Мировните сили на ОН соочени со се поголем број закани


Повеќе од 66.000 членови на мировните сили на ОН се соочуваат со поголеми закани денес, бидејќи конфликтите станаа посложени и се погодени од голем број фактори – од етнички тензии и влијанието на организираниот криминал до незаконска експлоатација на ресурси и тероризам, изјави шефот на мировните сили на ОН, Жан-Пјер Лакроа. Тој истакна дека дури […]

Построги мерки или едукација – што е поцелисходно против Ковид-19


Предлог-мерките на Комисијата за заразни болести со кои се бара вработените во јавниот сектор на работното место да приложат сертификат за вакцинација, негативен ПЦР тест со важност од 72 часа кој ќе го прават на нивни трошок или сертификат за прележан ковид се уште ја бранува јавноста. Надлежните здравствени власти остануваат на ставот дека овие […]

„А1 лизгалиште“ во СЦ „Борис Трајковски“ ја започнува новата сезона


„А1 лизгалиште“ денеска ја започнува новата сезона, информираат од Спортскиот центар „Борис Трајковски“. – Избегнете ги гужвите во затворен простор и дојдете на единственото место за забава и релаксација на мраз за целото семејство. Подгответе се за нови зимски лудории, стои во соопштението од СЦ „Борис Трајковски“.

Одбележување на Светскиот ден на детето


Светскиот ден на детето првпат во 1954 година беше прогласен за Универзален ден на детето и се слави на 20-ти ноември секоја година за да се промовира меѓународното заедништво, потребата од заштита на правата на децата и подобрувањето на нивната благосостојба. Прва детска амбасада во светот Меѓаши, Светскиот ден на детето ќе го прослави отстапувајќи […]

Децата повеќе играат со некој член од потесното семејство, отколку со мајката и таткото


Повозрасните членови од потесното семејство, а не мајката и таткото, се оние со кои најчесто си играат децата, покажуваат податоците што Државниот завод за статистика ги објави по повод 20 Ноември -Светскиот ден на детето. Според објавените податоци, 32 проценти од децата најмногу играат со таткото, 73 проценти со мајката, а 88 проценти играат со […]

Премиера на претставата „Жени“ во Битола


Премиера на претставата „Жени“, работена по документарни материјали, а во режија на Софија Ристевска Петрушева ќе се одржи денеска во Битола, во организација на Интимен Театар. Во претставата учествуваат Катерина Петровска, Јоланта Дафовска, Јасмина Костандинова и Валентин Дамчевски – жени што зборуваат за своите животи, а во исто време го користат театарот како алатка за […]

Променливо облачно, од понеделник дожд


Времето денеска претпладне ќе биде умерено до значително облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната од 11 до 18 степени. Во Скопје, рано наутро ќе биде облачно, а веќе до […]

Претставничкиот дом на Конгресот ја изгласа програмата на Бајден за социјална заштита и климатските промени


Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска го усвои законскиот предлог на администрацијата на претседателот Џо Бајден за доделување 1,750 милијарди долари за социјална заштита и борба против климатските промени. За предлог-законот гласаа 220 членови на Долниот дом на Конгресот, додека 213 гласаа против. Гласањето беше одложено бидејќи лидерот на републиканското малцинство во Претставничкиот дом, Кевин […]

Meдицинска сестра во Хрватска земала мито и запишувала луѓе како вакцинирани


Медицинска сестра од Загреб е уапсена за издавање на фалсификувани ковид сертификати на осум лица, кои ги внела во списокот на вакцинирани врз основа на што ваделе потврди. Засега не е познато колку наплаќала за услугата, но со неа е приведен и нејзиниот 22 годишен пријател, кој бил посредник во комуникацијата со лицата кои сакале […]

Балкански рис фотографиран како шета низ НП Маврово


Фотографија од балкански рис денес беше објавена на фејсбук страната во Националниот парк Маврово. „Уште еден примерок на рис фотографиран во Националниот парк Маврово, главното упориште на балканскиот рис“, наведено е на објавата.  

