Азески : Имаме толку кризи, само комета не не удрила по глава


Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, во емисијата Топ тема на Телма порача дека бизнис заедницата е уморна од избори и од политички  калкулации. -Ние се залагавме за кампања за локалните избори од десет дена, а таа траеше шест месеци, рече Азески. Според него, по толку кризи, само комета не не удрила по […]

Бесими: Со Предлог-буџетот се создава амбиент за развој и на општините


Постигнувањето на локален и регионален развој е една од клучните цели на Владата. Во насока на остварување на оваа цел во функција се Планот за забрзан економски раст, реформата за унапредување на фискалната децентрализација и Предлог-Буџетот за 2022 во којшто капиталните инвестиции изнесуваат 14 проценти од вкупните расходи, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на […]

„Јутарњи лист“: ЕУ изневери многу земји, но Македонија речиси ја уништи


ЕУ веќе два дена не реагира на новонастанатата ситуација во Северна Македонија.  Оставката на премиерот ја менува целокупната политичка ситуација не само во Македонија, туку и пошироко   Европската унија изневери многу земји, но речиси уништи една. Неспорно е дека за евентуални нови тензии во Северна Македонија и за политичката нестабилност одговорна е – и […]

Вселенскиот патријарх Вартоломеј по вторпат во болница во текот на престојот во САД


САД – Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска повторно ќе биде прегледан во болница во Њујорк, што е негово второ заминување во болница од почетокот на неговата 12-дневна посета на САД. Патријархот Вартоломеј денеска треба да биде примен во болницата Маунт Синај на Менхетен на анализа на крвните садови, соопшти Грчката православна архиепископија во САД. Треба да се […]

(Галерија) Во апартманот на Кери Бредшо- Сега можеш и ти!


САД- И баш така. . . можете да ја живеете вашата фантазија  и надвор од „ Сексот и градот“. Ворнер Брос и Airbnb макотрпно го ресоздаде станот на Кери Бредшо во кафени тонови, за прв пат овековечен во почетокот на шоуто на HBO, во чест на претстојното продолжение, And Just Like That. Ѕидовите обоени во […]

Морничава порака на добитникот на Нобелова награда за мир


  Премиерот на Етиопија Аби Ахмед вети: „Ќе ги погребаме непријателите со нашата крв“, по повод една година од почетокот на војната во Туграј. Ахмед зборуваше еден ден по прогласувањето вонредна состојба во земјата, а силите на Тиграј се заканија со поход на престолнината, потсетува Ројтерс. „Јамата што е ископана ќе биде многу длабока, таму […]

Кинезите купуваат калапи за бебињата да имаат округла глава


Во Кина одненадеж се појави мода дека е убаво да се има округла глава, па родителите се почесто купуваат скапи „корективни калапи“ за да го обликуваат черепот на своите нбебиња. Како што се наведува во извештајот на „Тенсент њус“, а пренесува „Инсајдер“, трендот за ставање на корективни калапи на главите на бебињата почнал овој октомври, […]

Димитров од Белград: Ние сме за европски Балкан


Регионалната соработка има исклучителна важност за остварување на заедничките стратешки определби на кои Владата е посветена без оглед на политичката ситуација, а потврда за тоа е и моето учество на овој состанок. Ова го изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, кој во име на Владата на Северна Македонија, попладнево пристигна во Белград на работниот […]

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги повлекоа приговорите за вториот изборен круг


СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги повлекоа приговорите што ги поднесоа за изборните резултати во вториот круг, потврдија вечерва од ДИК за МИА. СДСМ имаше поднесено седум приговори кои се однесуваа на две избирачки места во Шуто Оризари, едно избирачко место во Конче, три избирачки места во Кочани и едно избирачко место во Чешиново-Облешево, а ВМРО-ДПМНЕ имаше […]

Том Хенкс го одбил Безос за лет во вселената :„Не плаќам 28 милиони долари“


САД– Оскаровецот Том Хенкс на гости кај „Џими Кимел во живо“  раскажа дека Џеф Безос првично му пришол за да лета во вселената, но тој го одбил поради цената. Отворајќи го шоуто, Кимел го праша 65-годишниот актер дали е вистина дека милијардерот од Амазон му пришол за вселенски лет пред актерот Вилијам Шатнер, кој минатиот […]

