Се чистеа и зазеленуваа осум училишта во Центар


Општина Центар организираше акција за чистење и зазеленување во сите осум основни училишта на територија на општината: ООУ „Кочо Рацин“, ООУ „Коле Неделковски“, ООУ „11 Октомври“, ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, ООУ „Димитар Миладинов“, ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и ООУ „Киро Глигоров“. Кон акцијата и се приклучија општинската администрација, вработените од ЈП […]

АВМУ: Несоодветно е однесувањето на обезбедувањето на ГТЦ


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги смета дека е крајно несоодветно однесувањето на обезбедувањето на Градскиот трговски центар и обидот да се отстранат новинарите за време на нивното известување за средбата со сопствениците на дуќаните во ГТЦ, кои бараат истрага за случајот со криптовалутите. -Истражувачкото новинарство е суштина на новинарската професија и тоа е […]

Одбраната на Камчев тврди дека Стразбур се интересира за неговата здравствена состојба


Бранителите на Орце Камчев тврдат дека до 24 ноември  Владата треба да даде информација на Судот во Стразбур за барањето на Орце Камчев да го прегледа доктор интернист/кардиолог во затворот во Идризово. Доколку е применливо, Судот во Стразбур ќе бара на увид одлуката, доколку не е одлучено по барањето на жалителот Судот ја повикува Владата […]

Филипче: Граѓаните имаат избор или да направат ПЦР тест што ќе го платат сами, или да се вакцинираат бесплатно


Мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести, како советодавно тело на министерот за здравство, се целосно издржани. Целта е да се одржи релативно стабилната епидемиолошка состојба и да се зголеми интересот за вакцинацијата, истакна министерот д-р Венко Филипче во синоќешното гостување во емисијата „360 степени“. – Во моментов на некој начин ние сме еден […]

Најмалку 30 загинати или исчезнати во поплави во Индија


Најмалку 30 лица загинаа или исчезнаа во поплавите во јужна Индија, јавија денеска локалните медиуми. Надојдена река однесе три автобуси во државата Андра Прадеш. Спасувачите извлекле повеќе од десет тела, а најмалку 18 лица се водат како исчезнати. Екстремните временски услови во Јужна Азија се последица на климатските промени, уништувањето на шумите, изградбата на брани […]

Расте притисокот врз Ѓоковиќ, вакцината против коронавирус задолжителна за Австралија опен


Сите тенисери, кои сакаат да настапат на Австралија опен во февруари идната година мораат да се вакцинираат против Ковид – 19, објави директорот на грен-слем турнирот во Мелбурн, Крег Тилеј. – Сакаме да бидеме целосно јасни. Кога премиерот (на сојузната држава Викторија) најави дека сите би требало да бидат вакцинирани, тоа им го пренесовме на тенисерите. Сите […]

Мерна станица за квалитет на воздух поставена во Кисела Вода


 Мерна станица за квалитет на амбиентален воздух е поставена во паркот „Македонија“, веднаш до Домот на култура. – Преку заедничка соработка на Општина Кисела Вода и Градот Скопје, жителите на овој дел од градот, за прв пат добија инструмент со кој се мери состојбата на воздухот. Се мери концентрација на PM10, NO2, SO2, CO како […]

Омбудсман: Физичката дистанца, онлајн наставата влијаат врз менталното здаравје на децата


Почитувањето на правата на детето е една од најважите работи кон кои треба сите да се стремиме, затоа што за секое демократско, напредно и развиено општество нема поважна работа од создавање на здрави, образовани, вредни, толерантни поколенија подготвени да се соочат со сите предизвици кои ги носи животот и модерното време, потенцираат од Народниот правобранител […]

Царовска: Го слушаме гласот на учениците и заеднички создаваме инклузивно и квалитетно образование


Министерството за образование и наука посветено работи на создавање на  поквалитетно и достапно образование за секое дете, истакнува министерката Мила Царовска во видео обраќање со кое го честиташе Меѓународниот ден на детето – 20 ноември. – Денеска кога го одбележуваме Меѓународниот ден на детето сакам да напоменам дека имаме една и единствена цел – да […]

Концерт на Биља Крстиќ на фестивалот „Музика од светот“ во Битола


Фестивалот „Музика од светот“ вечер продолжува со концерт на српската уметница Биља Крстиќ. Во пресрет на вечерашниот настап Крстиќ најави богат музички репертоар, а на првото гостување во Битола од својата богата музичка кариера ќе исполни и македонски народни песни. -Никогаш во животот не сум имала трема пред концерт, но мора да признам дека пред […]

