Заев почна со поединечни средби со партнерите од владата


Премиерот во оставка денеска треба да се сретне со Билал Касами од Беса, како и со Африм Гаши од Алтернатива заради окрупнување на парламентарното мнозинство   По заедничката средба со владините партнери во понеделникот премиерот Зоран Заев од денеска почнува и поединечни средби со коалициските лидери. Како што објави „Слободен печат“, повикувајќи се на владини […]

Шаќири: Ревизија на системот на дискрециските овластувања при вработувањата


Ревизија на системот на дискрециските овластувања при вработувањата во админисрацијата, најавува министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири -Во Владата веќе е препознаена потребата од ревизија на системот на дискрециските овластувања, за да се овозможи нивна примена на законски и праведен начин. Дел од нив се однесуваат и на дискрециските овластувања при вработувањата. Во […]

Богојески го фали Мицкоски – тоа што не прави мнозинство бил мудар потег


Мицкоски одбива да ја преземе власта со пуч (ново мнозинство) – напиша на Фејсбук Петар Богојески од Македонски концепт, толкувајќи ја одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да бара брзи избори како мудрост, а не како индиректно признание на фактот дека им пропадна обидот да го преземат мнозинството во парламентот бидејќи сите коалициски партнери на СДСМ застанаа зад […]

Отштета од 2,5 милиони за објавување фотографии од несреќата на Коби Брајант


САД- Двете семејства, чии членови загинаа во хеликоптерска несреќа заедно со американскиот кошаркар Коби Брајант во јануари 2020 година, ќе добијат отштета од 2,5 милиони долари за незаконско споделување фотографии од местото на несреќата. Договорот за обештетување објавен во вторник и не се однесува на вдовицата на кошаркарската ѕвезда, која исто така поднела тужба против […]

МЗТ казнет со 300.000 денари заради навредите кон Перо Антиќ


Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром жестоко реагираше попладнево, оценувајќи ја без преседан одлуката на Дисциплинската комисија (ДК) на Кошаркарската федерација (КФСМ), која поради навреди упатени на социјалните мрежи кон претседателот Перо Антиќ го казни актуелниот македонски шампион со 300.000 денари, а клупскиот директор Тони Грнчаров со двегодишна суспензија. Антиќ поднесе пријава поради објави илустрирани со […]

Промовирана првата домашна стриминг платформа за филмска и детска програма GLEY


На македонскиот пазар од денеска е достапна GLEY –  првата национална стриминг платформа, која нуди атрактивна и внимателно селектирана локална, нова регионална и интернационална филмска и детска програма, комплетно обработена на македонски и албански јазик. Дел од богатата филмска програма на оваа платформа се сериите „Фамилија Марковски“, „На терапија“, „Преспав“, „Беса“, хрватската серија „Црни бјели […]

Во Грција за 300 евра се продаваат лажни бугарски ковид сертификати


Грчката државна телевизија ЕРТ објави прилог за начинот на кој работат наводни бугарски измамници, пласирајќи на грчкиот пазар сертификати за вакцинација против Ковид-19 од Бугарија. Телевизискиот новинар Нија Авдели разговараше со наводниот „оперативен претставник“ на криминалната група во Грција, кој пред камерата на ЕРТ ги потврди гласините дека за 300 евра заинтересираните можат да извадат […]

Османи: Опозицијата не е подготвена да го преземе управувањето со земјата


Сите членки на владината коалиција на координативната средба кај премиерот Зоран Заев во понеделникот потврдија дека силно го поддржуваат сегашното парламентарно мнозинство и Влада и не се подготвени да поддржат друго, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи. – Секој потврди дека силно го поддржува ова парламентарно мнозинство и оваа Влада и на ниеден начин […]

Што облече Кејт Мидлтон на Конференцијата на ОН за климата во Глазгов?


Шкотска- На Конференцијата за климата на Обединетите Нации во Глазгов, покрај светските лидери и славни ѕвезди како Ди Каприо, присатно е и британското кралско семејство.  Што облече војвотката од Кембриџ, која важи за модна икона?  Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се одлучија за сино за таа пригода. Не само што Кејт се координираше со својот […]

Германската ЦДУ за прв пат ќе им дозволи на членовите да го бираат новиот лидер


Германските демохристијани (ЦДУ) во вторникот објавија дека ќе ја прекршат традицијата и за првпат ќе им дозволат на сите членови на партијата да имаат збор во изборот на нов лидер по претрпениот пораз на националните избори во септември. „Сега се на ред членовите“, рече генералниот секретар на ЦДУ Пол Зиемјак на прес-конференцијата на која ја […]

Женски хороскоп: Рак желна за љубов, Вага не знае што сака…..


