Фајзер: Нашата вакцина дава силен имунолошки одговор кај децата на возраст од 12 до 15 години


САД – Американската фармацевтска компанија Фајзер денеска објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 давала силен имунолошки одговор против болеста за време на истражувањето кај деца на возраст од 12 до 15 години. Британските медиуми пренесувајќи го ставот на компанијата наведуваат дека две дози од вакцината на Фајзер се 100 отсто ефикасни против Ковид-19, врз основа на […]

Бугарскиот премиер Јанев на местото на несреќата: Трагедијата не потресе


Во тек е истрага за тешката сообраќајка на автопатот Струма, изјави за новинарите премиерот Стефан Јанев кој е на местото на несреќата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Јанев им изрази сочувство на семејствата на загинатите и ги повика истражителите да си ја завршат работата. – Имаме огромна трагедија, немаме ништо добро да […]

Бела куќа: Бајден планира да се кандидира за претседател на следните избори


САД– Американскиот претседател Џо Бајден планира да се кандидира на претседателските избори во 2024 година, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. – Да, тоа е неговата намера, им рече Псаки на новинарите. Популарноста на Џо Бајден (79) опадна во последните месеци, што ги натера некои демократи да се запрашаат дали тој ќе се кандидира на следните претседателски избори, коментираат светските агенции. […]

Македонскиот автобус се враќал од ескурзија од Истанбул


Премиерот Зоран Заев денеска за ТВ21 истакна дека со министерот за здравство Венко Филипче и министерот за надворешни работи Бујар Османи се веќе пред Софија. Премиерот вели дека се работи за страшна трагедија, а македонскиот автобус се враќал од Истанбул каде граѓаните биле на екскурзија. Се случи страшна трагедија на автопатот Струма према Благоевград. Македонски […]

Сочувство од Вархеи за сообраќајната несреќа


Белгија- Сочувство преку Твитер за автобуската несреќа во која загинаа најмалку 46 лица на автопатот Струма. „Ужасни вести за трагичната автобуска несреќа во Бугарија рано утрината. Моите мисли и сочувство се со семејствата и пријателите на загинатите како и со луѓето и властите на Северна Македонија. Им посакувам брзо заздравување на повредените“, напиша Оливер Вархеји […]

Телефонски разговор Стоев – Османи за автобуската несреќа


Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев телефонски разговарал со својот колега од Република Северна Македонија Бујар Османи, кој е на пат за Бугарија во врска со тешката автобуска несреќа на автопатот Струма. Бугарското МНР соопшти дека Стоев изразил искрено сочувство до роднините на загинатите, како и надеж за брзо закрепнување на жртвите. Бугарскиот министер […]

Отворена изложбата „Рак не е само хороскопски знак“


„Рак не е само хороскопски знак“ е насловот на самостојната изложба на уметникот Сокол Марковски, која од денеска ќе биде отворена во галеријата „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“. Сликите се изработени во периодот меѓу 2020 и 2021 година, во техниките масло на платно и комбинирана техника и дигитален принт на хартија. -Идејата врз […]

Градоначалникот на Перник : На оваа делница често има несреќи, оваа рута е една од најтешките во Бугарија


Автобусот скинал околу 50 метри од заштитната ограда, изјави градоначалникот на Перник Станислав Владимиров пред новинарите во близина на местото на несреќата, во која загинаа 46 лица. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Владимиров, делницата е влажна. Причините за несреќата можат да бидат многу. Патот е влажен. Овој дел има многу голема […]

МАТТО домаќин на стопанственици од Косово – бизнис средби за поинтензивна соработка


Стопанската комора на Македонија – Турција (MATTO) денеска ќе биде домаќин на Стопанската комора на Косово – Турција (КТТО) и на Здружението на стопанственици и занаетчии „ЕСНАФ“ од Косово. Во рамки на бизнис настанот, чија цел е придонес за развој на социо-економските односи меѓу Турција, Северна Македонија и Косово, ќе бидат презентирани економските показатели и […]

Продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот 2022


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по Предлог-буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година. Расправата почна на 15 ноември, а може да трае најмногу десет дена. Потоа Предлогот преминува на собраниска седница која може да трае најмногу пет дена. Се очекува Буџетот да биде донесен не подоцна од […]

