Кина лансира воен сателит кој ќе го чисти вселенскиот отпад


Кина во вселената лансира нов воен сателит со намера да го реши проблемот со вселенски отпад.

Сателитот „Шијиан-21“ е лансиран со помош на ракетата „Лонг ларч 3Бе“ од центарот Џичанг на југозападот на Кина уште на 23 октомври, а негова задача ќе биде да ја тестира и да ја провери технологијата наменета за намалување на проблемот со вселенсиот отпад. Лансирањето беше успешно, а сателитот е пратен во геосинхроната трансферна орбита. Сепак, детали за сателитот и неговите можности остануваат мистерија.

Клансирањето на кинескиот воен сателит доаѓа во време кога количината на вселенск отпад е алармантно голема. Повеќе од 40 земји досега лансираа 8.950 сателити, а околу 5.000 се наоѓаат во орбитата, иако повеќето дојдоа до крајот на нивниот животен век. Оперативни се само 1.950 сателити, додека останатите станаа вселенски отпад.

Овој отпад претставува висок ризик за оперативните мисии затоа што може да дојде до судар, а тоа на крај може да предизвика голема штета. Кинески сателит нешто порано беше погоден со дел од руска ракета.

Многу компании како што е „Курс орбитал“, почнаа да развиваат летала наменети за решавање на рпоблемот со вселенскиот отпад, а по тој пат оди и Кина.