Повторно високи бројки во Србија – 49 починати


Според официјалните податоци на српското министерство за здравство во последните 24 часа починале уште 49 лица во земјата, а бројот на новозаболени е 6.401. Вкупниот број на починати изнесува 8.631. Бројот на позитивни примероци од тестирањето и натаму е многу висок – 30,3 отсто. На респиратори се 279 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 6.584 лица. […]

Условна казна и 50 евра за дивоградбата кај „Мавровка“


Инвеститорот Алити рекол дека се кае за тоа што го направил и дека не бил свесен за последиците од неговото однесување. Сметал дека со тоа што градел е само обнова на неговиот објект и дека со тоа не врши кривично дело… и ветил дека во иднина нема да го повтори делото Судот, пак, сметал дека […]

Марија Реса – нобеловка на која ѝ се заканува затвор од 6 години


Марија реса од Филипините и Дмитриј Муратов од Русија денеска ја добија Нобеловата награда за мир за напорите вложени да обезбедат слобода на изразување, која е предуслов за демократија и траен мир. „Бес слобода на говорот и новинарство би било тешко да се промовира соработка меѓу нациите“, наведоа од одборот. Која е Марија реса? Марија […]

„Рамсторе“ го отвори третиот маркет во Чаир


Денес,   8-ми Октомври ,  компанијата „Рамсторе” – Македонија отвори нов Рамсторе Експрес маркет, лоциран на улицата Кемал Сејфула бр.14 во Чаир Модерно дизајнираниот „Рамсторе Експрес“ маркет кој е 28. по ред на малопродажниот трговец во земјава, се простира на продажна површина од 650 м2 и располага со дополнителен магацински простор од 160 м2. За услугата […]

ЦУК предупредува на поплави, најголем дел од каналите исчистени


Врнежите во последните неколку дена генерално имаат позитивно влијание и придонесуват за подобрување на хидролошката состојба во земјава и за земјоделските посеви. Центарот за управување со кризи (ЦУК) препорачува внимателно движење покрај суводолици и реки и за да не дојде до појава на поплави ги предупредува надлежните институции и граѓаните да бидат внимателни. Директорот на […]

МЗ: 76 проценти од ковид-позитивните и 81 отсто од хоспитализираните изминативе два месеца не биле вакцинирани


Од вкупниот број позитивни на Ковид-19 регистрирани во изминативе два месеци, 76 проценти или 28 856 граѓани не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 81 отсто, додека само 19 проценти од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата на Министерството за здравство. Како […]

Јога поза за намалување на болките во вратот


Седечкиот начин на живот е сеприсутен во повеќето професии, па дури и кога имаме можност да се движиме, избираме да гледаме во екранот и да продолжуваме да го поминуваме времето седејќи. Последица е болката во вратот, и оваа јога поза значително ќе ја намали. Јога поза која е одлична за да се спротивстави на држењето […]

Техничкото училиште во Битола се реновира прв пат откако е изградено


Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска го посети СОТУ „Ѓорѓи Науммов“ и изврши увид на завршените инфраструктурни активности во училиштето и беше информирана за постапките кои што се во тек и кои што наскоро ќе бидат реализирани. „Само во оваа година општината вложи во средните училишта околу 840.000 евра, а над 420.000 евра во основните […]

Нумерологија: Што значи ако често гледате серија на броеви 333


Нумеролозите веруваат дека повторувачките серии на броеви имаат силна енергија и моќно симболично значење. Општо земено, најголемо значење се дава на низата 111, што е важно навестување, но се смета дека знакот 333 исто така може да претставува дека ве очекуваат значајни промени во животот. Може да забележите серија од три тројки на часовникот, регистарски […]

Што ќе финансира ЕУ во Македонија со 30-те милијарди евра?


