Од утре нема влез ни во отворени објекти без сертификат за вакцинација


Граѓаните од утре ќе може да посетуваат објекти од затворен и отворен тип само со сертификат за целосна имунизација или со потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена.Ваквата одлука беше донесена од страна на Владата на седницата одржана на 26 октомври. – Се дозволува влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен […]

Денес се избира градоначалник на Дебар


Во општина Дебар денеска се одржува вториот круг на локалните избори, поради тоа што на 31 октомври имаше прегласување во едно избирачко место, а ДИК поради нерегуларности во првиот круг во избирачкото место 0543, ја разреши општинската комисија. Општинска изборна комисија информира дека гласањето почна навреме во сите 27 избирачки места во градот и селските […]

БиХ: Почина девојчето кое падна во кома по операција на окото


Двегодишното девојче од Какањ кое падна во кома по операција на окото во приватна клиника во Сарањво, Џена Гаџун, почина рано утрово, јавуваат босанските медиуми. Срцето на Џена оа Какањ не издржа, не успеа да се избори со тешката состојба во која заврши по операција во проватната клиника „Бајтовиќ“. Таткото на малата Џена, Мурис Гаџун, […]

Трета сесија од втората сезона на проектот „Филмска училница“ во Кинотеката


Во Кинотеката вчера се одржа третата сесија од втората сезона на проектот „Филмска училница“, која беше посветена на доминантните филмски правци од почетокот на филмот како уметност. Учесниците, ученици од скопските средни училишта, под менторство на филмската и телевизиска режисерка Марија Џиџева прво ги прикажаа и анализираа нивните „домашни задачи“, во кои опсервираат предмети и […]

Задолжителна зимска опрема од утре, што сè треба да имате за да не ве казнат


Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од утре 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи […]

Османи од утре во работна посета на Брисел


Министерот за надворешни работи Бујар Османи од утре ќе престојува дводневна работна посета на Брисел, во чии рамки на покана на претседавачот со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, неговиот грчки колега Никос Дендијас, ќе учествува на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ПСЈИЕ. Како што соопшти МНР, на маргините на […]

ОН и ЕК различно гледаат на постигнувањата на КОП26


Европската комисија оцени дека договорот постигнат од 200 земји на Меѓународната конференција за климата во Глазгов (КОП26) го „одржува во живот“ договорот од Париз и му дава шанса на светот да го ограничи затоплувањето на планетата на 1,5 степени Целзиусови. – Постигнавме напредок во постигнувањето на трите цели што ги зацртавме на почетокот на конференцијата […]

На климатската конференција КОП26 постигнат договор за забрзување на борбата против затоплувањето


 Претставниците на речиси 200 земји на климатската конференција КОП26 во Глазгов синоќа усвоија договор за забрзување на борбата против глобалното затоплување, без да се осигура дека затоплувањето ќе остане на 1,5 степени Целзиусови и без одговор на барањата за помош на сиромашните земји. Договорот наречен „Глазговски пакт за климата“ беше усвоен по две недели напорни […]

Пренасочен режим на сообраќај на патниот правец Штип – Кочани


Поради изведување градежни работи на експресниот пат Штип – Кочани, сообраќајот на делницата од Компостарата до Подлошката крстосница на магистралниот пат А3 денеска се одвива со пренасочен режим. Од АМСМ апелираат до сите учесници во сообраќајот на зголемено внимание и на почитување на сообраќајната сигнализација за времен режим. На останатите државни патишта сообраќајот се одвива […]

Парламентарни и претседателски избори во Бугарија


Бугарија– Денеска во Бугарија за првпат се одржуваат парламентарни и претседателските избори. Ова се трети парламентарни избори во Бугарија во последните седум месеци. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Централната изборна комисија на Бугарија во последен момент одлучи да ги преброи контролните ливчиња од гласањето со машини, за да има гаранција за правичноста […]

Бесими: Префрлени се четири милјарди денари на ЕСМ за обезбедување на дополнителни количества струја


