Предан: Ако не успее ЕУ да го пополни просторот во регионот, тогаш некој друг ќе направи тоа


Сметам дека регионот заслужува јасна европска перспектива. Да се надеваме дека следната година во исто време нема да има потреба да зборуваме колку е важна европската перспектива, туку ќе можеме да кажеме дека европската перспектива е веќе тука, дека веќе преговарате. Речиси сум сигурен дека тоа ќе се случи, ќе дознаеме во декември, но тоа […]

Кои се најбрзо растечките ИТ компании во Централна и Источна Европа


Компании од девет земји од Централна и Источна Европа влегоа годинава во главната конкуренција на Deloitte Technology Fast 50, платформа која препознава и профилира брзорастечки технолошки компании во регионот. Програмата, која сега е во својата 22-ра година, ги рангира 50-те најбрзорастечки јавни или приватни технолошки компании. Годинава најуспешни беа Чешка со 19 компании и Полска […]

Модерна ќе развие дополнителна доза од вакцината за новооткриениот „омикрон“ сој на коронавирусот


Компанијата Модерна соопшти дека има намера да развие засилувачка доза на антиковид вакцината, специјално насочена кон новиот вид на вирусот – омикрон, што е откриен во Јужна Африка, а Светската здравствена организација го опиша како „загрижувачки“. „Модерна брзо ќе развие кандидат за вакцина за засилувачката доза специфична за омикрон сојот“, се наведува во соопштението на […]

ЈП „Лајка“ ја поддржа иницијативата „Social Friday“


Петок повеќе не е денот кога ги броите минутите за да си заминете порано од работа. Во рамките на глобалната иницијатива #SocialFriday денеска нашите волонтери беа од институтот за дигитален маркетинг Galeksia. Дел од вработените со своите најмили одлучија овој петок работниот ден да го поминат помагајќи им на бездомните животни во прифатилиштето. Необичен петок […]

Почнува транспортот на повредените во автобуската несреќа


Почнува враќањето во земјава на повредените во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија. Првите двајца хоспитализирани во софиската болница „Пирогов“ се отпуштени денеска, уште двајца ќе бидат утре, двајца на 30 ноември и едно лице на 1 декември. Повредените се во добра и стабилна здравствена состојба. Се очекува тие да бидат преземени за натамошно набљудување […]

СЗО: Новиот сој коронавирус е загрижувачки и високо пренослив


 Советодавниот панел на Светската здравствена организација (СЗО) го класифицираше новиот вид на Ковид-19, откриен во Јужна Африка, како „загрижувачки“ и високо пренослив вирус и го нарече Омикрон. Тоа е првпат за неколку месеци СЗО да класифицира нов вид на вирус како таков. Во истата категорија е и делта сојот што стана најзастапен во светот. „Сојот […]

Втор ден прекин на железничкиот сообраќај


Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во држававa втор ден е во целосен прекин, откако машинскиот и извршниот персонал од вчера во 7 часот ја бојкотираат работата, барајќи исплата на вториот дел од платата за октомври. Душко Чакаровски, претседател на синдикатот на машинскиот персонал, изјави за МИА дека бојкотот ќе трае се до исполнување на поставеното […]

Австралија воведува ограничувања за патувања за девет јужноафрикански земји


Австралија денеска воведе ограничувања за лицата кои живеат во девет јужноафрикански земји поради загриженоста од новиот вид на коронавирус „омикрон“, при што владата бара 14-дневен карантин за австралиските граѓани кои се враќаат од тиие земји, изјави министерот за здравство Грег Хант. Земјите кои подлежат на ограничувањата се Јужна Африка, Намибија, Зимбабве, Боцвана, Лесото, Есватини, Сејшели, […]

Најмалку 19 загинати и 32 повредени патници откако автобус се заби во куќа во Мексико


Најмалку 19 лица загинаа, а 32 се повредени во автобуска несреќа што вчера се случи во Мексико, соопштија властите, пренесе ДПА. Автобусот удрил во куќа во малиот град Сан Хозе Ел Гард, на околу 50 километри југозападно од Мексико Сити, откако му откажале сопирачките, соопштија властите. Автобусот патувал од западната држава Мичоакано, до местото за […]

Во Новата година со нов премиер и со нова Влада?