Една од главните вести од самитот во Брдо беа 30-те милиајрди помош и грантови што ЕУ ги најави за шестте земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија. Сепак, колку и да звучат моќно милијардите, тие паднаа на втор план во однос на пораката дека нема датум за проширувањето, па и не се знае дали […]

Со младински политики невработеноста на младите намалена од 43,2 на 28,3 проценти


Преку Младинската гаранција и другите младински политики ја намаливме невработеноста кај младите од 43,2 на 28,3 проценти, соопшти денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во обраќањето на 7. Форум за поврзување, што се одржува во Тирана под мотото „Заедно градиме подобар Балкан“. На панелот „Што има за младите во Економско-инвестицискиот план за […]

Еди Рама за „Шпигел“: Ние сме Авганистанците на Европа


„Ние сме како Авганистанците, но Авганистанците од Европа“. Ова го изјави премиерот на Албанија Еди Рама во интервју за германскиот магазин „Шпигел“. Запрашан за фактот дека сѐ уште нема датум за меѓувладина конференција за интеграција во ЕУ, Рама рече: „Не сме разочарани, туку станавме пореални. Денес подобро знаеме како функционира ЕУ. Од Европа учиме како […]

Стужанец зел 105,2 милиони денари плата во 2020 година


Во 2020 година скопјанка остварила најголем годишен доход по сите основи од годишната даночна пријава, највисока плата имал стружанец, тетовец имал најголем доход од игри на среќа, скопјанец најголема пензија, а најмладиот и најстариот милионер со доход остварен од закупнина се на возраст од седум и 96 години, покажуваат податоците од Управата за јавни приходи […]

Аплицирани 1.540.027 дози вакцини, ревакцинирани 44 отсто од полнолетните граѓани


 Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.798 дози вакцини, од кои 745 како прва доза, 1.999 се ревакцинирани, а 54 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство. Заклучно со 7 октомври вкупно се вакцинирани 793.987 граѓани, ревакцинирани се 745.415, а трета доза примиле 625 граѓани. Ревакцинирани се 53 отсто од граѓаните […]

Пристигнаа уште 149 граѓани од Авганистан


Нова група од 149 граѓани од Авганистан пристигна доцна синоќа на Меѓународниот аеродром во Скопје. Како што информираат од владината прес-служба, станува збор за стипендисти на Фондациите Отворено општество и граѓани кои работеле во меѓународните мисии за развој на демократијата во Авганистан, како и членови на нивните семејства. Граѓаните ќе бидат привремено сместени во Скопје […]

Апасиев ја донесе Арсовска пред антикорупционерите


До ДКСК пристигна пријава за нерегуларни трошења на кандидатката за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Данела Арсовска, официјално, е независен кандидат за градоначалник на Град Скопје, со различен број на гласачкото ливче од партијата ВМРО-ДПМНЕ, без склучен договор за коалицирање во изборниот процес. Тоа значи дека, согласно Изборниот законик, на Арсовска […]

Отворен деветтиот Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“


Во тек е првиот ден од деветтиот Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“. Во Младинскиот културен центар и во Кинотеката учесниците ги гледаат првите филмови и почнаа со работилниците што ги избраа. Италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри во 16 часот ќе одржи предавање на тема „Дали цртаните и стрипот можат да се користат во пропаганда?“, а […]

Ивајло Дичев: Компромисот е можен со една разумна бугарска влада


„Сите овие приказни за страшниот притисок под кој се наоѓаме е со единствена цел да ги величаме нашите политичари, кои би требало да го издржат“, вели антропологот Ивајло Дичев   Познатиот бугарски антрополог и аналитичар, Ивајло Дичев, вели дека излезот од ќор-сокакот на „македонската улица“ во која Бугарија сама влегла, е во почитување на човековите […]

Французин тргна пеш на пат околу светот


Откако доживеал несреќа во 2020 година, поради што неколку месеци бил в болница, 26-годишниот Французин Солал Хон одлучи да го исполни долгогодишниот свој сон и да го обиколи светот пешки. Тој тргна во јуни оваа година, а сега престојува на планината Прењ во Босна и Херцеговина. – Минатата година паднав од балкон, висок шест метри, […]

Лукаревска: Дури 5.713 обврзници немаат исплатено плати на вкупно 14.829 вработени


Годинава, заклучно со 4 октомври, 5.713 обврзници немаат исплатено плати на вкупно 14.829 вработени, информира директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска. – До сите овие обврзници се доставени опомени и согласно нашиот календар на активности – денеска или првиот работен ден по празникот, ќе треба да бидат доставени и блокади, рече Лукаревска […]