Милевски: Дојде време повеќе да се слуша гласот на ЛДП


Горан Милевски, лидерот на ЛДП, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека Зоран Заев откако објави дека ќе поднесе оставка на позицијата премиер, ќе побара мислење од коалиционите партнери за новото име што треба да ја предводи Владата. „Оставен е простор дека името е отворена тема, рече дека ќе го слушне мислењето на коалициопните партнери оваа […]

Кина лансира воен сателит кој ќе го чисти вселенскиот отпад


Кина во вселената лансира нов воен сателит со намера да го реши проблемот со вселенски отпад. Сателитот „Шијиан-21“ е лансиран со помош на ракетата „Лонг ларч 3Бе“ од центарот Џичанг на југозападот на Кина уште на 23 октомври, а негова задача ќе биде да ја тестира и да ја провери технологијата наменета за намалување на […]

Moнографија за славниот диригент Ловро Матачиќ-од хорот на Виенските момчиња до пријател на Фон Карајан


Националната опера и балет и Филхармонија в четврток во 13 часот ќе ја промовираат монографијата “Ловро Матачиќ”  од Ана Видиќ. Издавач на книгата е Фондацијата Ловро и Лили Матачиќ од Загреб. Промотери на книгата се:  д-р Јулијана Папазова (музиколог) и Јосип Налис (генерален секретар на Фондацијата Ловро и Лили Матачиќ). Ловро Матачиќ (1899-1985), претставува еден […]

МНР бара од советниците да го почитуваат уставното име на државата


Во врска со последните случувања на конститутивните седници на советите на општина Штип и општина Аеродром, Министерството за надворешни работи изразува загриженост од, како што наведува во соопштение, постапките на дел од советниците избрани на последните локални избори во врска со потпишувањето на свечената изјава согласно Законот за локалната самоуправа, и повикува на доследна примена […]

Петровска до Арсовска: Слободно нека ме тужи за бугарскиот пасош


Резултатите од локалните избори покажаа дека голем број од гласачите на СДСМ не излегоа на избори, вели пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска за „Утрински брифинг“. -Целта на соопштувањето на информацијата дека Арсовска има бугарско државјанство беше да им се каже вистината на граѓаните. Ја добивме таа информација тогаш кога ја добивме, не тактизиравме, туку чекавме […]

Во потрага по премиер


Кого треба да го слуша Зоран Заев – владините партнери или својот збор? Тоа се претвора во клучното прашање од ноќта на изборите кога Заев изјави дека поднесува оставка и на местото премиер и на позицијата претседател на СДСМ. Расправите околу тоа дали тој требаше да го поврзе останувањето на премиерската функција со победата на […]

МНР: Општините и советниците доследно да го применуваат уставното име на државата


 Во врска со последните случувања на конститутивните седници на советите на општина Штип и општина Аеродром, Министерството за надворешни работи изразува загриженост од, како што наведува во соопштение, постапките на дел од советниците избрани на последните локални избори во врска со потпишувањето на свечената изјава согласно Законот за локалната самоуправа, и повикува на доследна примена […]

Наскоро заеднички гранични премини со Албанија


Денеска, Владата на Република Северна Македонија ја одржа 117-та редовна седница, со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните. Меѓу другото, Владата денеска го утврди Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија за воспоставување на заеднички гранични премини според концептот на […]

Ангеловска-Бежоска: Силна финансиска регулатива за натамошно јакнење на финансиската стабилност


Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, како претставник на шесте земји од Западен Балкан во Одборот на Виенската иницијатива, учествуваше на две панел-дискусии во рамки на Годишната конференција на Виенската иницијатива, што годинава се одржа во Хрватска. – Со оглед на недоволната развиеност на пазарите на капитал во регионот на Западен Балкан, банкарските системи се главниот надворешен извор […]

„Катимерини“: Оставката на Заев е порака и за Грција


  Северна Македонија се најде во непознати води по оставката на премиерот Зоран Заев, откако тој ја презеде одговорноста за големиот пораз на неговата Социјалдемократска партија во вториот круг од локалните избори во неделата. Може да се очекува да се развие сложена ситуација во соседната земја, иако Уставот ѝ дозволува на владејачката коалиција да остане […]