Станува извесно дека земјата околу Нова Година ќе има нов премиер и нова Влада, по синоќешните состаноци на највисоките партиски раководства на СДСМ и на Алтернатива. СДСМ на 12 декември ќе избира нов лидер што треба да го наследи Зоран Заев кој поднесе оставка, за што постапката почнува утре. Оваа одлука била донесена на синоќешната […]

Бајден ќе ги смирува Путин и Зеленски


Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека најверојатно ќе разговара со својот руски и украински колега во обид да ги смири тензиите меѓу двете земји, во време кога Русија е обвинета за акумулација на сили на нивната заедничка граница. На прашањето на новинарите дали ќе разговара со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир […]

Oбвинител и истражител од Бугарија ќе ги преземат материјалите за истрагата за автобуската несреќа


Заменикот окружен јавен обвинител на Окружното јавно обвинителство Перник Бисер Јорданов Михајлов и истражителот во Националната истражна служба на Република Бугарија Младен Христов Петров денеска од јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески ќе ги преземат материјалите поврзани со истрагата и со идентификацијата на жртвите во тешката автобуска несреќа во Бугарија. Преземањето на материјалите, […]

Одложен Фестивалот на италијанска храна, ќе се одржи наредниот викенд


Фестивалот на италијанска храна што требаше да се одржи викендов е одложен за 4 и 5 декември, соопшија оганизаторите. „Согласно прогласените денови на жалост поради трагичната сообраќајна несреќа која се случи во Бугарија, во која животот го загубија 45 македонски граѓани, одлучивме да го одложиме одржувањето на Фестивалот на италијанска храна. Наместо овој викенд (27 […]

СТО свика министерски состанок прв пат по четири години, па го одложи поради „омикрон“ сојот


Светската трговска организација (СТО) соопшти дека го одложува својот прв министерски состанок по четири години поради влошената здравствена ситуација, што оваа најавена средба ја направи првата голема дипломатска „жртва“ на новиот вид коронавирус наречен „омикрон“. Министрите на членките на СТО требаше да се соберат следната недела на состанок, што се сметаше и за тест за […]

Новиот „омикрон“ сој на корона вирусот го зголеми стравот од Ковид – 19


Според светската статистика, во светот досега од корона вирусот се заразиле над 260 милиони луѓе, починале 5,2 милиони и оздравеле околу 235 мипиони жители. Битката против пандемијата дополнително се усложнува поради најновиот сој на коронаворусот откриен во Јужна Африка, кој го доби името „омикрон“, поради што Светската здравствена организација СЗО свика итен состанок.  Тулио де […]

Од 6 август до завчера 81 отсто од хоспитализираните и 69 отсто од заразените со Ковид-19 не биле вакцинирани


Дури 69 отсто од заразените во период од 6 август до завчера, не биле вакцинирани и 81 отсто од хоспитализираните. Во тој период, биле регистрирани 58.276 случаи на Ковид-19, од кои 17.896 или 31 отсто биле целосно вакцинирани, а 40.380, односно 69 отсто не биле вакцинирани. Од починатите, 1.571 пациент, односно 79 отсто не биле […]

Облачно со повремен дожд и ветер, температурата до 16 степени


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и со умерен ветер од јужен правец. Минималната температура […]

Заев го предложил Ковачевски за наследник


Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, на вечерашната седница на партискиот Централен одбор го предложил заменик-министерот и член на партискиот Извршен одбор Димитар Ковачевски за негов наследник во партијата, а со тоа и за нов мандатар, велат партиски извори. Според неофицијални информаци, откако Заев се појави со Ковачевски на средбата со лидерот на Алтернатива Африм […]

Лекот на Мерк против Ковид-19 е помалку ефикасен во новите студии


Фармацевтската компанија Мерк во петокот ги објави резултатите од новата студија која покажа дека нејзиниот експериментален лек против Ковид-19 е помалку ефикасен во намалувањето на хоспитализирањата и смртните случаи во споредба со претходните резултати. Врз основа на 1.400 пациенти, ефективноста падна на 30 отсто од претходните 50 отсто според студијата на 775 пациенти чии резултати […]

БДП на Хрватска скокна за 15,8 отсто во третиот квартал


Благодарение најмногу на растот на потрошувачката, увозот, извозот и инвестициите, хрватската економија во третиот квартал порасна за 15,8 отсто на годишно ниво, што е втор квартал по ред како цврсто закрепнува од корона кризата. Државниот завод за статистика во петокот ја објави првата проценка дека бруто домашниот производ (БДП) пораснал за 15,8 отсто минатиот квартал […]