Ќе се иницира основање Специјална економска зона за трговија и стоки


Владата на деншната 118-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за иницијатива за изработка Физибилити студија за оправданост од воспоставување на специјална економска зона за трговија и стоки (Trade and Commodities Special Economic Zone – TACSEZ) во земјава. Од Владата објаснуваат дека таа доаѓа како резултат на позитивните трендови во Технолошко-индустриските зони (ТИРЗ) кои налагаат […]

Утврден Предлог-законот за изменување на Законот за хартии од вредност


Владата денеска го утврди Предлог-законот за изменување на Законот за хартии од вредност со кој се овозможува освен брокерски куќи, банки, друштва за осигурување, друштва за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, како основач и акционер во депозитарот да можат да бидат и домашни и странски берзи и депозитари. – Со ова дополнување на […]

Костадинов: ЦО на СДСМ едногласно одлучи да се одложи оставката на Заев


Проследете ја во живо прес-конференцијата на претседавчот на Централниот одбор на СДСМ Перо Костадинов. – Се разгледуваа актуелните случувањеа во Републиката и во партијата, рече вечерва Костадинов. – Генералната одлука е донесена, а тоа е дека моментумот пред кој е исправена Македонија е голем и затоа е решено да се одложи оставката. ЦО едногласно донесе […]

Младата надеж на Ивица Дачиќ одржа говор за катодните цевки, господ и нуклеарната војна


„Имав трема“, им изјави Ана Гроздановиќ на српските медиуми по нејзиниот говор во Ниш. Таа вели дека во име на верата ќе открие нешто што ќе ги растресе моќните луѓе во светот, не само во Србија   Младата надеж на Социјалистичката партија на Србија, Ана Гроздановиќ, која одржа „незапаметен“ говор на митингот во Ниш во […]

(Видео) Се урна деловна зграда во Турција, десетмина се под урнатините


  Откако се урна деловна зграда во Малатија во источна Турција, десет лица останале заробени во урнатините, а 13 се спасени, соопштија локалните власти. „Околу дваесет луѓе беа во зградата во моментот на несреќата, нешто пред 17 часот по локално време“, рече гувернерот на провинцијата Малатија, Ајдин Барус за каналот А Хабер. Повеќе од два […]

Белгискиот парламент бара во меѓународното право да се воеде поимот „екоцид“


  Белгискиот парламент донесе резолуција со која од владата бара да се заземе за признавање и казнување за „екоцид“ на меѓународните судови по примерот за процесуирање на злосторства против човештвото. Ова гласање со големо мнозинство одржано во одборот мора да се потврди и на пленарна седница во парламентот „за две до три недели“, што треба […]

Напнато во Белград поради муралот на Ратко Младиќ, полицијата ги раздвојува десничарите и граѓаните


Вечерва во Белград, главниот град на Србија е напнато, затоа што група демонстранти, граѓани и активисти на невладини организации, но и членови на опозицијата сакаа да искажат незадоволство од инцидентот во улицата „Његош“, активистки со јајца го гаѓаа муралот на Ратко Младиќ, а потоа беа приведени. Но, на демонстрантите на пат им застана интервентната полиција […]

Заев дочекан со аплауз во СДСМ


Премиерот и лидер на СДСМ во оставка Зоран Заев вечерва беше пречекан со силен аплауз од неговите сопартијци на седницата на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз. Во моментот кога Заев се појави во просторијата каде се одржува седницата на Централниот одбор, тој беше пречекан со аплауз и скандирање „Зоки, Зоки“. Извори од СДСМ навестија  дека […]

Радукану ангажираше нов тренер


Британската тенисерка Ема Радукану има нов тренер, откако ја прекина соработката со Ендрју Ричардсон по сензационалниот триумф на Ју Ес Опен во септември годинава. Нов тренер на британската млада тениска ѕвезда е Торбен Белц, кој беше долгогодишен тренер на Германката Анжелик Кербер. Радукану како причина за отказот на Ричардсон наведе дека и е потребен поискусен тренер, а изборот го […]

Прерано е да се зборува за цената на електричната енергија, вели Бислимоски


Прерано е да се зборува за цената на електричната енергија, бидејќи прво треба да се расчисти кој и колку може да произведе струја во државата, со цел притисокот да не биде постојано врз ЕСМ, смета претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимовски. – Треба ЕСМ да има цена по која […]

