Речиси 30 отсто е излезноста во Дебар до 15 часот


Излезноста на вториот круг од локалните избори во Дебар до 15 часот е 28,97 отсто. Како што соопши Државната изборна комисија, до 15 часот поднесени се 8 приговори за заштита на личното избирачко право и сите се прифатени. На 27 избирачки места право на глас имаат вкупно 19.211 гласачи.

Почина 26-годишна родилка со претходна тешка здравствена состојба и неконторолирана бременост


Во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза” во Чаир синоќа почина родилка на возраст од 26 години, на која со царски рез и било извадено машко бебе, соопшти Министерството за здравство. Во соопштението се посочува дека пациентката, прворотка која била во 36 седмица од бременоста, во болницата била донесена во многу тешка здравствена […]

Силен земјотрес регистриран во Иран


Во јужниот дел на Иран денеска е регистриран земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот беше на 47 километри југозападно од градот Бандар Абас на длабочина од 10 километри. Се уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета

ЗПР ги осудува барањата на полицискиот синдикат од Битола и говорот на омраза во медиумите кон Ромите


Здружение на правници Ромите остро реагира и ги осудува барањата на Полицискиот синдикат од Битола за поништување на пресудата од Кривичниот суд во Скопје според која нивниот колега Г. П. од Битола е осуден на една година затвор. Донесената пресуда на Кривичниот суд во Скопје е врз основа на обезбедени докази во текот на постапка […]

Во Русија цел месец секој ден по над 30.000 новозаразени со Ковид-19


Во последните 24 часа, бројот на новозаразени со коронавирусот во Русија е 38.823, а во последниот месец бројот на нови потврдени случаи бил над 30.000 секој ден, соопшти денеска рускиот кризен штаб. Вкупно 3.133 новозаразени со вирусот се регистрирани во Санкт Петербург, 2.955 во Московската област, 1.792 во областа Самара и 851 на Крим. Во моментов во Русија има […]

Петровска: Остануваме отворени за комуникација со партиите со кои ги делиме истите вредности


Оставката на премиерот Зоран Заев е многу јасна, очигледно е дека опозицијата селективно ги следи медиумите и известувањата. Заев и во Владата и во партијата поднесе оставка, но како политичка партија во органите на партијата одлучивме тие да бидат одложени се до целосно стабилизирање на државата, изјави Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ на денешната прес-конференција. […]

Опасност од пожар во Западна Австралија


Службата за вонредни ситуации на Западна Австралија денеска издаде предупредување за опасност од шумски пожар, кој е вон контрола источно од градот Перт. Локалните жители се предупредени да ги напуштат своите домови и да бараат побезбедно сместување. Во сезоните 2019 и 2020 година, Австралија претрпе невидени пожари во кои животот го загубија 33 лица, вклучително и девет […]

Синот на Гадафи се кандидира на претседателските избори во Либија во декември


Синот на соборениот либиски лидер Моамер Гадафи, Сеиф ел Ислам, се кандидираше за претседателските избори закажани за декември, изјави претставник на изборната комисија за локалните медиуми. – Сеиф ал Ислам Гадафи ја поднесе својата кандидатура за претседателските избори до канцеларијата на Изборната комисија во Сабха, во југозападниот дел на земјата, изјави претставникот за либискиот канал […]

Груби: Пратениците кои сакаат да ја видат земјата во ЕУ треба да дојдат во парламентарното мнозинство


Ситуацијата е стабилна, Македонија е безбедна, патот на Македонија во Европската Унија е загарантиран и убеден сум дека пратениците кои увидоа дека беа ставени во заблуда ќе дојдат во парламентарното мнозинство. Владата е стабилна, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби пред отворањето на третото издание на […]

„Опен Балкан ИД“ за слободен пристап до пазарот на трудот и олеснување на трговијата на Западен Балкан


Делегација на Северна Македонија предводена од заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски учествуваше на дводневниот работен состанок во Ниш, на кој се работеше на подготовка на сите предуслови за ефикасна имплементација на договорите што ја трасираат целта нашиот регион да стане поврзан, заеднички и отворен пазар. Како што соопшти владината прес-служба, на состанокот […]

