Во очекување на одговор од ДИК, прекината седницата за верификација на мандатите на новите пратеници


По пауза поради одржување на локалните избори, Собранието денеска ја почна 51-та седница. На почетокот на седницата беше констатирано престанување на мандатите на пратениците кои на локалните избори беа избрани за градоначалници во општините во кои тие конкурираа. Тоа се Костадин Костадинов од СДСМ, кој сега е градоначалник на Струмица, Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, кој […]

„Птица со глава меѓу нозе“- нова комедија на Коле Ангеловски во Драмски


„Птица со глава меѓу нозе“ е насловена новата претстава на Коле Ангеловски, која ќе биде прекажана во Драмскиот театар на 10 овој месец. Насловот е доста сиболичен, објаснува Ангелковски, бидејќи птицата е слободна да лета каде сака, но не и кога главата и е ставена меѓу нозе. Станува збор за чудна комедија со среќен крај. […]

Работодавачите против растот на минималната плата, не ги „бркала“ работниците надвор од земјата


Од организацијата на работодавачи велат дека сега не е вистинско време oдлуката за минималната плата да се зголеми на 18 илјади денари и дека со ваквата мерка нема да се постигнат очекуваните резултати. Работодавачите се жалат дека и до сега едвај врзувале крај со крај но дека во услови на пандемија и економска криза ваквото […]

Димитров: Во Стразбур нема пресуди против нас за дискриминација на Бугари


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска го повтори ставот дека бугарското вето за нашиот почеток на преговори со Европската Унија, всушност не е само блокада кон нас, туку и кон ЕУ. – Таа блокада сакале или не, е и блокада на македонско-бугарското пријателство, тоа ќе доведе до речиси неповратно оддалечување, изјави денеска Димитров […]

МЗ: 72 отсто од новите случаи и 78 проценти од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани


Во период од 6 август до 4 ноември на територијата на државава како позитивни на Ковид-19 се потврдени 48.955 граѓани. Од нив 28 отсто, односно 13.886 лица, биле целосно вакцинирани. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистиката за изминативе два месеци, 35.069 граѓани, односно 72 отсто, од позитивните на […]

Од скапоцен накит до патиките на Коби Брајант- Есенска аукција на „Сотби“ и „Кристи“ во Женева


Швајцарија- Дијамантска нараквица што некогаш ѝ припаѓала на Марија Антоанета и брош од сафир и дијамант со соодветни обетки што некогаш виселе од руската голема војвотка се меѓу предметите на аукциите на накит и други колекционерски предмети следната недела во Женева. На аукција ќе бидат ставени и легендарните патики Најк од покојната НБА-ѕвезда Коби Брајант, […]

Како да развиваме филмски туризам- Македонија на листата на топ-локации во Европа


Вчера беше одржан првиот, од серијата на три оnline настани насловени како Продукциски вредности: Туризмот низ објектив, во реализација на ОХО, а поддржани од Град Скопје. Како релативно нова дисциплина во туризмот, т.н екран-туризам останува неистражен и неексплоатиран во Македонија и регионот. Главниот град и неговите природни околини, а и атрактивни предели низ државата имаат […]

Чист сум како солза, им порача Стевчо Јакимовски на новинарите по одложеното судење


Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски ги обвини новинарите дека „оркестрирано од еден центар“ дошле денеска на неговото судење, а неколку пати им одговори дека им се смешни прашањата. „Смешни ви се прашањата“, кажа неколку пати Јакимовски по прашањата за одолговлекувањето на судењето кое трае три години и дали ќе има време да присуствува на […]

„Пипл“: Крис Еванс е најубавиот маж за 2021 година


САД– Американскиот глумец Крис Еванс е најсекси маж во 2021 година, според „Пипл“. Крис ќе се најде на насловната страница на списанието следната недела. Оваа титула тој требаше да ја земе лани, но уредничкиот тим на „Пипл“ сметаа дека е подобро да се почека една година, откако актерот случајно објави слика од својот пенис на интернет, […]

Рекорден број новозаболени во Германија – 37.120


Германија го забележа својот втор последователен дневен рекорд на нови случаи на корона вирус во петокот, додека инфекциите се зголемуваат низ Европа, а нејзиниот центар за контрола на болести рече дека невакцинираните луѓе се соочуваат со „многу висок“ ризик од инфекција. Земјата објави 37.120 нови инфекции во изминатите 24 часа, според Институтот „Роберт Кох“. Тоа […]