Унгарија ги ограничува цените на струјата за малите бизниси


Унгарската влада најави дека ќе ги ограничи цените на електричната енергија за илјадници мали бизниси, со што ќе ја прошири мерката за ублажување на ценовниот шок кај домаќинствата. Одлуката за ограничување на цените на електричната енергија за малите бизниси беше објавена во четвртокот од шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, Гергели Гуљас. „Ова значи […]

Лекарот на Белата куќа: Бајден е здрав, силен и подготвен за должноста


Американскиот претседател Џо Бајден, кој беше подложен на лекарски преглед и колоноскопија во петокот, „е подготвен за должност и способен да ги извршува своите должности без никакви прилагодувања“, рече неговиот лекар во писмото објавено од Белата куќа. Кевин О’Конор, докторот на американскиот претседател, рече дека со колоноскопија е пронајден „бениген полип“ кој лесно бил отстранет. […]

Ѓоковиќ мора да биде вакциниран ако сака да игра на Австралија опен


Според шефот на турнирот 80 проценти од тенисерите и тенисерките веќе биле вакцинирани   Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ и сите други играчи ќе мора да се вакцинираат против Ковид-19 за да се натпреваруваат на Австралија Опен следниот јануари, изјави во саботата шефот на турнирот Крег Тајли. Ѓоковиќ одбива да открие дали е вакциниран […]

Почина легендарната југословенска пејачка Мерима Његомир


Легендарната југословенска фолк пејачка Мерима Његомир почина на 68-годишна возраст по кратко боледување, јавува Pink.rs.  Мерима Његомир ќе остане запаметена по фантастичните емотивни песни кои станаа топлу пополурани, што целиот Балкан и денес со задоволство ги слуша. Информацијата за српскиот портал низ солзи ја потврди нејзината ќерка Љубица. „Така е“, кратко одговори таа. Његомир во […]

„Нема да се чека долго“: Фаучи за вакцините против Ковид за бебиња и малите деца


Децата до пет години се единствената група во Америка, но и во некои други земји, која сè уште не може да добие вакцина против Ковид-19, но водечкиот епидемиолог Ентони Фаучи вели дека нема да се чека долго за такво нешто. – Се надевам дека тоа ќе им биде достапно за разумно краток временски период. Веројатно […]

Хаос во Ротердам поради анти-ковид мерките – има повеќе повредени (видео)


Толпи демонстранти во пристанишниот град Ротердам во Холандија запалија автомобили и фрлаа камења кон полицијата која одговори со истрели и водени топови, откако протестите против построгите мерки за Ковид-19 станаа насилни во петокот вечерта, при што беа повредени седум лица, јавија агенциите. „Пукавме предупредувачки истрели, а имаше и директни бидејќи ситуацијата беше опасна по живот“, […]

Лучиќ: Македонскиот телекомуникациски пазар е развиен и има голем човечки потенцијал


Нашиот влез како трет телекомуникациски оператор на македонскиот пазар беше одлука која ја потврдува и ја зајакнува нашата улога како предводник во дигиталната трансформација и лидер меѓу телеком компаниите во регионот. Поседуваме големо искуство, а во Македонија затекнавме особено развиен и уреден пазар, како и голем човечки потенцијал во областите кои што нам ни се […]

Град Скопје ќе ги „обои“ во сино своите социјални мрежи на Светскиот ден на детето


Градот Скопје соопшти дека се приклучува на иницијативата за одбележување на Светскиот ден на детето – 20 Ноември и на покана на УНИЦЕФ ќе ги „обои“ во сино своите социјални мрежи фејсбук, твитер и инстаграм. На овие мрежи ќе бидат споделени постери со пораки за посреќно детство #ЗаСекоеДете. По повод усвојувањето на Конвенцијата за правата […]

МКС прекина истрага против Дутерте за војната против дилерите на дрога на Филипини


Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) ја прекина истрагата на барање на Манила во врска со сомнежот дека претседателот Родриго Дутерте ги прекршил човековите права за време на војната против дилерите на дрога. Судиите на МКС одобрија истрага за кампањата во септември во која беа убиени илјадници осомничени трговци со дрога, пренесува Ројтерс. Активистите […]

Француски „Декатлон“ влегува во Македонија


Познатиот француски трговски синџир „Декатлон“ (Decathlon) влегува на пазарот во Македонија, пишува порталот Skimacedonia на истоименото здружение чија основна дејност е промоција на ски регионите и национални паркови, туризмот и развој на зимските и аутдор спортови. Како што се наведува во информацијата подготвките за овој процес се веќе започнати и ќе се реализира во три […]