Сугарески си даде оставка во Надзорниот одбор на СДСМ


Горан Сугарески поднесе оставка на функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ. Тој одлуката ја соопшти утрово на својот Фејсбук и објасни дека е поради лошите резултати на локалните избори.

„Во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво, поднесувам оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ“, напиша Сугарески.