разгледаме податоците од Заводот за статистика во делот на движење на цените во трговијата на мало и трговијата на големо за месец ноември и ако има зголемување на цените ние уште утре ќе донесеме одлука за проширување на одлуката […]

Поп ѕвездите во поддршка на кампањата за ставање крај на насилството врз жени и девојчиња


Во рамки на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“, македонски поп ѕвезди лансираа песна за поддршка на ставањето крај на насилството. Секоја втора жена во земјава се има соочено со психолошко насилство од партнерот, секоја трета била жртва на сексуално вознемирување, додека 14 отсто од жените се соочиле со физичко или […]

Бремената Џенифер Лоренс во „Диор“ на црвениот килим


САД- Бремената Џенифер Лоренс блесна на премиерата на новиот филм „Don’t Look Up“, во кој се собрани некои од најголемите холивудски ѕвезди. Научно-фантастичната драма на оскаровецот Адам Мекеј ќе игра во кината од 10 декември, а две недели подоцна ќе почне да се прикажува на „Нетфликс“. Триесет и едногодишната Лоренс го истакна трудничкиот стомак во […]