Снабдувачите со струја за кои се води постапка лани свртеле 40 милиони евра


За половина компании-снабдувачи со струја во Македонија, пишува порталот „Пари“, се води постапка од страна на Регулаторната комисија за енергетика.  Податоците покажуваат дека компаниите кои ги прекршиле договорите со корисниците на струјата, или пак правеле упади во енергетскиот систем откако таа значително поскапе, лани оствариле вкупен приход од 40 милиони евра, а заедничката нето-добивка, пак, […]

Државите мора да ги спроведуваат пресудите на судот во Стразбур, вели неговиот претседател


Општото начело е сосема јасно, секоја земја-членка на Советот на Европа е обврзана со Конвенцијата да ги спроведува пресудите на Судот. Во голем број пресуди Судот потсетува на ова начело и државата мора да ги спроведе одлуките на Судот во духот на Конвенцијата. Ова го денеска на прес-конференција го изјави претседателот на Европскиот суд за […]

„Кец на десетка“ во МНТ- 50. јубилејна изведба на најгледаната комедија


На сцената во Македонскиот народен театар на 17 ноември со почеток во 20:00 часот ќе се одигра 50. јубилејна изведба на претставата „Кец на десетка“, комедијата која со спонтан хумор брзо ја освојува публиката.   „Кец на десетка“ од авторот Митко Бојаџиски, а во режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, сите овие изминати години, […]

Горан Герасимовски ја презеде функцијата градоначалник на општина Центар


Горан Герасимовски вчера ја презеде функцијата градоначалник на општина Центар од неговиот претходник и сопартиец од СДСМ, Саша Богдановиќ кој, како што соопшти денеска Општината, го информирал за тековните проекти,  за приоритетните и капитални инвестиции кои претстојат, за функционирањето на Општината и работата на администрацијата. Герасимовски изјави дека му е чест и  задоволство што граѓаните […]

Листа од најубавите туристички гратчиња во Европа


БиХ– Си-Ен-Ен неодамна објави листа на најубавите мали гратчиња во Европа, кои „освојуваат со својата прекрасна архитектура и голем дел од културата што ќе ја најдете и во големите градови, но со помалку метеж“. Во списокот, од поблиското наше соседство, спаѓаат и Мостар, БиХ, и хрватска Корчула. „Стариот мост, изграден од Османлиите во 16 век, долго […]

Во Бугарија починаа 166 лица од ковид


Иако новите инфекции од корона во Бугарија се во мал пад последниве денови, сепак бројот на заболените и починати и натаму е многуи висок. Во изминатите 24 часа има 4.662 случаи од 39.333 тестови со што примерокот на позитивни изнесува е 11,8 отсто. Огромен број од новозаболените, дури 86,1% се невакцинирани. Во последниот ден има […]

Владиното мнозинство како „рогови во вреќа“


Со два приговори на ДУИ за Желино, општина во која кандидатот на Беса го победи кандидатот на ДУИ со разлика од 69 гласа, партијата на Али Ахмети го разгоре незадоволството во БЕСА на Билал Касами, токму кога се договара новата влада, пишува „Дојче Веле“. Откако ДИК синоќа прифати еден од двата приговори на ДУИ за […]

Буџетот во тесна кожа


Уште неизлезен целосно од фиоката на министерот за финансии и усвоен „тајно“ на седница на Владата спроти вториот круг локални избори (иако станува збор за почитување на законските рокови), Предлог–буџетот за 2022 година се најде пред она што во народот најдобро се опишува со „угоре високо, удолу длабоко“. Веројатно никој ниту во Министерството за финансии […]

Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство ќе ја зајакнуваат соработката


Претставници на Државниот завод за ревизија предводени од главниот државен ревизор Максим Ацевски и на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија предводени од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вчера имаа работна средба во рамки на проектот „Поддршка за имплементација на комуникациската стратегија на Државниот завод за ревизија 2018-2022 година“, кој ДЗР го реализира во соработка […]

Сугарески си даде оставка во Надзорниот одбор на СДСМ


Горан Сугарески поднесе оставка на функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ. Тој одлуката ја соопшти утрово на својот Фејсбук и објасни дека е поради лошите резултати на локалните избори. „Во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво, поднесувам оставка од функцијата претседател […]