Заев, Османи и Филипче заминаа за Бугарија


Премиерот Зоран Заев за МИА потврди дека оди за Бугарија да ги посети преживеаните во автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот „Струма“ во која според првичните информации животот го загубија најмалку 45 лица, а седум се повредени. Со Заев за Бугарија заминаа и министерот за здравство Венко Филипче и шефот на дипломатијата Бујар […]

Техничка неисправност на автобусот или грешка на возачот, можни причини за несреќата


Грешка на возачот или ненадејна техничка неисправност на автобусот, се можни причини за несреќата во која загинаа најмалку 46 лица, а седум се повредени, изјави директорот на бугарската националната истражна служба Борислав Сарафов. Тој информира дека во опожарениот автобус имало 52 патници, од кои 12 се деца. Првичните информации говорат дека нема бугарски државјани. Меѓу […]

Седумнаесетгодишно девојче и шест возрасни лица се хоспитализирани во Софија


Во болницата Пирогов во Софија по несреќата со автобусот на автопатот Струма се примени 17-годишно девојче и шест возрасни лица, изјави за БТА д-р Маја Аргирова од Клиниката за изгореници при медицинската установа. Нема опасност по нивните животи. Девојчето и петмина од возрасните се на Клиниката за изгореници, а еден е упатен на Клиниката за […]

Најмалку 46 загинати во несреќата на македонски автобус во Бугарија


Најмалку 46 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во која се запали македонски автобус на автопатот „Струма“ во близината на Перник, јавија бугарските медиуми. Во автобусот патувале 52 лица. Меѓу загинатите има 12 малолетници, меѓу кои и двајца близнаци. Во несреќата загинал и возачот. Преживеале шест лица кои биле сместени во болницата „Пирогов“ во Софија. […]

Облачно и локален дожд претпладне, дневната температура до 15 степени


Времето денеска ќе биде претежно облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје ќе биде облачно со повремен слаб дожд, особено претпладне. Ќе дува […]

Бундесбанк предупредува на „зимска пауза“ за германската економија


Недостигот од суровини и работна сила и новите ограничувања во борбата против пандемијата на Ковид 19 доведоа до „пауза“ во закрепнувањето на германската економија од корона кризата, но не ја запреа инфлацијата, објави во понеделникот централната банка на Германија. Германската економија силно порасна во првата половина од годината, но растот во меѓувреме забави поради нарушувањата […]

Блумберг: Се очекува Бајден да објави ослободување на нафтените резерви


Американскиот претседател Џо Бајден најверојатно утре ќе објави дека ќе ослободи дел од нафтата од стратешките резерви на земјата со цел да влијае на цените на енергијата, соопшти Блумберг. Според агенцијата, слични изјави се очекуваат и од други земји. Индија пред неколку дена го одби барањето на американската администрација да ја разгледа можноста за ослободување […]

Богоев се чуди: Во која држава партиски лидер држи прес конференции со вработени во администрација


На првата средба меѓу СДСМ и Алтернатива е разговарано за основите, односно за концептот, нагласи членот на Извршниот одбор на СДСМ, Стефан Богоев во емисијата „Само вистина“ на Канал 5  телевизија. Тој додаде дека предлагање на нова Влада подразбира и предлагање на нова владина програма. Владината програма која што лани беше усвоена на владејачката коалиција […]

Австрија покажува дека задолжителната вакцинација не е веќе незамислива


Во изминатите неколку недели, Австрија стигна до многу нови рекорди со Ковид-19 – ниту еден од нив не е добар. На 18 ноември беа регистрирани 15.145 нови случаи, што е најголем број забележан од почетокот на пандемијата. И седумдневниот просек за нови потврдени случаи на милион луѓе е 1.395, што е повеќе од двојно од […]

Пендаровски: Не сме влезени во бугарско сценарио


Претседателот Стево Пендаровски не смета дека земјава е влезена во бугарско сценарио. Политичките случувањата, според него, се уште се одвиваат во рамки на Парламентот, низ процедура, и тоа е добро. Лошо ќе биде, вели, ако се прелеат на улица. Како што рече Пендаровски во вечерашното гостување на ТВ Сител, најголемата заблуда е дека тој во […]