Австралија го отфрла постепеното укинување на јагленот


Австралија –  Австралија нема да се приклучи на договорите за постепено укинување на јагленот за време на самитот на Г20 во Рим и Конференцијата на ОН за климатски промени COP26 во Глазгов. Ова денеска го објави весникот „Аустралиан“, повикувајќи се на премиерот Скот Морисон, кој допатува во Рим за да присуствува на состанокот на лидерите на […]

Лични карти ќе се издаваат и викендов


Во пресрет на одржувањето на вториот круг од Локалните избори, што ќе се одржи утре, Министерството за внатрешни работи информира дека денеска и утре управните служби ќе работат во општините каде што ќе има гласање, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните да може да подигнат лични карти. Одделот за граѓански работи, […]

Самит на Г-20 во Рим: Климатските промени, енергетската криза, пандемијата на коронавирус меѓу најважните теми


Италија – Лидерите на земјите од Групата 20 , кои денеска и утре во Рим првпат ќе се сретнат лично од почетокот на пандемијата, ќе разговараат за глобалното закрепнување, кое е попречено од низа пречки: енергетска криза што поттикнува повисоки цени на горивото и комуналните услуги, нови жаришта на Ковид-19 и пречките во синџирите на снабдување […]

Осумдесет и два отсто од починатите последниве три месеци не биле вакцинирани, две дози примиле 774.464 лица


Вчера беа регистрирани нови 417 случаи на Ковид-19 од 2.964 тестирања или 14 отсто, вкупно пријавени десет починати и 329 оздравени пациенти. Во моментот во државата има 6.576 активни случаи. Во последните три месеци, 73 отсто од позитивните случаи на Ковид-19 не биле вакцинирани. Тој процент кај хоспитализираните е 75, а кај починатите 82, покажа […]

Почна изборниот молк


Заврши изборната кампања во која партиите и коалициите ја претставуваа својата понуда пред граѓаните, и на полноќ почна молкот пред неделниот втор круг од Локалните избори. Правилата за изборен молк важат од 30 октомври, заклучно со 19:00 часот на 31 октомври. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека за време на молкот, медиумите продолжуваат […]

Преку денот сончево, во утринските часови магливо


Времето во земјава ќе биде сончево со слаб јужен ветер. По одделни котлини и речни долини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Утринската температура ќе се движи од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени. Во Скопје, наутро со слаба магла, а преку денот сончево со […]

Русија ја обнови последната палата на царот, еден век по неговото погубување


Последниот дом на царот Николај II беше реконструиран и отворен како музеј во близината на Санкт Петерсбург   Марија Рјадова се присети дека била во правлива просторија во Александровата палата, скокајќи од една греда на подот на друга и гледајќи во мрачната бездна одоздола, на денот кога таа и нејзиниот персонал дошле до значајно откритие. […]

Шилегов остро го демантира Апасиев: „Мојот син нема деловен простор во ‘Ист гејт’


  Откако лидерот на Левица, Димитар Апасиев објави дека синот на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, наводно имал деловен простор од 350 квадрати во новоотворениот трговски центар „Ист гејт“, кандидатот на СДСМ се јави со остар демант:  „За разлика од противкандидатката, јас веднаш отворено и експлицитно демантирам. Лажните вести нема да ви пројдат на овие […]

Орце Камчев нема бугарски дипломатски пасош, тврди Софија


Каква фотокопија доставил бизнисменот Орце Камчев до Кривичниот суд во Скопје на која се гледало дека тој има дипломатски пасош издаден од Бугарија. Лажна или вистинска? И дали навистина доставил до судот фотокопија од дипломатски пасош. Бугарското министерство за надворешни работи објави денеска дека Камчев нема дипломатски пасош издаден од таа држава. Ова е одговор […]

Почна реконструкцијата на ресенскиот Сарај


Во Ресен денеска почна реконструкцијата на домот на културата „Драги Тозија“ или познат како сарајот на Ахмед Нијази Бег. Реконструкцијата, како што информира Општина Ресен, ќе се одвива во две фази, а првата е во вредност од околу два милиони денари. Увид во градежните работи изврши градоначалникот Живко Гошаревски, кој посочи дека со реконструкцијата на […]