Поднесени седум приговори до ДИК


Заклучно со 10 часот денеска, до Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени седум приговори од политичка партија ТМРО. Како што информира ДИК, приговорите се однесуваат на постапката за сумирање и утврдување на резултатите во избирачките места 1156, 1178, 1157, 1182, 1183, 1176 и 1181 во општина Старо Нагоричане. Рокот за поднесување приговори за вториот изборен […]

Од старлета до бренд иноватор- Ким Кардашијан ја призна силната работна етика


САД- на Ким Кардашијан-ѝ требаше мала помош за да остане целосно облечена. Работите станаа малку возбудливи бидејќи 41-годишната ѕвезда на Keeping Up With the Kardashians ја доби наградата за бренд иноватор за 2021 година на доделувањето на наградите „Иноватор“ на списанието WSJ во MOMA во Њујорк. Откако се упати до подиумот за да ја прими […]

Османи: Да имаше парламентарни избори ќе имавме 18 пратеници


Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, истовремено и портпарол на ДУИ, за емисијата „Реална приказна“ на Њуз 24 го презентираше ставот на ДУИ за последните предизвици по завршувањето на локалните избори во Северна Македонија. Османи говореше за одржаните локални избори, при што потсети дека ДУИ на своето конто, како што рече, има 10 општини и […]

Паркирајте совесно и одговорно за безбедно одвивање на сообраќајот


Проблемот со паркирани возила на места каде што тоа не е дозволено, е дел од проблемите со кои секојдневно се соочуваат сите учесници во сообраќајот, но и проблем кој го создаваат самите учесници во сообраќајот. Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелираат до возачите совесно и одговорно да ги паркираат своите […]

Дератизирани 630 шахти и дезинфицирани јавни објекти во Општина Илинден


Стручни екипи дератизираа 630 шахти што се наоѓаат на јавните површини во општина Илинден и дезинфицираа 3 300 метри квадратни јавни објекти, информираат од општината. Дератизацијата и дезинфекцијата се дел од Програмата за заштита на населението од заразни болести на општина Илинден за 2021 година. Во насока на спречување и сузбивање на заразни болести и […]

Безос со девојката Санчез го купија најскапиот имот на Мауи-рај од 78 милиони долари со сопствена плажа


САД– Можеби повеќе не е најбогатиот човек на светот, но Џеф Безос може да ги отфрли сите неволји оваа зима – затоа што најверојатно ќе ги спушти сидрата во рајот! Да, господарот на Амазон и неговата долгогодишна партнерка Лорен Санчез им се придружија на другите милијардери како Опра, Марк Цукерберг и Лери Елисон во стекнувањето […]

Пандемијата го врати туризмот на ниво од 2015, за наредната година се очекуваат 2,5 милиони ноќевања


Туризмот како дејност генерално е меѓу најсериозно засегнатите стопански гранки од епидемијата на Ковид-19. Затворањата на земјите, превентивните мерки, ограничувањата на движењето резултира со драстично намалување на бројот на остварени приходи од туризмот, особено минатата година, смета директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Љупчо Јаневски. Кога станува збор за оваа календарска 2021 […]

(Видео) Се превртел со возило кај Порта „Македонија“


Вчеравечер сообраќајна несреќа се случила кај Порта Македонија во центарот на Скопје. Според објавеното видео на местото на сообраќајката имаше превртено едно возило, додека пак полицијата вршеше увид на местото. На местото присутна беше и Брзата помош. Повеќе информации наскоро.

Вашингтон и Букурешт ќе градат нуклеарна централа со мал модуларен реактор во Романија


Американскиот претседател Џо Бајден и романскиот претседател Клаус Јоханис имаат намера да ги објават своите планови за изградба на „прва од ваков вид“ нуклеарна централа со мал модуларен реактор (ММП) во оваа европска земја, соопшти денеска Белата куќа на својата веб-страница. „Оваа соработка ќе и обезбеди на Романија технологија за мали модуларни реактори, што ќе […]