Одбраната на Камчев тврди дека Стразбур се интересира за неговата здравствена состојба


Бранителите на Орце Камчев тврдат дека до 24 ноември  Владата треба да даде информација на Судот во Стразбур за барањето на Орце Камчев да го прегледа доктор интернист/кардиолог во затворот во Идризово. Доколку е применливо, Судот во Стразбур ќе бара на увид одлуката, доколку не е одлучено по барањето на жалителот Судот ја повикува Владата да го извести за причините зошто истата ја нема.

Исто така, Судот во Стразбур бара образложение од Владата на Македонија и за последниот медицински третман на Камчев во врска со неговата срцева состојба. Конкретно, на кој начин и до кој степен националните власти му обезбедиле на Камчев редовен медицински третман од кардиолог или медицински прегледи со помош на ехокардиографија или коронарографија?

Според оваа информација, Европскиот суд за човекови  е во постапка за изрекување на времена мерка со која на македонските власти треба да им наложи под итно да извршат медицински преглед од кардиолог и итно ослободување и сместување во домашен притвор поради неговата  влошена здравствена состојба.