Германски медиуми: Оставката на Заев е пораз на ЕУ


Поразот на Зоран Заев може да се гледа и како пораз на ЕУ и нејзината политика на проширување кон Западен Балкан, оценуваат весниците на германски јазик, пренесува Дојче веле   „Во мај 2017 година, Зоран Заев стана премиер на Македонија. Во октомври 2021 година, тој ја објави својата оставка. Северна Македонија – членка на НАТО […]

Приходите на Фајзер во третиот квартал се зголемија за 134 проценти


САД– Американската фармацевтска компанија Фајзер денеска соопшти дека нејзините приходи пораснале за 134 отсто на годишно ниво на 24,1 милијарди долари во третиот квартал од фискалната 2021 година. Приходите од вакцините на компанијата беа 14,6 милијарди американски долари во третиот квартал, што е за 749 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, […]

Канатларовски избра 23 фудбалери за дуелите со Украина и Франција


редводникот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година Драган Канатларовски селектираше денеска 23 фудбалери за претстојните натпревари против Украина и Франција на домашен терен во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 година. На 11. октомври на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе гостува Украина, а пет денови подоцна на Националната арена „Тодор Проески“, […]

Напад врз медиумските работници е напад врз слободата на говорот, 27 април останува симбол на неказнивоста


Упадот во Собранието на 27 април 2017 година е најсериозниот инцидент во кој не само што се повредија правата на 20-тина новинари и медиумски работници, туку се повреди правото на јавно информирање на граѓаните. Новинарите, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) останаа сами да ја бараат […]

Димитров место Заев на состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“ во Белград


Поттикнувањето на регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“ продолжува на работен состанок утре и задутре во Белград, на којшто во име на Владата на Република Северна Македонија ќе учествува вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. Агендата за работниот состанок што се организира во соработка со Атлантскиот совет, опфаќа панел дискусија на тема „Дигиталната трансформација како подадена […]

ДЗР: Учесниците во изборната кампања да достават Извештај за трошоците


Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги известува сите учесници во изборната кампања дека се должни во рок од 20 дена од денот на настапување на предизборниот молк за првиот круг, односно до 4 ноември 2021 година, да поднесат Извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања од денот […]

Наставнички пленум бара зголемување на платите на вработените во образованието


Наставничкиот пленум бара зголемување на платата на сите вработени во образованието за 20 отсто од јануари 2022 година, повикувајќи се на растот на цените на производите  за секојдневни потреби и на растот на минималната плата во државава. Во барањето кое го упатува до министерката за образование и наука Мила Царовска, Наставничкиот пленум посочува дека на […]

Ед Ширан најбогата британска ѕвезда под 30 години


Англија– Добитникот на Греми, пејачот Ед Ширан е прогласен за најбогата британска ѕвезда под 30 години, со своите 278 милиони евра. Песната „Shape of You“ е најстримуваниот негов сингл, а тој ја има и турнејата со најголема заработка на сите времиња. Ширан, инаку, неодамна го објави својот нов албум, „Equals“. Со вкупно богатство проценето на […]

Антикорупциска потсетува: Новите функционери имаат еден месец да поднесат анкетни листови


Државната комисија за спречување на корупција ги потсетува сите новоизбрани советници, градоначалници и функционери за одредбите од Законот за спречување на корупција и судирот на интереси, како и дека при извршувањето на јавните овластувања и должности не смеат да се раководат од лични, семејни, партиски и етнички интереси. Непочитувањето на сите обврски и забрани од […]

Балетот „Жизел“ е магичен и со костимите на Ношпал-Утре нова претстава во НОБ


Балетот како една од најубавите уметности претставува симбол на единство на телото, разумот и срцето. Потребен е огромен труд, посветеност, дисциплина…  Но во секоја професија тоа е неопходно за високи цели. Визуелен празник за сите сетила беше во саботата обновената по 22 години балетска премиера „Жизел“  на сцената на Националната опера и балет во Скопје. […]

