ДСЗИ ќе проверува како била лекувана починатата 17-годишна девојка од Сопотница


Фото: Б. Грданоски

Државниот санитарен и здравствен инспекторат почна постапка за да се утврди начинот на кој била лекувана 17-годишната девојка од демирхисарското село Сопотница, која вчера почина на Инфективната клиника.

ДСЗИ започнал вонредна постапка во која ќе се проверува целата патека и лекувањето на малолетничката од матичниот лекар во Демир Хисар, па хоспитализацијата во Битола и завршувањето на Инфективната Клиника во Скопје каде девојката ја изгубила битката со вирусот.

Малолетната девојка била примена на Инфективната клиника во исклучително тешка здравствена состојба, 9 дена по појавата на првите симптоми на вирусот.

Инаку, се работи трета малолетничка која го изгуби животот од коронавирус во нашата земја.