Принцот Чарлс и Камила уживаа во зајдисонцето над пирамидите во Гиза


Египет- Принцот од Велс и војвотката од Корнвол ја направија својата прва заедничка посета на пирамидите. Принцот и војвотката, кои се во дводневна посета на Египет, позираа за ултимативни празнични фотографии на пирамидите во Гиза и пред Сфингата. Двојката одеше рака под рака за лична обиколка на едно од чудата на античкиот свет, додека го гледаа […]

Дали „30“ може да биде последниот албум на Адел именуван по нејзината возраст? Еве што вели таа


САД- Чекањето заврши, бидејќи новиот албум на Адел, „30“, конечно излезе денес. Тоа е нејзиниот четврти албум насловен по возраста што ги напиша и ги сними песните, иако обожавателите на Адел знаат дека таа изјави со години дека ќе ја промени својата традиција на наслови по третата. Што мисли таа за тоа? „Па, една работа: […]

По медицинската интервенција Бајден повторно ги презеде овластувањата во Белата куќа


САД – Американскиот претседател Џо Бајден си ги поврати претседателските овластувања што „кусо време“ и ги имаше пренесено на  потпретседателката Камала Харис поради „тоа што беше под анестезија заради колоноскопски преглед“, како дел од неговата редовна проверка на здравствената состојба, соопшти Белата куќа. Бајден, најстариот претседател во историјата на САД, рано утринава замина на преглед во […]

Разговорите со Алтернатива продолжуваат, Заев идната недела ќе си даде оставка во СДСМ


Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, по денешната средба со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, рече дека било разговарано за неколку проблематики за кои останува за време на викендот да размислат и во СДСМ и во Алтернатива, но и кај партнерите од владината коалиција. „Нашата покана е Алтернатива да биде дел од Владата. Таргетот […]

Уличен дефект ја остави Општина Аеродром без вода


На ден 19.11.2021 поради уличен дефект ф 100 мм на Бул.„Видое Смилевски Бато“ (кај „Жито Маркет“) во Општина Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Бул.„Видое Смилевски Бато“ од бр.31 до бр.93 (висока зона) од 16:10 часот до санирање на дефектот. Исто така поради уличен дефект ф 80 мм на улица „Козле“ бр.108, денеска од […]

Потврдена кандидатурата на Џулијан Смит за американска амбасадорка во НАТО 


САД – Американскиот Сенат синоќа ја потврди кандидатурата на Џулијан Смит за функцијата амбасадор на САД во НАТО, откако републиканскиот сенатор од Мисури, Џош Хоули, ја повлече блокадата за нејзино назначување.   Џулијан Смит на новата функција доаѓа од сенатскиот комитет за вооружување, а претходно работела во Пентагон, каде го предводела Одделот за европски и НАТО […]

Филипче: Задолжителната вакцинација на здравствените работници е важна затоа што тие треба да бидат пример


Задолжителната вакцинација на здравствените работници е важна поради тоа што здравствените работници се тие кои што треба да бидат пример за тоа. Доколку пациентите доаѓаат таму да се лекуваат, мора да знаат дека луѓето кои ги лекуваат се целосно вакцинирани, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. За предлог-мерките, како што рече, ќе се разговара […]

Де Брујне позитивен на коронавирус


Тренерот на премиерлигашот Манчестер сити, Пеп Гвардиола, објави денеска дека во следниот период нема да може да смета на услугите на играчот за врска Кевин де Брујне поради позитивен тест на коронавирус. Де Брујне изминатите две недели беше во составот на белгиската репрезентација за мундијалските квалификации, а по враќањето во Манчестер резултатот од задолжителното ковид […]

САД одобри трета доза вакцина против Ковид-19 за возрасни


Здравствените власти на САД денеска соопштија дека одобриле трета доза вакцина против Ковид за сите возрасни лица кои биле целосно вакцинирани пред најмалку шест месеци. Американската агенција за лекови (ФДА) соопшти дека ова вонредно одобрение за вакцина издадено за Фајзер и Модерна овозможува „да се обезбеди континуирана заштита од Ковид-19, посебно од сериозни последици што […]

Бајден на колоноскопски преглед, овластувањата кусо ќе ги преземе Камала Харис


Белата куќа денеска соопшти дека претседателот Џо Бајден ќе биде подложен на рутински колоноскопски преглед и своите претседателски овластувања привремено ќе и ги пренесе на потпретседателката Камала Харис. Деталите за здравствената состојба на претседателот, кој утре ќе наполни 79 години, ќе бидат објавени подоцна денеска, соопшти Белата куќа. „Претседателот ќе биде подложен на рутинска колоноскопија […]