Во Осло отворен огромен музеј на само еден уметник – Мунк


Зградата од 13 спрата е споритивна на сите музеи – таа ги претставува галериите со експонати вертикално а не хоризонтално   Колку е прикладна таа зграда посветена на животот и делото на Едвард Мунк што може да ве натера да посакате да врескате. Мега музејот на измачениот норвешки уметник вреден 276 милиони евра стои како […]

Уште 40 жртви на Ковид-19 во Хрвтаска


Во Хрватска денеска има 785 нови случаи со корона вирус од 2.887 тестирани, а уделот е околу 27 отсто, штое малку пониско од претходните денови, кога уделот изнесуваше и до 37 отсто. Сепак во последните 24 часа починале уште 40 починати. Девет од починатите биле вакцинирани со две дози, а двајца со една доза вакцина. […]

Буџетот за 2022 година ќе изнесува 4,43 милијарди евра, поголеми капитални инвестиции и плати за лекарите, судиите, обвинителите…


Вкупните буџетски расходи идната година ќе изнесуваат 272,4 милијарди денари (околу 4,43 милијарди евра), или 35,2 отсто од домашниот бруто-производ, додека вкупните приходи се проектирани на 238,9 милијарди денари (или околу 3,8 милијарди евра) односно 30,9 отсто од БДП. Буџетскиот дефицит е предвиден во износ од 33,5 милијарди денари или околу 544,4 милиони евра (4,3 […]

Најмалку 19 луѓе загинаа во експлозиите во Кабул


ајмалку 19 луѓе загинаа, а 50 се повредени во двете експлозии што се случија во близина на воената болница во главниот град на Авганистан, Кабул. Според очевидците по експлозиите се слушнале и истрели. Сѐ уште не се познати причините за експлозијата во близина на болницата „Сардар Мохамад Дауд Кан“.

За една недела ќе бидат средени 12 депонии во Бутел


Новиот градоначалник на Општина Бутел, Дарко Костовски преку својата официјална Фејсбук страница ја информираше јавноста дека од денеска почнуваат со отстранување на депонии во општината Бутел. -Денеска почнавме со отстранување на депонии во Општина Бутел, лоциравме депонии на дванаесет локации, истите ќе бидат решени за помалку од една недела, порача тој.  

„Ербас А-380“ авионите „летаат“ вo пензија


 Kомпанијата „Емирати“ од Дубаи, која го истакна „Ербас А-380“ како основа на својата светска воздушна мрежа, почна да расклопува еден од тие четиримоторни џинови, бидејќи ќе следи замена со помали и потенки модели. Најавата за демонтирање на авионот доаѓа само неколку седмици пред „Емирати“ да го приземји својот последен „А-380“, со што завршува ерата на […]

Врнежите ќе престанат попладне, од утре значителен пораст на дневните температури


 Повремените врнежи од дожд кои наместа се пообилни, во попладневните часови ќе престануваат и облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени, а во Скопје 13 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. До 7 часот утрово, […]

Пецаков: Ќе воведеме нов систем на функционирање на Општината за решавање на проблемите на граѓаните


Новоизбраниот градоначалник на Охрид, Кирил пецаков ветува дека предметите кои влегуваат во општината ќе се следат од архива, па се до нивно решавање, за поголемо задоволство на граѓаните кои бараат услуга од нив. „Мини зафатот секако треба да биде почнување на вистинско функционирање на Општината односно локалната самоуправа во Охрид, односно отворен принцип на работа […]

Изложба „Лицата на Европа“ на фотографот Александар Кондев во Мала станица


Изложба насловена „Лицата на Европа“ на фотографот Александар Кондев ќе биде отворена вечер во 20 часот во мултимедијалниот центар Мала станица, во рамките на манифестацијата „Денови на Европско Скопје“. Фотографиите се направени во последните децении за време на неговите лични патувања, како и патувањата со ансамблот „Орце Николов“ на најпознатите фолклорни фестивали во Европа. Целта […]

Со камион прегазен пешак на бул. „Киро Глигоров“ во Скопје


Вчера на пладне, во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Киро Глигоров“ во Скопје, пред железничкиот надвозник, товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.З.(78) од Скопје, удрило во пешакот Ф.Т.(44) од село Семениште, Скопско. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил […]