СДСМ: Мицкоски призна дека оставката на Ѓорѓиев е негово дело


Фото: Б. Грданоски

Дебакл на Мицкоски, не додржа и призна дека оставката на членот на комисијата е негово дело, оценија од СДСМ откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика и останатите членови на Историската комисија да си дадат оставки.

-Христијан Мицкоски денеска, случајно или не, призна дека оставката на членот на Комисијата за историски и за образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија, Ванчо Ѓорѓиев, е негово дело и по негова инструкција.Со повикот до останатите членови на Комисијата и тие да си дадат оставка, Мицкоски се обидува по којзнае кој пат да ги поткопа позициите на државата и да ги влоши односите со Република Бугарија.

И Комисијата и владата ги демантираа лажните вести на Ѓорѓиев за наводни притисоци врз работата, но тоа не го спречува Мицкоски во неговите деструкции.Одамна е прочитано ваквото неодговорно, антинародно и антидржавно однесување на Мицкоски, затоа повторно ќе биде казнет од граѓаните, порачаа од СДСМ.

Претходно Мицкоски  рече дека, ако е вистина „дека некој помеѓу двата изборни круга одлучува да распродава дел од македонскиот идентитет и да ја продава Македонија, на сметка на тоа да опстане политички, јас сум шокиран“.

-Повикувам не само тие политичари што вршат притисок, туку и останатите членови на Историската комисија да ја следат постапката на професорот Ванчо Ѓорѓиев, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.