(Видео) Урнат дел од ѕидот на Кремљ – затворени сите приоди до Црвениот плоштад


Во силно невреме што денеска ја зафати Москва, пропратено со дожд и град, се урна дел од ѕидот на Кремљ. Како што пренесуваат локалните медиуми, силниот ветер уриваше дрвја, расфрлаше канти за ѓубре по улиците и предизвика хаос во градот.   Градските власти ги предупредија жителите да останат во затворени простории, доколку е можно, да […]

Рана детекција на рак на дојка, спасува животи


Неопходно е продолжување на скрининг програмите за рано откривање на ракот на дојка кои веќе две години не се спроведуваат во државава. Треба да се преземат и протоколите од земјите кои спроведуваат скрининг на рак на дојка и начинот на кој се справуваат со пандемијата и со раната дијагностика. Според СЗО, во земјите каде има […]

Уште една велосипедска патека на Водно


Од денес љубителите на велосипедизмот може да уживаат во втората велопатека која е пуштена на Водно. Новата планинска велосипедска патека е долга 3,64 км и широка 3 метри со специјално изработени безбедни свиоци и рампи. На патеката нема пресеци и мешање со пешачки патеки што ја прави многу безбедна. Патеката спаѓа во таканаречената „семејна категорија“. […]

Меркел со благослов за Шолц: Ќе можам мирно да спијам


 Германската канцеларка во змаинување Ангела Меркел ја благослови следната германска коалициска влада, изјавувајќи дека очекува „мирно да спие“ со социјалдемократот Олаф Шолц како нејзин заменик. Меркел се повлекува од политиката по 16 години минати на власт како канцеларка, а нејзиниот конзервативен блок ЦДУ/ЦСУ замина во опозиција откако на минатомесечните парламентарни избори го постигна својот најлош […]

Ангел Димитров: Станува сѐ потешко


Копретседателот на бугарскиот дел на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија, професорот Ангел Димитров, го коментираше 15-от состанок на Комисијата, кој вчера и денеска се одржа онлајн. Димитров на новинарите на брифингот во бугарското Министерство за надворешни работи им рече дека станува сѐ потешко да ги информира […]

СДСМ: Мицкоски призна дека оставката на Ѓорѓиев е негово дело


Дебакл на Мицкоски, не додржа и призна дека оставката на членот на комисијата е негово дело, оценија од СДСМ откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика и останатите членови на Историската комисија да си дадат оставки. -Христијан Мицкоски денеска, случајно или не, призна дека оставката на членот на Комисијата за историски и за образовни прашања помеѓу […]

Членките на НАТО договорија фонд од милијарда долари за нови технологии


Министрите за одбрана од 17 земји членки на НАТО денеска се согласија до јуни следната година да формираат фонд за развој на нови технологии. Фондот за иновации со најмалку една милијарда евра ќе инвестира во технологии што би можеле да се користат во одбраната и безбедноста. -Заедно ќе обезбедиме безбедност за нашите народи во светот […]

ЦДЦ: Многу повеќе Американци добиваат засилувачка вакцина од оние кои се решиле на прва доза


 Бројот на Американци кои добиваат засилувачки вакцини против коронавирус е двојно поголем од бројот на оние кои ја добиваат својата прва доза, покажуваат податоците на Центрите за контрола на болести (ЦДЦ), јави денеска Вашингтон пост.  За изминатата недела заклучно со четврток, дневниот просек на луѓе во САД кои добиле засилувачки вакцини изнесува околу 340.000, додека […]

„Just A Notion”: АББА објави песна од 1978 што досега не сме ја слушнале (видео)


Шведска- Песната „Just A Notion” на АББА е снимена во далечната 1978. година, но никогаш не била објавена. До сега. „Википедија“ вели дека оваа песна е снимена во септември 1978. година, што е точно. Ја става меѓу албумите „ABBA“ и „Voules-Vous“ и таа ќе беше вклучена во вториот (албумот „Voulez-Vous“) ако не се решивме против […]

Бугарските и македонските историчари ништо не договорија


Македонските и бугарските историчари денеска и вчера дискутирааа за повеќе прашања во рамки на 15-тата редовна средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија, што поради пандемијата со коронавирусот се одржа во онлајн формат. Како што брифираат за МИА од македонската страна во Комисијата, на средбата не […]

