Накитот„Ребека“ спои убави луѓе на убаво место- отворен вториот продажен салон во Ист Гејт мол


Префинетиот накит од Фиренца „Ребека“ синоќа спои убави луѓе, на убаво место, со вкус и стил кои знаат да распознаат италијански дизајн и благородност и македонска благодарност спакувани во луксузна кутија за накит со панделка.

Деловни луѓе, поп-ѕвезди, спортисти, мејк ап артисти, модни дизајнери и стилисти му дадоа ексклузивен тон на ВИП отварањето на вториот продажен салон во Македонија, во новоотворениот Ист гејт мол, по Рамстор мол.

Ива Милошевска со поп-ѕвездата Каролина-заштитно лице на „Ребека“

Сопственичката и менаџер, Ива Милошевска, дипломиран комуниколог и пиар експерт на универзитетот во Рим, примаше честитки и огромни букети цвеќиња за продолжувањето на успешната стилска приказна и по три години –сон на секоја префинета дама и одличен избор за подарок на секој префинет господин. 

Македонија на мапата на производителот на брендот ,,Индустри Тести”, со мрежа од над 1500 продажни места низ светот, ужива високо место како ценета извозна дестинација и пазар на префинети вкусови, па затоа на синоќа во Скопје, по втор пат пристигна и сопственичката и дизајнерка на овој италијански бренд, Ребека Тести.

„Не станува збор само за поставување на ново знаменце во одредена земја или град. Најважни се луѓето, односно не се работи за пронаоѓање на најдоброто место, туку на најдобрите луѓе, најдобрите партнери. Сакам да ѝ се заблагодарам на Ива и нејзиното семејство, затоа што најдовме многу, многу добар партнер… најдобриот партнер! Ива, ти посакувам многу среќа!“ –  изјави синоќа Ребека Тести.

Новиот продажен салон во Ист Гејт Мол, покрај веќе познатите колекции кои се совршена комбинација на гламур и урбана класика, ќе понуди и поексклузивни колекции со злато и дијаманти. (Л.С.)