Одложен Фестивалот на италијанска храна, ќе се одржи наредниот викенд


Фестивалот на италијанска храна што требаше да се одржи викендов е одложен за 4 и 5 декември, соопшија оганизаторите.

„Согласно прогласените денови на жалост поради трагичната сообраќајна несреќа која се случи во Бугарија, во која животот го загубија 45 македонски граѓани, одлучивме да го одложиме одржувањето на Фестивалот на италијанска храна.

Наместо овој викенд (27 и 28 ноември), настанот ќе се одржи наредниот викенд на 4 и 5 декември, на истата локација“, се вели во соопштението до медиумите.

Инаку, преттодно беше најавено дека овој фестивал ќе понуди промоција и продажба на италијански прехранбени производи, вина, кафе и слатки, музика во живо, дружење и уживање.