Речиси 30 отсто е излезноста во Дебар до 15 часот


Фото: Б. Грданоски

Излезноста на вториот круг од локалните избори во Дебар до 15 часот е 28,97 отсто.

Како што соопши Државната изборна комисија, до 15 часот поднесени се 8 приговори за заштита на личното избирачко право и сите се прифатени.

На 27 избирачки места право на глас имаат вкупно 19.211 гласачи.