Oпишувањето жени од зодијакот секако не е лесно. Многу уметници се обиделе да навлезат во суштината на женското битие, но колку и да се трудат да бидат прецизни, жените секогаш ги изненадуваат. За жените важи правилото дека нема правила. Во продолжение дознајте кои жени ги разбиваат желбите според мислењето на астролозите …  Жена Овен  Жената […]

Ќе се подобруваат условите во затворите


Новата Национална стратегија за развој на пенитенцијарниот систем во Северна Македонија (2021-2025), ќе се фокусира на 12 стратешки цели, изјави денеска преставникот на Управата за извршување на санкции, Кристина Трајковиќ, кој при презентација на клучните точки на националната стратегија наведе дека дел од овие цели се пресликани од претходната стратегија, која делумно е веќе реализирана. […]

СЗО ја одобри индиската вакцина


Светската здравствена организација даде дозвола за итна употреба на индиската вакцина против корона вирус „коваксин“. Лекот го разви индиската компанија „Барат Бајотек“ во соработка со Националниот институт за вирусологија во Пуна. „Техничката советодавна група, која ја свика СЗО и е составена од трегулаторни стручњаци од целиот свет, утврди дека вакцината „коваксин“ ги исполнува стандардите на […]

Ѕвездата на „Династија“ Линда Еванс вели дека е пријателка со Бо Дерек по „ужасната“ афера со Џон Дерек


САД– На Линда Еванс (78), кристално ѝ е јасно кому треба да му се заблагодари за нејзината легендарна улога во „Династија“ – Бо Дерек. „Никогаш не би можела да глумам во „Династија“ доколку останав во брак“, изјави актерката неодамна за Page Six. Според весникот, Еванс бил во брак со Џон Дерек кога добила не баш […]

На скринингот досега откриени шест ученици со Ковид-19 од 1323 тестирани


Од 1323 основци и средношколци досега опфатени со скринингот за откривање КОВИД-19 во училиштата, вирусот бил потврден кај шест ученици во основното образование, а 1317 ученици биле негативни на тестот. Тестирани се  725  основци од прво до деветто одделение и 598 средношколци од подрачјето на Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и […]

(Видео) Британскиот „Ајрон мен“ ги покажа можностите на својот костим пред воените шефови


На британските воени шефови вчера им беше демонстрирана можноста што ја нуди футуристичкиот млазен костим кој може да им овозможи на војниците да летаат над воени подрачја со брзина од околу 130 км/ч. Ричард Браунинг, таканаречениот „вистински Ајрон мен“, основач на фирмата Gravity Industries, на воената конференција одржана на меѓународниот аеродром Фарнборо, ги покажа можностите […]

ЕСМ: Девет компании доставија понуди на јаглен за РЕК Битола, понудите ги исполнуваат бараните количини


Девет компании се јавија на повторениот повик за набавка на јаглен за третиот блок на РЕК Битола за дополнително производство на електрична енергија наменето за стопанството и државните институции. Понудите ги исполнуваат бараните количини од 900 илјади тони јаглен, информира АД ЕСМ. Како што прецизираат, понуди се доставени од домашни фирми кои нудат јаглен од […]

Шведска: Паднал од седми кат и усмртил друг на концерт на АББА


Две лица загинаа, а едно е повредено денеска во концертната сала во шведскиот град Упсала, кога еден од нив паднал врз двајца гледачи на концерот, од седми кат, соопшти полицијата. Илјада гледачи се собрале во концертната сала во Упсала, која е модерна висококатница, каде требаше да се одржи концерт во чест на познатата шведска поп-група […]

Предавање на Мојсова-Чепишевска за Конески на Универзитетот во Загреб 


Дали во тихата и строга реч на Блаже Конески не треба да ја препознаваме авангардната поетика на нулта точката која е светотворна и културотворна со верба кон вистинскиот свет – кон оригиналот? Дали синтагмата проста и строга песна е нулта точка на македонската култура? Ова се дел од прашањата коишто вчера ги отвори директорката на […]

Советниците од „Независни за Карпош“ бараат Стевчо да се извини за недоличниот текст што се пеел на прославата


Независните советници во Општина Карпош од „Независни за Карпош“ побараа од новиот градоначалник Стевчо Јакимовски да ѝ се извини на јавноста и да се огради од недоличната атмосфера и текст од видеото од прославата кое се споделува по социјалните мрежи. „Во име на нашите поддржувачи и сите жители на општина Карпош кои беа понижени со […]