Во Египет инвазија на скорпии по невреме


По силното невреме што го зафати египетскиот град Асуан, се појавија голем број скорпии кои убиле три лица, а стотина имаат здравствени проблеми по убодот. Официјален претставник на египетското Министерство за здравство потврди дека повеќе од 450 лица се јавиле на лекар поради за убод од скорпија, пренесува Би-Би-Си. Невремето проследено со град, обилни дождови […]

ТИРЗ со мерки за штедење на електрична енергија


Дирекцијата на Технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) започна со редукција на уличното осветлување во делови од ТИР Зоните низ државата, а целосно се исклучени и надворешните светлечки табли во Дирекцијата, како придонес во надминувањето на кризната состојба во енергетскиот сектор. Како што соопшти Дирекцијата на ТИРЗ, редуцирањето на уличното осветлување се прави во соработка и консултација […]

Лекарска комора: Косопад е честа појава во пост ковид периодот


Различни промени на кожата, манифестирани како црвенило, осип, лезии или поинтензивно опаѓање на косата се дел од симптомите кои може да ги предизвика Ковид-19 во акутната фаза на болеста или во подоцнежниот пост ковид период, елаборираше асс. д-р Ивана Дохчева Карајованов во рамките на неделната дискусија која ја организираше Лекарската комора. Настанот го модерираше претседателот […]

Македонските фудбалери вечерва играат за историја


Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје го пречекува Исланд во последниот натпревар од мундијалските квалификации на кој со победа првпат во својата историја ќе обезбеди место во баражот за пласман на Светското првенство 2022 во Катар. Натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје започнува во 18 часот, а „црвено-жолтите“ ги очекува поддршка од трибините од […]

Шахпаска: Новиот Закон за работни односи нуди модерни решенија во интерес на работниците


Новиот Закон за работни односи ќе понуди модерни решенија што се во интерес на работниците, пишува министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. – Овој Закон прецизно ќе ги уредува договорите на определено време, чие времетраење ќе биде драстично променето, сезонската работа целосно ќе одговори и на потребите на работодавците, односно ќе им гарантира […]

Електричен автомобил по цена на електричен велосипед (фото, видео)


Тоа е помалиот „брат“ на кинескиот модел Wuling Hong Guang Mini EV кој постигна неверојатна работа – го победи Tesla во борбата за титулата најпродаван електричен автомобил во Кина. Новиот помал модел е уште поскромен во понудата, но најсилен адут му е цената. Овој електричен автомобил чини 3.100 долари. Имаше само еден начин да се […]

Што всушност беше договорено на климатската конференција на ОН?


На климатската конференција на ОН, COP26, во саботата, преговарачите постигнаа договор за правилата за тргување со јаглерод и потенцијално го отворија патот за инвестиции од билиони долари во заштита на шумите, постројки за обновлива енергија и други проекти за борба против климатските промени. Конечниот договор, усвоен од речиси 200 земји, ќе го имплементира членот 6 […]

Трајанов: Бугарите ќе влезат во Уставот ако Македонците влезат во бугарскиот


Македонија ќе прифати измени на сопствениот Устав, само доколку се додаде македонското малцинство во бугарскиот Устав, вели Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, за софиски „Дневник“, во текстот под наслов „Новиот пристап на Софија кон Скопје е патека во ‘вистинска насока‘, но со опасни свиоци“. На прашањето – како ќе гласа во Парламентот доколку се […]

Со Центар Жупа и Маврово ќе раководат владини повереници место градоначалници


Владата наименува повереници, наместо градоначалници во во руралните општини Центар Жупа и Маврово- Ростуше, каде што на 17 октомври го немаше потребниот минимален цензус од 33 отсто излезност на гласачите. Владата заклучила дека во овие краеви миграцијата на населението е огромна, па поради тоа не се очекува во повторено гласање да се обезбеди  За општина […]

Тројца пациенти изгореа во пожар во ковид болница во Бугарија


Пожар избувна во одделението за КОВИД во болницата Хаџи Димитар во бугарскиот град Сливен, при што загинаа три лица, објавија ТВ Нова и БТВ. Сигналот за пожар бил примен околу 2.40 часот вечерва. Испратени се две противпожарни екипи при што е констатирано дека одделот за КОВИД гори на целиот кат. Пожарникарите пронашле двајца мажи кои […]