ДУИ со поддршка за Шилегов: „Скопје стана град за сите“


Теута Арифи во Тетово, Шилегов во Скопје, порача портпаролот на Демократската Унија за Интеграција, Бујар Османи на на денешната прес-конференција. Османи изјави дека изборниот процес во првиот круг е еден од најуспешните, не само поради постигнатиот резултат на ДУИ, туку пред се поради успехот и големата поддршка за зелената агенда за развојот на општините и […]

Арсовска: Шуто Оризари ќе се развива рамномерно како сите останати скопски општини


На последниот ден од изборниот циклус за вториот круг локални избори за градоначалник на Град Скопје, кандидатката Данела Арсовска се сретна со жителите од Шуто Оризари и најави асфалтирани и безбедни улици и соодветна комунална инфраструктура за општината.  „Во текот на целата изборна кампања, посетив многу места, остварив средби со жители од сите скопски општини. […]

Д-р Кон: На десет дена да се затвори сè освен неопходното за живот


Епидемиологот Предраг Кон вели дека самите ковид-пропусници „не решаваат ништо” и повтори дека за значително подобрување на епидемиолошката ситуација во Србија неопходно е затворање од 10 дена на „сè освен на тоа што е неопходно за животните потреби”. Кон за српски „Блиц” повтори дека значително подобрување на епидемиолошката ситуација во Србија не може да се […]

ДСЗИ ќе проверува како била лекувана починатата 17-годишна девојка од Сопотница


Државниот санитарен и здравствен инспекторат почна постапка за да се утврди начинот на кој била лекувана 17-годишната девојка од демирхисарското село Сопотница, која вчера почина на Инфективната клиника. ДСЗИ започнал вонредна постапка во која ќе се проверува целата патека и лекувањето на малолетничката од матичниот лекар во Демир Хисар, па хоспитализацијата во Битола и завршувањето […]

Земјата ќе ја зафати геомагнетна бура


Американскиот Центар за предвидување на времето во вселената, кој спаѓа под Националната управа за океани и атмосфера (NOAA) денеска издаде предупредување за геомагнетна бура која се очекува да почне вечерва и во раните утрински часови и ќе ја зафати целата Земја, но најмногу американскиот континент. Таа е резултат на долготрајните ерупции на Сонцето, кои се забележани од […]

Нови 417 ковид-случаи, девет починати


Нови 417 случаи на КОВИД-19 од 2964 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа. Оздравени се 329 пациенти и девет се починати, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Дополнително, пријавено е уште едно починато лице согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, со датум на смрт […]

Накитот„Ребека“ спои убави луѓе на убаво место- отворен вториот продажен салон во Ист Гејт мол


Префинетиот накит од Фиренца „Ребека“ синоќа спои убави луѓе, на убаво место, со вкус и стил кои знаат да распознаат италијански дизајн и благородност и македонска благодарност спакувани во луксузна кутија за накит со панделка. Деловни луѓе, поп-ѕвезди, спортисти, мејк ап артисти, модни дизајнери и стилисти му дадоа ексклузивен тон на ВИП отварањето на вториот […]

ОИ 2024: Отворањето ќе биде во центарот на Париз, а не на стадион?


Тони Естанге, претседател на организацискиот комитет на Олимпијадата во Париз во 2024 година, изјави 1.000 дена пред почетокот на Игрите дека планираат да ја одржат церемонијата на отворањето на Игрите на 26 јули во центарот на француската престолнина, наместо на Олимпискиот стадион, како што е вообичаено. „Имаме уште многу работа да направиме. Имаме уште многу […]

Министерката Стефоска предупредува: Градбите на брегот не смеат да му се повторат на Охридското езеро


Министерката за култура Ирена Стефоска упати јасна порака дека дивоградбите никогаш повеќе не смеат да му се повторат на градот под заштита на УНЕСКО и потсети дека градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски во краткиот мандат успеа да урне голем дел од нив Предупредувањето од Стефоска доаѓа откако кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид, Кирил […]

Поткуп од 1.500 денари за глас на изборите во Кочани


Во полицијата во Кочани е пријавен случај во кој лице давало поткуп од 1.500 денари за глас за вториот круг на локалните избори за градоначалник. Случајот го потврдија од Секторот за внатрешни работи во Штип, при што се истакнува дека во ОВР-Кочани било пријавено дека 53-годишниот Д.С. од Кочани на повеќе лица им дал по […]