Министерот за финансии Фатмир Бесими уверува дека се преземаат соодветни чекори за ублажување на последиците од енергетската криза. Од Буџетот за 2021 година веќе се префрлени четири милијарди денари на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) за обезбедување дополнителни количества електрична енергија, вклучително и балансна енергија. – Во насока на ублажување на последиците од оваа […]

Колективот ЛИГНА од Хамбург со уметнички перформанси на покривот на ГТЦ


Колективот ЛИГНА од германскиот град Хамбург денеска на покривот на ГТЦ во Скопје ќе одржи два перформанс насловени „Дисеминација насекаде!“ и „Слушна реакција на архитектурата“. Настанот е продуциран од организацијата „Факултет за работи што не се учат – ФР~У“ со поддршка од Гете Институтот – Скопје во рамки на 16. АКТО Фестивал за современи уметности […]

Aктивни 8.600 случаи на Ковид-19, во претходното деноноќие стапката на инфицираност – 12 отсто


Според последните податоци на Институтот за јавно здравје, до вчера во земјава имаше 8.600 активни случаи на Ковид-19, откако во претходното деноноќие беа регистрирани 528 нови случаи на инфицирани со коронавирусот од 4.323 извршени тестирања, што претставува стапка од нешто над 12 проценти. Најмногу активни случаи има во Скопје и тоа 3.859, а троцифрена бројка […]

Времето облачно со утринска магла, можен дожд во западните делови


Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, со поголема облачност во западните делови каде што ќе има и услови за појава на краткотраен дожд. Во претпладневните часови по котлините ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени. […]

Австрија ќе ги стави во карантин невакцинираните


Австрија има намера да воведе „затворање“ за граѓаните кои не се вакцинирани против коронавирусот уште од недела на полноќ, а тоа според сегашниот план ќе биде на сила до 24-ти ноември. Нацрт-предлогот, во кој увид имала германската новинска агенција DPA, истакнува дека се потребни интервенции за да се „спречи распадот на здравствениот систем“. Доколку „затворањето“ […]

Беса се жали на притисоци од ДУИ пред дипломатите


На состанок на централно претседателство на Движење Беса во Тетово е утврден партискиот став дека на последните локални избори се исполнети зацртаните објективи како што е победата во Општина Тетово и Општина Желино. За нив достигнување се и 26.000 освоени гласови кои ја потврдиле политичката тежина на мандатите на пратениците освоени на изборите во 2020 […]

Доделени наградите „13 Ноември“ на Град Скопје


По повод Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември вечерва во Филхармонијата беа доделени 13-ноемвриските награди на овогодишните добитници, кои дале својот придонес за напредок на Градот Скопје. Добитници на наградата „13 Ноември“ за 2021 година се: Од областа на науката – проф. д-р Денко Малески и д-р. Емил Нијами Од областа на образованието […]

(Видео) Нереди на протестите поради делумното затворање во Холандија


Холандската полиција во саботата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите кои се противат на воведувањето на новиот делумен „локдаун“ во периодот кога земјата бележи рекорден број заразени со коронавирусиот и сѐ поголема бројка пациенти на одделите за интензивна нега. Премиерот Марк Руте во петокот најави триседмично „затворање“ кое се однесува на работата на […]

Мавровчани на протест побараа мораториум за градби


Урбаното дивеење, катастрофалната инфраструктура, бетонизацијата и загадувањето на езерото се само дел од причините кои што денеска ги собра жителите на мавровскиот регион на протест. Велат состојбата во регионот е аларманта, доколку ништо не се преземе, еден од најубавите предели во земјава ќе го изгуби и она малку што останало од препознатливиот сјај. Мавровчани побараа […]

Пендаровски: Состојбата во Собранието е пата-пата


Да почекаме од понеделник да видиме како ќе се развива ситуацијата по овој неуспешен обид за изгласување недоверба на Владата. Јасно е дека состојбата сега е пата-пата. Да видиме дали од понеделник ќе се формира ново, ќе се обнови постојното или ќе се зголеми ова што е досега мнозинство од 61 пратеник, изјави вечерва претседателот […]