Ковачевски исклучува саботажа во РЕК „Битола“, дефектите се поради капацитетите стари 40 години


Инцидентите и хавариите во електроенергетските капацитети никој не може да ги предвиди, но тие не треба да бидат изненадување ако се земе предвид дека гаранциите на производителите се 35 години, а во земјава се произведува електрична енергија во капацитети стари 40 години, изјави директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски. – Се вложува во нив, се инвестира, […]

Во Вучиќ немаат доверба ни Путин ни Западот, оценува Бошко Јакшиќ


Според Јакшиќ, за недовербата од двете страни виновен е самиот Вучиќ   Истата атмосфера ќе ја одбележи и средбата меѓу Александар Вучиќ и Владимир Путин на 25 ноември во Москва, без оглед на новите околности во однос на критичкиот однос на САД кон владеењето на српскиот претседател изјави за белградскиот весник „Данас“ Бошко Јакшиќ, искусен […]

Во скафандери за недоверба на владата


Двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ позитивни на корона вирусот во четврток ќе гласаат за недоверба на владата. Веднаш да разјаснам дека според здравствените протоколи, веќе еднаш  применувани, не треба да има никакви пречки тие да гласаат. Воедно им посакувам брзо оздравување. Меѓутоа, ова е добар пример за апсурдноста на ситуациите во Собранието кои се повторуваат како […]

Сарајот на Ахмед Нијази Бег во Ресен добива нов покрив, вели Стефоска


Сарајот на Ахмед Нијази Бег во Ресен и Домот на култура „Драги Тозија“, добива целосно нов покрив. Во тек е реконструкцијата која се одвива во две фази, а е предвидена во годишната програма на НУ Завод музеј Битола, финансирана од Министерството за култура. Првата фаза е во вредност од околу два милиони денари. -Со ова […]

Македонија ќе добие уште 3 милиони долари од Владата на САД за борбата против Ковид-19


Владата на САД денеска најави нови 2,7 милиони долари помош за земјата за борба против Ковид-19, преку УСАИД, кои ќе се надоврзат на неодамнешната донација во опрема и потрошни материјали во вредност од 400 илјади долари наменета за Северна Македонија за истата цел. Со ова, од почетокот на пандемијата, вкупната помош од САД за Северна […]

Скендер Реџепи ја прифати понудата на Мицевски


Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, потврди за „Слободен печат“ дека го прифаќа предизвикот на координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски, преку нова иницијатива за гласање доверба на Владата на која нема да биде Левица, да гласа да падне Владата на Зоран Заев.   – Начелно го прифаќам предизвикот на Мицевски, утре […]

Корона вирусот го нападна ВМРО-ДПМНЕ, позитивен и Папазов


Покрај координарот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеничката Ангелина Петковска,  позитивен на коронавирус е и градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. Утрово правел тест и му била потврдена дијагнозата.  Тој само два дена претходно имаше контакт со сите градоначалници од ВМРО ДПМНЕ, но и со лидерот на партијата Христијан Мицкоски. На средбата […]

Битиќи не знае дали ќе расправаат за оставката на Заев


Фатмир Битиќи од СДСМ денеска пред седницата на Извршниот одбор на партијата истакна дека ќе треба да се подготват за поднесената иницијатива за недоверба на Владата што е закажана за в четврток. -Треба да се спремиме за четврток. Пред нас се големи предизвици за кои сметам дека денеска ќе расправаме и ќе видиме кое е […]

Бугарија на Детската Евровизија со песна на  Гарванлиев, Јордановски и Малинова


Бугарија – На Детската Евровизија, што на 19 декември ќе се одржи во Париз, Бугарија ќе ја претставуваат Денислава Димитрова и Мартин Стојанов со песната „The Voice of Love“, чии автори се македонското трио Васил Гарванлиев, Давор Јордановски и Весна Малинова. Како што јави дописникот на МИА од Софија, официјалното претставување на песната „„The Voice of […]

Почина бизнисменот Адем Кочан


По долго и тешко боледување во Скопје денеска почина Адем Кочан, познат македонски бизнисмен. Тој е роден во 1955 година во Рожаје, Црна Гора а истата година со своето семејство почнале да живеат во Скопје. Во главниот град го завршил основното и средното образование, како и Економски факултет. По дипломирањето почнува да работи во тогашната […]