Емери останува во Виљареал, сега Хау е главен кандидат за тренер на Њукасл


Англија– Тренерот Унаи Емери најави дека ќе остане во Виљареал и ги демантира шпекулациите за негов трансфер во Њукасл. – Решив да останам овде. Виљареал е мојот дом и верувам 100 % во проектот. Горд сум што врвен клуб е заинтересиран, но лудо сум среќен во овој тим. Затоа му кажав на Фернандо Роиг (претседателот на […]

„Њујорк тајмс“ го надмина прагот од милион претплатници во странство


САД – Весникот Њујорк тајмс го надмина прагот од милион претплатници во странство на своето дигитално издание, соопшти денеска извршниот директор Мередит Копит Левиен, која сè уште гледа простор за раст на дневниот весник во САД. . Меѓу јули и септември годинава весникот добил дополнителни 455.000 дигитални претплатници и сега има 8,38 милиони претплатници, од кои […]

ДИК ги објави конечните резултати од вториот изборен круг


Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги соопшти конечните резултати од вториот изборен круг на Локалните избори 2021. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, на денешната прес-конференција, информира дека со изгласување на предлог заклучокот за известување за Конечност на резултати од гласањето за избор на градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје, по одржан втор круг […]

Ако нема доволно струја прво ќе се исклучат светлечките реклами и уличното осветлување


Министерство за економија појаснува што содржи Уредбата за прогласување кризна состојба при недостиг на струја   Доколку се случи во земјава да нема доволно електрична енергија први на удар на ограничување на потрошувачката ќе се најдат светлечките реклами, осветлението на улиците, плоштадите и другите објекти ќе се намалува до минимален сигурносен обем на осветлување, потоа […]

ВМРО-ДПМНЕ продолжи и во Кисела Вода со циркусот „Северна“


Наместо фокус на теми кои се во интерес на граѓаните на локално ниво, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го крши Уставот, порачаа со соопштение од СДСМ околу потпишувањето на свечените изјави на советниците на документи со старото име  Република Македонија.    -По Штип и Аеродром, денеска истото се случува и во Кисела Вода. Со непочитување на уставното […]

Порше сака да стане снабдувач на мотори за Формула 1


Англија– Шефот на одделот за мотоспорт на Порше, Томас Лоденбах, зборуваше за желбата на компанијата да стане снабдувач на мотори за Формула 1. – Не е тајна дека навистина размислуваме за Формула 1. Не е тајна дека сме во контакт со ФИА и дека, да речеме, навистина сериозно размислуваме за таква можност, изјави Лоденбах за „Планет […]

Европа е единствениот регион во светот каде расте бројот на заразени од коронавирус


Швајцарија – Европа е единствениот регион во светот каде што расте бројот на заразени со коронавирус, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО). Во неделниот извештај за пандемијата, здравствената агенција на Обединетите нации наведува дека бројот на нови случаи се зголемил за шест проценти во Европа, во споредба со „скокот“ од 18 проценти регистриран минатата недела. „Неделните […]

Бектеши уверува дека рестрикции со струја нема да има


Во емисијата Економски магазин на ТВ Алсат која ќе се емитува вечерва  министерот за економија, Крешник Бектеши уверува дека рестрикции со струја нема да има. Бектеши вели дека Владата ја следела состојбата и засега кризата е под контрола. Бектеши утре попладне до Владата ќе достави барање за прогласување на енергетска кризна состојба.  „Секој член на […]

„Кралеви на дивидендите“: Кои компании им исплаќаат најмногу на акционерите


Според веб-страницата Интерактив инвестор (Interactive Investor), компанијата која исплатила најголем износ на дивиденди на акционерите во 2020 година е „Мајкрософт“ (Microsoft). Технолошкиот гигант им исплати на акционерите вкупно 16,521 милијарди долари. Она што е интересно е дека само две компании надвор од САД се меѓу десетте најголеми. Мајкрософт „Мајкрософт“ развива, лиценцира и одржува софтвер, услуги, […]

Обвинет 18-годишник од село Сенокос кој ја обљубил полусестрата


По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 18-годишен жител на селото Сенокос, општина Врапчиште, кој се товари дека сторил кривично дело „родосквернавење“ од член 194 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти ОЈО Гостивар. – На 15 јули, обвинетиот извршил обљуба врз неговата полусестра, родена 2009 […]