Нови 411 случаи со Ковид-19, четири починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.209 тестирањe, а регистрирани се 411 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 198, Куманово – 40, Штип – 19, Велес – 18, Кавадарци и Кочани – по 16, Прилеп – 15, Битола – 13, Крива Паланка – 10, Тетово и Радовиш – […]

Украинската национална хероина фатена со лажен сертификат за вакцинација


Украина– Украинската национална хероина Надја Савченко, која некогаш беше приведена во Русија, е фатена со лажна потврда за вакцинација против коронавирус во нејзината земја и и се заканува затворска казна. – Савченко (40) е фатена во Киев со лажен сертификат за вакцинација против Ковид-19, изјави денеска министерот за внатрешни работи Денис Монастирски.   Во земјата […]

Пендаровски од Небрегово: Конески и неговото дело една од нашите вредносни котви кои ни даваат стабилност


Во време кога сите наши потпорни точки се сериозно предизвикани, во време кога се соочуваме со страдање и смрт на глобално ниво, во време кога пандемијата не дистанцираше од другите, често и од самите себеси, нужно е да ја нагласиме важноста на вредносните котви кои ни даваат стабилност во нестабилново опкружување. Една од нашите заеднички […]

МЗ: Вкупно се аплицирани 1.574.184 дози вакцини, а ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани


Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.933 дози вакцини, од кои 483 се аплицирани како прва доза, 1.150 се ревакцинирани, а 3.300 граѓани примиле трета доза вакцина. -Заклучно со 21 октомври вкупно се вакцинирани 800.718 граѓани, ревакцинирани се 767.800, а трета доза примиле 5.666 граѓани. Од популацијата над […]

СЗО: Безбедна е истовремената употреба на вакцините против Ковид-19 и грип


Швајцарија– Истовремената употреба на вакцини против грип и коронавирус е безбедна, покажаа истражувањата за кои денеска во седиштето на СЗО во Женева зборуваше Силви Брајан, директорка на Службата за глобална подготвеност за критични инфекции при Светската здравствена организација. -Постојат неколку студии кои покажуваат дека е безбедно да се даваат двете вакцини истовремено, објасни таа. „Сепак, мора […]

Приштина прогласи за „персона нон грата“ двајца руски дипломати


Косово– Косовската претседателка, Вјоса Османи објави денеска дека, на нејзино барање, Министерството за надворешни работи на Косово прогласило за „персона нон грата“ двајца службеници на Канцеларијата за врски на Руската Федерација во Косово и започнало процедура за нивно протерување од државата, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението од кабинетот на Османи, прогласувањето за непожелни во […]

Четири лица загинаа во невреме со урагански ветар во Полска


Полска – Четири лица го загубија животот, а 18 се повредени во невремето што синоќа ја зафати Полска, а беше проследено со силен ветер со ураганска сила, оставајќи зад себе материјална штета и уништени дрвја во  западниот и централниот дел на земјата, соопштија полските власти. Пожарникарите пријавиле повеќе од 10.000 интервенции и 930 оштетени згради, јави […]

Danke schoen: Обама и се заблагодари на Меркел што ја држеше ЕУ заедно


САД– Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во оддавањето почит на германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, заблагодарувајќи и се што е „сидро во бројни бури“.   Во видео пораката прикажана на нејзиниот последен самит на ЕУ, Обама рече: „Вашиот сакан народ и целиот свет ви должат голема благодарност што […]

Каква инфлација нè очекува – што велат од Светска банка, од Европската комисија и од НБ


За разлика од апокалиптични сценарија на некои од политичарите кај нас, од релевантни меѓународни институции доаѓаат многу посмирувачки тонови   Порастот на инфлација и процените дека таа сепак, нема да се смири толку брзо, сè повеќе ги загрижува обичните луѓе кои погледот секојдневно го насочуваат кон цените во маркетите и кон сметките за комуналии, особено […]

Шведска вознемирена поради убиството на 19-годишниот рапер


Шведска– Шведската хип-хоп ѕвезда Еинар, 19-годишен рапер, беше застрелан во петокот вечерта во Стокхолм, што ја вознемири јавноста во таа скандинавска земја, кадешто се почести се оружените пресметки. Убиството се случи по серијата напади, киднапирања и злосторства во изминативе години кои сведочат за порастот на насилството на малата сцена на шведскиот „гангста рап“ кој понекогаш […]